Ски патеки на Водно

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
1. Не ми е јасно сето ова, стварно... Да се направи ски центар (како што пишува во официјалното објаснување на проектот) или еве и ски патека нека е, треба огромнааа инвестиција (за пари мислам), да не збораме колку и дали тоа ни треба и колку може да биде во функција.
2. Прочитав дека ова било добра идеја зато шо ќе се скратело патувањето од 50 километри за скијање. Во некој дел ДА, но дали вреди овде да се тупнат милиониии евра, за ти да скратиш од 50 на 15 километри, а со тие пари можат да се подобрат СИТЕ ски центри во Македонија.
3. Како надоврзување на погорното. До пред 10тина година цел Лерин и останатиот дел од Грција што е блиску до Битола, одеше на скијање Копанки и Нижо Поле. Сега, цела Битола оди Лерин на скијање. Проблемот- Нижо Поле и така е целосно запустено, ништо не е инвестирано можжеби 20 години, т.е. од кога е направена и самата стаза, а последниве 2 години НЕ ни работи воопшто. Чиста среќа што Копанки почна да го работи ЕЛЕМ, па со минимална инвестиција од менување на сајла (зато шо жичарата не работеше добри 4-5 години, а и тука како и во Нижо Поле не е инвестирано НИШТО долгиии години). Пелистер или Баба планина, е планина со врв од 2600 метри. Постојат многу можни терени на кои шо можи да се направи ски центар кој ќе биди во рангот од европските, познати ски центри. Ете, да не бидам толку пребирлив - со некоја смешна инвестиција, во споредба со НОВАВА за Водно, може да се купи еден четворо-сед и да се смени жичарата на Копанки, кој ќе оди од долу до најгоре (кај што завршува ски лифтот - знаат сите што биле на Копанки) со една меѓустаница кај домот и уште еден ратрак е СОСЕМА ДОВОЛНО. Да не зборувам што патот е пропаднат на еден дел веќе 2-3 години и никој не се ангажира да го санира.
 
Еве уште еден текст од дневен печат. И, евтино...:) ццццц...


Цело Водно со вештачки снег за 150.000 евра
Од градот велат дека скијачкиот комплекс ќе ги задоволи највисоките светски стандарди - ќе содржи четири ски-патеки со вкупна должина од 3.850 метри, три ски-лифта, два подвижни теписи и еден ресторан

Водно од наредната година ќе биде наш снежен бисер, ќе изобилува со мноштво активности: скијање, бордање, санкање. Дури и да нема снег, сето ова може да се направи со вештачки снег, за што на Водно му се потребни шест топа, за да ги наснежи четирите ски-патеки. Мислењата на граѓаните се поделени, некои велат дека е одлично промовирање на градот, а други, пак, дека финансиите ќе бидат залудно потрошени. Од градот велат дека скијачкиот комплекс ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид објекти. Комплексот ќе содржи четири ски-патеки со вкупна должина од 3.850 метри, три ски-лифта, два подвижни теписи, еден ресторан. Ќе има административна зграда со ресторан, ски-рента и ски-школа. Предвидени се и изградба на технички објект, гаража за ратрак и моторни санки со сервис, прва помош, пумпна станица за системот за технички снег, ски-патрола, магацин за разновидна опрема, како и акумулација за вода и систем за технички снег. Професионалците во скијање велат дека ова е профитабилна инвестиција и дека е одлична перспектива за младите скијачи.

„Смешна“ инвестиција
За скијачите овој проект е од огромно значење за развој на професионалниот и рекреативниот спорт, како и за развој на туризмот.

- Овој проект, според мене, како претседател на скијачки клуб, тренер и вљубеник на зимскиот спорт, е одличен. Има многу скијачки комплекси што се на пониска надморска височина од Водно, па се одржливи. Ова ќе биде одлична перспектива, тоа се градски патеки за млади скијачи и за рекреативци - ни изјави Александар Атанасовски, претседател на алпскиот скијачки клуб Скади.

Дилема кај граѓаните се создаде поради температурата што преовладува во Скопје, сомневањата дека вештачкиот снег не ќе може да опстои повеќе од една недела и дека се работи за скапа инвестиција
- Инвестицијата е „смешна“, бидејќи колку повеќе се вложува, толку и се враќа. Тоа е профитабилна инвестиција. На Водно му се потребни шест топа со вештачки снег. А еден половен топ со вештачки снег изнесува до 25 илјади евра. Тоа е долгорочна инвестиција, бидејќи добро зачуваните половни топови траат од 10 до 15 години - вели Атанасовски.

Вештачкиот снег може да се одржи само во минусните температури, што значи дека снег може да има исклучиво во зимскиот период. Треба да се постават машини за вештачки снег, водни топови и потребно е два-три дена да заснежи, па потоа со ратрак за се измазни снегот.

- Траењето на вештачкиот снег е во зависност од температурата. Ако има минусни температури, ќе трае вештачкиот снег преку цела зима, само ќе треба да се прави минимален дотур на снег, голем плус е и ако има и природен снег. Но доколку температурите бидат над нулата, снегот ќе се стопи и за два-три дена - објаснува Атанасовски.
 
а види мајката ова зимо скопје дали 5 дена имаше денски под 0 температури.. цело време е над 0.. вчера па дури 15 се качи... во сред јануари...
 
А со гужвата по скапаното уличе со 2 ленти што правиме? Со хелиХоптер ќе одиме на водно? Кој бил на водно во првата топла пролетна недела знае за што зборам...
 
А со гужвата по скапаното уличе со 2 ленти што правиме? Со хелиХоптер ќе одиме на водно? Кој бил на водно во првата топла пролетна недела знае за што зборам...
Бар за ова да се надеваме дека ќе се среди, само се плашам после да не го снема Водно од ски патеки, згради, улици...
 
а види мајката ова зимо скопје дали 5 дена имаше денски под 0 температури.. цело време е над 0.. вчера па дури 15 се качи... во сред јануари...

Погледни го Загреб и планината Сјеме која е може и помала од водно се одржуваат ФИС скијачки купови секоја година од највисок ранк и тоа на вештачки снег. Традиција си имаат тие а дека може на вештачки секако дека може бидејќи постои технологија. Ова е уште еден напредок за Скопје и за Македонија ако се изгради.
 
Погледни го Загреб и планината Сјеме која е може и помала од водно се одржуваат ФИС скијачки купови секоја година од највисок ранк и тоа на вештачки снег. Традиција си имаат тие а дека може на вештачки секако дека може бидејќи постои технологија. Ова е уште еден напредок за Скопје и за Македонија ако се изгради.

Aко свртеше 3 страни наназад...
Јака ти е споредбата. Колку е Скопје појужно од Загреб... Колку шо знам, Сљеме е дел од источните Али. Патем провери дали покрај Загреб течи некоја река од калибарот на Вардар, по која константно дува јужен ветер и носи топли бранови.
 
Aко свртеше 3 страни наназад...

Епа очигледно не си во право, Сјеме не е дел од Алпите тие завршуваат во Словенија а оди види на нет температури. А не знам ти што го направи Вардар како да е Дунав. Поред Загреб тече Сава која е далеку поголема во тој дел од Вардар. Сепак температурите во Загреб не се многу помали во овој дел од годината, како што кажав во Загреб сега после нова година кога се одржуваше женскиот куп не само што немаше снег него беше температурата над 5 степени.
 
Епа очигледно не си во право, Сјеме не е дел од Алпите тие завршуваат во Словенија а оди види на нет температури. А не знам ти што го направи Вардар како да е Дунав. Поред Загреб тече Сава која е далеку поголема во тој дел од Вардар. Сепак температурите во Загреб не се многу помали во овој дел од годината,
E aрно де... можи и така е.

како што кажав во Загреб сега после нова година кога се одржуваше женскиот куп не само што немаше снег него беше температурата над 5 степени.
Toп. Можи и носеја снег со камиони од околината. Ај сега види колку снег има моментално на водно. Чисто за споредба, на Сљеме има 82 цм снег.

Уствари не. Се бара податок некој да ископа дали некогаш имало 80 цм снег на водно? И кога?
 
А со гужвата по скапаното уличе со 2 ленти што правиме? Со хелиХоптер ќе одиме на водно? Кој бил на водно во првата топла пролетна недела знае за што зборам...

Тој проблем може лесно да се реши со жичара од кај полицијата некаде па до средно.

Идејата е топ и се може да се постигне само што мора да не фукнционира на македонски принцип. Ако планираат озбилно да се работи тогаш ќе биде топ инвестиција што ќе ја извадат уште во првата година.
 
Од Скопје сум, идеава е жива глупост. Кај има снег на Водно бе за ски-патека? Од цела зима, дали 2-3 недели ќе има снег вкупно. Глејте ги температуриве надвор, џабе ќе биде. Плус, целиот систем за правење снег е премногу скап, и треба многу параметри да бидат погодени за да биде оптимално. Во спротивно, џабе фрлени пари. Како што кажа некој друг, колку места имаат потенцијал, место нив да ги средат они на Водно ќе правеле патека...:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom