Скопјани ќе добијат ски- патека на Водно
Целта е, соопшти денеска Градот Скопје, унапредување на економскиот и општествениот развој на Скопје, како и подобрување на инвестициската клима во туристичкиот сектор и развој на градот како културно – историски и спортско – рекреативен туристички центар, една од долгорочните визии и цели на Градот Скопје е изградба на современ и модерен скијачки комплекс на планината Водно којшто ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти.
канал5
Градот Скопје го распиша јавниот повик за доделување договор за воспоставување јавно- приватно партнерство за изградба, управување, користење и одржување на ски- патека на Водно.

Договорот за јавно - приватно партнерство ќе се воспостави како концесија за јавна работа и се склучува за период од 25 години, сметано од денот на неговото потпишување. Целта е, соопшти денеска Градот Скопје, унапредување на економскиот и општествениот развој на Скопје, како и подобрување на инвестициската клима во туристичкиот сектор и развој на градот како културно – историски и спортско – рекреативен туристички центар, една од долгорочните визии и цели на Градот Скопје е изградба на современ и модерен скијачки комплекс на планината Водно којшто ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти.
канал5