Не бива...
Тоа би било случај кога физичкото лице - закупец авансно би го плаќал данокот (слично како правните), па кога ќе дојде време за даночна пријава на закуподавачот ќе му биде потребна потврда дека тој и тој му исплатил толку и толку пари на име закупнина и толку и толку пари платил данок, за да УЈП не го задолжи закуподавачот. А тоа како физичко лице закупецот неможе да го направи, т.е да издаде потврда.
Опција е да го плаќа данокот како што велиш, во име и за сметка на закупецот, ама тоа ќе мора да го направи на ПП-50 со име и ЕМБГ на закуподавачот, за да кај УЈП се прокнижи уплатата таму кајшто треба, и кога ќе му дојде време да си плати данокот, едноставно, веќе ќе му биде платен, па пак ќе добие решение на 0 денари.
Секое друго плаќање на данокот од страна на закупецот, подоцна кај УЈП ќе мора да биде регулирано со цесија, бидејќи уплатениот данок ќе оди на сметка на оној кој уплаќа.
И, за крај, наједноставната опција:
Дојде решението за ПДД, дај му го на закупецот, и да ти врати доказ за уплата