Сите ракети на една слика

  • Креатор на темата Креатор на темата ^X^
  • Време на започнување Време на започнување

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
На сликава се прикажани сите денешни активни ракети во размер, како и оние кои што наскоро ќе се најдат во употреба. Прикажана е и нивната носивост во ниска орбита.
hOJWD.jpg
 
што ме информираш,ајде бе
за ракети ми збориш,а ние сигурно 90% не сме биле
ни на небото,а некои има уште и на газиена ламба,
но добро бар да ги видиме на слика како изгледаат,
како што и за некој Њујорк е тоа што е на слика,
а за многумина моја генерација и Скопје2014,ќе им
биде само од слика,не ќе имат можност да го видат.
 
Anco да ти пратам пари за една повратна до скопје, ако неможам да ти помогнам за во вселената.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Стварно убаво...
Сите досегашни направи за одење во вселената - базираат на пинципите на Циолковски - млазната пропулзија
http://en.wikipedia.org/wiki/Spacecraft_propulsion


Што мислите дали има некој друг физички принцип кој може да ја замени млазната пропузија
 
Да има и други начини, дел од нив се далеку од реализација и спаѓаат во доменот на СФ. Во линкот што го постираше се опишани.

Систем кој што се користи и денес а е алтернатива на постоечкиот е користењето на големи авиони кој што се користат како платформа за лансирање на ракети. Пр. Пегаз и Б92.
http://forum.kajgana.com/threads/Огромен-авион-како-носач-на-ракета.56683/

Или пак Скајлон кој што би трабало да го користи околниот воздух за согорување, односно нема потреба да носи оксидант со што се заштедува на тежина.
http://en.wikipedia.org/wiki/Skylon_(spacecraft)

Исто така интересен е и концептот на користење на огромен топ со цел да се постигне орбитална брзина (Проектот ХАРП).
http://en.wikipedia.org/wiki/Project_HARP

Нуклеарна пропулзија е исто така многу интересен концепт. Таков е проектот Орион кај кој потисокот го создава ударниот талас од експлозиите од мини атомски бомби кој што би се исфрлале од бродот.
http://en.wikipedia.org/wiki/Project_Orion_(nuclear_propulsion)

Технологијата за ваков погон ни е достапна и денес, но секако проблем е тоа што се користат нуклеарни експлозии со сите последици кои што од нив произлегуваат. Орион бил реален проект на кој што се работело во 50-тите години на минатиот век.
Но 1963 стапува на сила забраната за тестирање на нуклеарно оружје во атмосверата и проектот е напуштен.
1959 е лансиран прототип со маса над 100 кг, намсето мини атомски бомби користен е Ц4 експлозив и е постигата висина од околу 50 метри. Не е нешто инпресивно но ова ланстирање ја покажува исправноста на концептот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom