ОК, сега, ако збориме за архитектура и надворешен изглед на црквите (што очигледно не збориме), тогаш, имаме прекрасни цркви

Посебно Охрид... неверојатно добри цркви, дефинитивно
Ама, ако збориме за црквата како институција... тогаш, не сакам ни да коментирам. Црквата ни од никогаш не ме привлекувала на ниеден начин. Иако сум дете на дедо свештеник...

Ете, можеби ова ќе би звучи чудно со оглед на моите постови на темата за Исус, ама ајде
Значи од кога знам за себе сум во црква и постам во петок и среда, т.е. тоа беше пред да почнам да размислувам со сопствен памет

и ги знам сите обичаи, не морам да споменувам дека сум идела и на часови во веронаука.. и све тоа...
И што да кажам... само ќе го споменам случајот со Зоран Вранишковски, или ако некој сеуште сака да го нарече Владиката Јован, колку не треба МПЦ да се меша во политиката. Сеуште мислам дека не треба и Митрополитот да биде во Собранието кога се формира Владата! и едноставно не треба никаде да се појавува како фигура, затпа што навистина нема никаква функција...освен на црковни празници.
А Црквата како градба, може да ја искористи секој што сака, малку мир и тишина и да запали свеќа ако тоа му значи нешто... А да бидеме реални, 80% од нашево населените иде во Црква за Велигден, за Божиќ и кога има проблеми во животот...