Национализација на шпанските електрани во Боливија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
ОК, со ова можам да се согласам. Корупцијата, многу повеќе зависи од други фактори и има многу мала корелација со промени во сопственоста, принципиелно.

Ама ја ја спомнав зошто многу често се појавува како секундарна последица, во ситуации кога државни службеници одлучуваат за алокација на некои добра или ресурси. Не мора да значи дека секогаш е така, ама во практиката често е. Имаат, ко што викаат англичаните incentive, зошто си ја тргуваат позицијата, позиција од која можат да прават арбитрарна алокација на некои многу неопходни или вредни добра (гас, нафта, енергија, природни ресурси исл.), за некоја матерјална корист(цената- кој ќе даде највисока корупција).Споредено со кои се можните казни или трошоци, ретко кој одолева да искористи таква ситуација. (освен Кина, таму се лоши:D, ама пак имаат големи проблеми).
За ефикасноста, си останувам на своето. Во 90% од случаите продуктивната ефикасност се зголемува. Има проста логика на интерес позади тоа. Кога доволно добро може да се присвојат придобивките од приватно обезбедување на овие јавни добра, скоро секогаш државата нема да може да се рамни со приватњаците.
Имаат подобри корпоративни модели, подобра организација, подобар мотив и се побескруполозни.
Единствено во некои ретки случаеви кога државата може да понуди супериорен кадар што никој друг нема да може го има и што ќе бидат неверојатно ефикасни и ќе имаат некоја сатсифакција од тоа претпријатието да работи на најдобар можен начин.

Она што секогаш е проблем е дистрибуцијата, вклучително и кај нас. Тука се кршат копјата, зошто ако имаш приватизирано претпријатие што е недоволно добро регулирано или има лоша основа за да се регулира (пак најчесто резултат на корупција кај регулаторните тела или тие што ги потпишуваат договорите), нема ни дистрибуцијата да биде ефикасна, а тоа води кон создавање на блиски форми на монополи, од кои најмногу го јадат стапот граѓаните.
Али за жал никој на ова не се фокусира, туку на обемот. Од кај бил тој што крадел, а не зошто може да се краде.
Не знам дали учествуваше во Протестите АМАН, јас учествував од почеток до крај.
За што се работи:
Регулаторните комисии се номинално независни и работа наводно во интерес на потрошувачите односно граѓаните.
Компаниите чија дејност таа наводно ја регулира се моќни, богати меѓународни компаниии.
Таквите Регулаторни комисија лесно потпаѓаат до влиание на овие моќни и богати компании
Таков е случај кај нас.
Ако ја следеше расправата во Собранието околу интерпелацијата на претседателот на Регилаторна ќе видеше дека таму никој не го бранеше или напаѓаше председателот, туку меѓусебно се кара кој колку штета нанел на Македонија.
Што значи такво нешто е можно ако државата е силна, ако силно функционира законодавната, судската и извршната власт.
И ние сега плаќаме нај скапа струја и нај скапо парно и ако се исклучиме мораме да им плаќаме на таквите компании за ништо.
Што значи државата ја губи својата основна функција, наместо да ги заштитува човековите права, таа ги штити профитите на тие богати компании кои вршат угнетување.
Таквата пракса го руши правниот поредок.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom