@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Германија
Во цел свет има различни обичаи со кои луѓето ја испраќаат старата и ја пречекуваат новата година. Обичаите за среќа играат важна улога. Во Германија луѓето си подаруваат фигури на оџачари и на прасиња, или пак - топат олово. Загреаното олово го фрлаат во ладна вода. Притоа се создаваат форми кои, според верувањето, ја претскажуваат иднината.
Шпанија
Во Шпанија на 31 декември насекаде се продава грозје. Дванаесет зрна грозје треба да се изедат точно на полноќ, по едно на секое од 12-те отчукувања на камбаните. Зрната треба да бидат изедени додека запре отчукувањето, или во спротивно се заканува несреќа. Освен тоа, жените таа ноќ носат црвена долна облека за во новата година да цути љубовта.
Гејлада
Гејците во ноќта спроти Нова година играат карти за пари. Оној што ќе победи не мора да се грижи за финансиите во новата година. Кој ќе загуби, немал среќа. Но има втора шанса. Оној што ќе ја најде паричката во новогодишната пита, ќе има среќа цела година. Гејците фрлаат и калинки на земја - тоа според верувањето носи богатство и среќа.
Бразил
Бразилците негуваат многу традиции поврзани со среќата и доаѓањето на новата година. На Нова година луѓето се собираат на плажа и скокаат над седум бранови. Тие носат бела облека, затоа што таа носи среќа, а бојата на долната облека е израз на тоа што си посакуваат во новата година. Црвена значи љубов, бела - мир, а жолта - пари.
Чиле
Во Чиле шампањското на полноќ на Нова година не смее да се истура невнимателно, зашто на дното од шишето има прстен кој наводно носи среќа и благосостојба. Многу Чилеанци палат кукла од стари алишта, во чиј џеб има список на сите неуспеси од годината што минува. На полноќ куклата се гори, а со нејзе се горат и неуспесите.
Мексико
Во Мексико, луѓето на полноќ, додека часовникот отчукува 12 пати, се шетаат со куфери по улиците, или вртат околу куќата, што наводно ветува патување во новата година. Среќа носи и метењето на тротоарот и приодот до куќата, по што метлата се гори, за да се изгори сета нечистотија од старата година.
--- надополнето: 29 декември 2012 во 20:56 ---
Аргентина
Многу фирми во Аргентина на крајот на годината се ослободуваат од товарот на изминатите 12 месеци. На први јануари старите документи и акти се уништуваат и се фрлаат од прозорците, така што целиот ден изгледа како да врне снег. Жените носат долна облека со розева боја, за во новата година да имаат среќа во љубовта.
Јапонија
Во Јапонија Нова година е ден на кој се плаќаат долговите и се враќаат позајмиците, за во новата година да се влезе без долгови. Среќа носи и јапонската мачка што мавта, Манеки Неко. Ако мавта надесно, тоа значи благосостојба, ако мавта со левата шепа, тоа значи среќа.
Русија
Русите ја слават Нова година како што Германците го слават Божик - со подароци под елката. Како амајлии за среќа си ги подаруваат животните кои се симболи во кинескиот календар. 2013-та година е година на змијата. Оној што посакува среќа подарува змија од плиш и се облекува во облека која „сјае“ особено многу, за змијата да биде задоволна.
Колумбија
Во Колумбија луѓето на Нова година легнуваат во када, но не за да се бањаат, туку да „наполнат“ среќа. Кадата е полна со ливчиња од рози. Розата значи и богатство и задоволство. Освен тоа, се јадат и 12 зрна леќа, за во новата година да се живее во изобилство.