Повеќе од половината Британци се за излегување од ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Сите разбират колко са зависни от обштиот пазар и един от друг.

Ама тоа не ми беше прашањето.

Ти спомна дека сите сакаат, но немаат муда за да излезат од ЕУ, а моето прашање беше:

Дали кастрацијата и екстрактирањето на тестисите е еден од условите за полноправно членство во ЕУ ?
 
Ама тоа не ми беше прашањето.

Ти спомна дека сите сакаат, но немаат муда за да излезат од ЕУ, а моето прашање беше:

Дали кастрацијата и екстрактирањето на тестисите е еден од условите за полноправно членство во ЕУ ?
А,моja отговор беше: Не
 
БРИТАНЦИТЕ БИ СЕ ИЗОЛИРАЛЕ ОД ЕВРОПА

09 мај 2013
Лосон: ЕУ е бирократско чудовиште, да бегаме оттаму!


Освен европските регулативи кои не им се допаѓаат на Британците, не им се допаѓа ни населувањето странци на Островот. Вчера кралицата Елизабета во Парламентот најави дополнителни построги мерки за имигрантите

0A65FD2C282BBA4AB7DD66BBA976702E.jpg
Најџел Лосон, висок член на британската Конзервативна партија и поранешен министер за финансии во владата на Маргарет Тачер изјави дека Велика Британија треба да излезе од Европската унија. Тој смета дека штетата од тоа би била значително поскромна од економската корист. Во текстот за Тајмс Лосон вели дека ЕУ се претворила во "бирократско чудовиште".

Поранешниот министер, кој гласаше за останување на Велика Британија во ЕУ на референдумот во 1975 година, сега оценува дека излегувањето од Унијата ќе го спаси британскиот финансиски сектор од воведување на низа европски регулативи. Тој истакнува и дека ветувањето на премиерот Дејвид Камерон за преразгледување на условите за членство на Велика Британија во ЕУ, а по 2017 година да се распише референдум, ќе доведе само до незначителни отстапки од страна на Брисел.
Освен европските регулативи кои не им се допаѓаат на Британците, не им се допаѓа ни населувањето странци на Островот. Имено, Дејли мејл објави дека по присоединувањето на неколку источноевропски земји кон Европската унија во 2004 година, во Велика Британија влегле "толку многу имигранти што властите не успеале ниту да ги пребројат". За прв пат националната статистика, во свој извештај, признава дека станува збор за мигранти од Централна и Источна Европа, чиј број бил потценет. Но затоа успеале да пребројат дека во Англија и Велс живеат 464.000 лица повеќе од првичните проценки. Британија стравува од нов бран имиграција од источна Европа откако в година и Романија и Бугарија ќе се приклучат кон заедничкиот европски пазар на работна сила.

Инаку, анкета на Би-Би-Си минатата недела покажа дека над осум отсто од Романците и 14 отсто од Бугарите би размислиле дали да мигрираат во Велика Британија.
Вчера, пак, британската кралица Елизабета во својот говор во Парламентот во Лондон, со кој формално започна новата парламентарна сесија, најави дополнителни построги мерки за имигрантите. Со новите мерки, илегалните имигранти кои престојуваат и работат без работна дозвола, не ќе може повеќе да добиваат британска возачка дозвола, додека работодавачите ќе мора да го проверуваат станарскиот статус на странците пред да ги вработат. Министрите веруваат дека овие мерки може да претставуваат брана за странците, затоа што "илегалците" со добивањето на возачки дозволи на "мала врата" успеваа да го "легализираат" својот статус, затоа што во Велика Британија, каде нема лични карти, возачката дозвола е многу често валиден документ со кој се уредуваат другите документи.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C30A2C4BEA7DB44C9FED9865CB7DF63E
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom