Повеќе од половината Британци се за излегување од ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
четврток, 27 декември 2012, 19:55
Повеќе од половината Британци се за излегување од ЕУ

Според најновото социлошко истражување на Ај-Си-Ем, 51 отсто од Британците се за излегување на земјата од ЕУ, а 40 отсто би сакале да остане членка на Унијата
27122012195516_Great-Britain.jpg
Овие податоци се добиени во истражувањето нарачано од весникот „Гардиан“.
Истражувањето покажало дека се настанати сериозни промени во расположението на Британците во споредба со периодот од пред десет години, кога 68 отсто од анкетираните сакале да останат во ЕУ, а 19 проценти биле за излегување.
Минатата година соодност бил 40 отсто (за останување) наспроти 49 отсто (за излегување).
Односот кон ЕУ се објаснува со повеќемесечната актуелна криза во еврозоната, што е следена од стравувањата поврзани со евентуалниот крах на заедничката валута.
Британските парламентарци бараат премиерот Дејвид Камерон да организира референдум за судбината на членството на земјата во ЕУ. На почетокот на новата година премиерот ќе оддржи говор за односите меѓу Велика Британија и континентална Европа.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11973
петок, 28 декември 2012, 08:57

Европа

Ромпуј: Британија со излегувањето од ЕУ ќе замине во пустина
Британскиот премиер Дејвид Камерон ја загрозува иднината на ЕУ, предупреди претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј во интервју за британскиот весник „Гардијан“
28122012085744_dejvid%20kameron.jpg
Ромпуј алудира на обидите на Камерон за враќање на некои од овластувањата на Брисел на Лондон. Минатиот месец под притисок на евроскептиците во партијата британскиот премиер изјави дека поддржува членство на Велика Британија во ЕУ, но дека сака нов европски договор кој вклучува постапка за исклучување на Лондон од некои клучни проблеми.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11976

Претседателот на Европскиот совет сега за првпат официјално реагираше на изјавите на Камерон.

- Ако секоја членка има можност да прави избор од актуелните европски политики, да прифаќа едни или да отфрла други, кои не и се допаѓаат толку многу, тоа унијата во целина и особено единствениот пазар ќе ги распадне многу брзо, истакна Ромпуј.

Според него предложените од Камерон промени во европските договори ќе се поврзат со долги и тешки постапки, за кои е потребна едногласност од сите 27 земји членки.

Анкетите покажуваат дека Британците се повеќе се за целосно излегување на Велика Британија од ЕУ, што ја сметаат за институција која се меша во внатрешните работи на земјата и троши пари, додека на Британците им се наметнуваат мерки за штедење.

Во интервјуто за „Гардијан“ Ромпуј истакна дека доколку Велика Британија одлучи да ја напушти ЕУ тогаш тоа ќе биде исто како пријател да замине во пустина. Велика Британија е членка на ЕУ од 1973 година, но не е дел од еврозоната, пренесе МИА.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11976
 
Баш ме занима како сама 60 милионска Британија, која не може ни во самата ЕУ да биде главен играч, ќе конкурира на америте и кинезите......башка што и шкотите веќе не сакаат со нив да бидат,северна ирска се повеќе и повеќе е католичка......
Они уште од пред да се приклучат на ЕУ беа против тоа.....само кога видоа дека не им иде баш добро сами се приклучија.
Од секогаш биле малце повеќе арогантни и мислат дека сеуште е викторијанската ера и дека Британија е центар на светот.Не се навикнати сеуште на тоа дека они не се главна фаца во светот и дека не може што сакаат да прават,дека ако сакаат да соработуваат со некого и ќе мора нешто и да дадат.
 
Има нафта! Затоа се курчат!

Инаку се презадолжени, ја незнам како само издржуваат!
 
Има нафта! Затоа се курчат!

Инаку се презадолжени, ја незнам како само издржуваат!
Која нафта ?
Тaа што ја копаат кај Норвешка ? Шкотите ако се осамостојуваат ќе можат да ги поебат убаво таму....

Нека му ја мислат дека е ова 1900 година и дека сами против сите ќе можат......
Ќе ги изедат живи и Европа (која и без нив е пак огромен и силен играч) и Кина и САД и азиските тигри.....
Ова што јадат бурек против ЕУ не е ништо друго него неприфаќање на фактот дека веќе не се они главна фаца во светот и дека не можат да диктираат кој што да прави.
Башка немаш поим колку ги пече тоа што швабите ги јадат во секој сегмент и тие ја држат ЕУ......

Иначе задолженоста не е никаков проблем,ако позајмените пари се трошат на нешто корисно.....
 
Колку сакаат нека бидат против нивното членство во ЕУ, се додека не се одржи референдум на кој Британците ќе гласаат за или против излегување од ЕУ, тие ќе си останат во ЕУ и ќе си трпат.

За волја на вистината, на Британците и не им е толку тешко како што некој може да си замисли, со исклучок на студентите, за кои факултетот станува луксуз поради повисоките школарини и останати трошоци.

Британците сакаат да бидат богата и успешна нација, е па богатството и успехот си имаат своја цена, цена која Британците ќе мораат да ја платат, без разлика дали ќе останат во ЕУ или ќе излезат од ЕУ.

Нивниот животен стандард е доволно висок за ич да не им е гајле што прават евробирократите во Брисел, воопшто не им е тешко за да им се појави грижа и интерес за правецот во кој се движи нивната држава на политички и на економски план.

А можеби се подготвуваат за нова војна против Аргентина поради Фолкландските острови, па затоа попрво би останале во ЕУ, бидејќи би им притребала финансиска помош од ЕУ за да ја финансираат војната, отколку да излезат од ЕУ и сами да си ја финансираат војната против Аргентинците.
 
Читам некој коментари и се чудам колку елементарно непознавање имате на некој работи. Велика Британија за разлика од многу држави кога носи одлука гледа 100 години нанапред. Кога сите се тепаа пред 10 години да ги заменат своите национални валути со евро. Британија одби си ја задржа фунтата. Одлуката се покажа корисна не дава милијарди за да спасува банкротирани земји на еврозоната. Британската економија во следните 20 години ќе биде поголема од Германската економија. Велика Британија секат бил прв сојузник на Америка а не на Германија и Франција. На Велика Британија и САД не и одговара четврти рајх овој пат економски не воено добиен. А дека Британците ќе го слушаат Берлин што да прави тоа во некој друг филм во некој друг свет. Велика Британија може лесно да ја напушти Еу и да влезе во Ефта која има економски статус како Еу во однос на царини квоти слободна трговија итн. А членки на Ефта се Исланд,Лихтенштајн,Норвешка,Швајцарија.И мука немаат во економските односи со еу кој се толку либерализирани што имаат речиси еднаков третман како да се членки на европската унија. Така да за Британија не се секирајте. Инаку јас повеќе би сакал да станеме членка на Ефта отколку на Еу. Во Ефта на иста маса ќе седам со Норвешка,Лихтенштајн.Швајцарија,Исланд (улта богати држави) а е во еу каде што со Бугарија,Романија;грција и остало срање треба да седам на иста маса а башка пола еврозона им е пред банкрот. Доста беше од мене солење памет:)
 
ЈуКеј има избор, доста едноставен:

Дали ќе се европеизира или балканизира. Еден од тие два процеси ќе се случат на Британските острови, па што ке биде, ке видиме.

Инаку, не е толку неопходна членка на ЕУ. ЕУ ке си биде, дали само континенталниот дел, или сосе островиве (ко ЈУКЕЈ и Исланд), не е битно.

Поарно за препотентниве да се приклучат во ЕУ, иако се изнемоштениот брат на ЈУЕСЕЈ. ГИ сфаќам, ама...
 
Си ја имаат Британците таа арогантност и надменост уште во нив, кога се работи за тоа како ги доживуваат другите и кое им е местото во светот. Чуството дека другите треба да ги молат и прашуваат нив кога носат одлуки.
Тоа е некоја жичка на латентен империјализам во генералната популација. А и не е чудо, зошто тоа им е дел од политичката традиција и работите за кои историски се гордеат како општество, како цивилизација. Онаа просветителска, мисионерска улога во светот, што според нив, нивната им мила Империја ја имала во минатото (голем период и вистина ја имала).
Така да не е тешко во било кое време политичари да играат на таа карта кај населението. Среќа што интелектуалното ниво во земјата им е многу високо, па се што им е поврзано со вакви "јавни" теми, секогаш критички се разгледува, за разлика од голем дел од земјите по светот каде само се урла погласно тоа што некој политичар го кажал.
Плус тој англосаксонски идентитет е многу истакнат. Тоа стално им виси во позадина, дека со Европјаниве се сакаме ради корист, а со Американците се сакаме зошто сме исти. И пак, ништо чудно, зошто нивната култура и пример јужњачкава култура во Европа се како ден и ноќ.

Мада, се поголемава популарност на евроскептицизмот и оградувањето од континентална Европа, мислам имаат друг мотив позади себе. А и тоа што е застапено кај скоро сите политички опции, во поголем или помал степен, го потврдува тоа. Мотивот е тоа што си ја штитат финасиската индустрија, која во последно време е единствено нешто што работи како што треба кај нив. На нејзе отпаѓа околу 15 % од БДП, ако не сум грешка и плус им влага во визијата и на конзервативците, со тоа ќе го праиме Лондон финансиски центар на светот како пред 100 години и се ќе се контролира од тука, ќе станеме Швајцарија на светот, а и на другиве во нешто поумерена верзија. Нормално за моќта на финансиското лоби не треба ни да се зборува.
Британија и уште кога влезе во Еу, имаше јасна агенда. Она никогаш немала у план некаква идна обединета Европа, туку се интегрираше онолку колку што беше потребно нивниот финансиски сектор да ги користи бенефитите на обединетиот пазар. Сеа кога се збори гласно за поголема и поцентрализирана супервизија на финасискиот секор во цела Европа, почнува да се појавува отпорот кај нивните елити. Па од таму лесно се мобилзира и кај населението. За нив тоа е добро за Британија.
 
Читам некој коментари и се чудам колку елементарно непознавање имате на некој работи. Велика Британија за разлика од многу држави кога носи одлука гледа 100 години нанапред. Кога сите се тепаа пред 10 години да ги заменат своите национални валути со евро. Британија одби си ја задржа фунтата. Одлуката се покажа корисна не дава милијарди за да спасува банкротирани земји на еврозоната. Британската економија во следните 20 години ќе биде поголема од Германската економија. Велика Британија секат бил прв сојузник на Америка а не на Германија и Франција. На Велика Британија и САД не и одговара четврти рајх овој пат економски не воено добиен. А дека Британците ќе го слушаат Берлин што да прави тоа во некој друг филм во некој друг свет. Велика Британија може лесно да ја напушти Еу и да влезе во Ефта која има економски статус како Еу во однос на царини квоти слободна трговија итн. А членки на Ефта се Исланд,Лихтенштајн,Норвешка,Швајцарија.И мука немаат во економските односи со еу кој се толку либерализирани што имаат речиси еднаков третман како да се членки на европската унија. Така да за Британија не се секирајте. Инаку јас повеќе би сакал да станеме членка на Ефта отколку на Еу. Во Ефта на иста маса ќе седам со Норвешка,Лихтенштајн.Швајцарија,Исланд (улта богати држави) а е во еу каде што со Бугарија,Романија;грција и остало срање треба да седам на иста маса а башка пола еврозона им е пред банкрот. Доста беше од мене солење памет:)
Па други им беа мотивите за одбивање на еврото,не им беа баш економските.....

ЕФТА ја основаа британците како противтежа на ЕУ.......тие од самото формирање на ЕУ сметаат дека нема да функционира.Арно ама нивната ЕФТА за кур не ја биваше (и денес ЕФТА е само мртво слово на хартија) и пола членки ја напуштија за да влезат во ЕУ,вклучувајќи ја и земјата која ја основаше ЕФТА - Британија.
Ако се толку далековидни што не предвидеа дека прво ЕФТА нема да им чини (што сами ја гураа да им "докажат" на останатите дека ЕУ не им треба) ?
Па што не предвидеа кога влагаа дека сега ЕУ нема да им чини ?

Во теорија се е тоа прекрасно,нема царини,ова она........во пракса можат и те како да ги шиканираат и дискриминираат.Потеклото на стоките (овде најголем проблем ќе си има Британија),безбедносни стандарди итн итн.....
ЕУ со скоро секој во светот има некаков договор,па пак стигнуваат да ги ебаваат земјите што потпишале ако не им е по ќеиф на европејците.

Плус членството во ЕУ не е само слободен проток на стоки,има слободно движење,размена на капитал, луѓе,заеднички настапи на трети пазари, субвенции......
 
1.Па други им беа мотивите за одбивање на еврото,не им беа баш економските.....

2.ЕФТА ја основаа британците како противтежа на ЕУ.......тие од самото формирање на ЕУ сметаат дека нема да функционира.Арно ама нивната ЕФТА за кур не ја биваше (и денес ЕФТА е само мртво слово на хартија) и пола членки ја напуштија за да влезат во ЕУ,вклучувајќи ја и земјата која ја основаше ЕФТА - Британија.
Ако се толку далековидни што не предвидеа дека прво ЕФТА нема да им чини (што сами ја гураа да им "докажат" на останатите дека ЕУ не им треба) ?
Па што не предвидеа кога влагаа дека сега ЕУ нема да им чини ?

Во теорија се е тоа прекрасно,нема царини,ова она........во пракса можат и те како да ги шиканираат и дискриминираат.Потеклото на стоките (овде најголем проблем ќе си има Британија),безбедносни стандарди итн итн.....
ЕУ со скоро секој во светот има некаков договор,па пак стигнуваат да ги ебаваат земјите што потпишале ако не им е по ќеиф на европејците.

3.Плус членството во ЕУ не е само слободен проток на стоки,има слободно движење,размена на капитал, луѓе,заеднички настапи на трети пазари, субвенции......
1. Хехехехехехехе
2. Се гледа нешто си учел Надворешна трговија ама не си научил како што треба. Да британија беше членка на ефта и еден од нејзините основачи но кога виде дека системот на либерализација на економијата во еу е поголем и дека носи поглем просперитет на нивните земји Британија ја напушти ефта 72 година. Но сегашнава либерализација на Ефта со таа од 72 година немаат врска .Сега на економско нивно Ефта е копија на Еу во однос на слободната трговија итн. А тогаш Ефта и Еу имаа меѓу себе високи царини квоти итн 72 година зборам. А сега како и членка на Ефта имаш речиси исти економски статус во либерализирана економија како да си членка на Еу. Инаку Леси секат на крај се враќа дома(Британија). Плус членките на Ефта не треба да одвојуваат големи суми од буџет за да ранат евробирократи во брисел и да имаат двојни агнеции за се, плус да даваат пари за посиромашни земји и слични срање на Грција итн. Ефта се доволно богати и развиени да не и требаат никакви европски развојни фондови и бла бла.
3, И сега во односните Ефта и Еу има слободна трговија на стоки услуги капитал ,само Ефта не се будали да даваат субвенции за земјоделие туку парите ги трошат за попаметни работи види го животниот стандард на Ефта земјите и на Еу и кажи ми каде поубаво се живее.
 
сите одат контра таа ЕУ сите кажуваат дека имаат педерска политика и слични заебанции само ние сме запнале за во ЕУ.... ккао и секад сите лево ние десно... сите бело ние црно... чудна земја е оваа Македонија
 
Сите сакаат да излезат (тие што се во Унијата) од ЕУ, а само ние бараме да влеземе. :pos::pos:
 
Да не е кастрацијата и екстрактирањето на тестисите еден од условите за полноправно членство во ЕУ ? :pos:
Сите разбират колко са зависни от обштиот пазар и един от друг.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom