Ќе ти се обраќам како сакам, тоа во светов се вика "Слободан На Говор", концепт со кој вие верниците не сте запознаени.
Не ги почитувам оние што се обидуваат да го набутаат празникот во грло на другите со сила. И мојот роденден е свет за мене можеби, па не ме гледаш да барам од други да го слават заедно со мене. Држ'те се вие до празникот, нека ви е среќен само не ја пумпајте работата надвор од пропорции. Тоа што вие на тој ден славите нешто не го прави денот свет и специјален за сите. Капиш?
Зборувам за тоа што го гледам, ако ме имаш читано тогаш ќе видеше дека лепам етикети само кога имам силна, основана и аргументирана причина за истото. А дека ќе ми забраниш да лепам етикети, тоа мало сутра, да ми извинеш. Се дур имам слобода да се изразувам, ќе ви ја плескам вистината во фаца. Не сум ви јас крив што истата ви боде во срце и не можете да се справите со неа. Cry me a darn river.
Да те ставам во ист кош со мене за тебе би бил комплимент, затоа не си ласкај. Не ме знаеш кој сум, јас за тебе сум тотална мистерија. Ако сакаш да се фаќаш во костец со некого, барем истражи со кој си имаш работа. Не за друго туку можеби, само можеби ќе загризеш повеќе од што можеш да голтнеш па ќе испаднеш палјачо пред сите.
Ајде бога ти љубим, значи ако не верувам во тоа што ти веруваш, по автоматизам сум инфериорен? Кој те направи тебе омнипотентен па да можеш на другите да гледаш од повисоко? Да, за мене е обичен ден. Ќе биде тажен ден кога/ако им се случи на моите најблиски. Тоа не ме прави нечувствителен туку реален и искрен. Јас не сум тој што е спремен да глуми хуманост за да придобие нечии симпатии. Јас сум тој што ја презентира вистинската слика за тебе. Повеќе околу ова по цитатите.
...вика човекот што без трошка совест етикетира други нации за делата на неколкумина.
Ај не ме терај сега да ти копам историја што и каде си рекол, нема да го извлече потенкиот крај од тоа мерење пениси.
И да, можеби јас сум серко но барем мојата персона е директна, веродостојна и константна, јас играм со отворени карти и нема да се сменам додека пак вие одите како што дува ветрот. Денес сте нечии пријатели, утре ќе му набиете нож во грб. Јас во старт кажувам кој сум и што сум, па ако ти се свиѓа дружи ме, ако ако не ти се свиѓа одиме секој по свој пат. Затоа да не полемизираме за ароганција, вие светците немате баш многу силни аргументи кога ќе се соочите со соговорник кој не се плаши да ја каже голата вистина.
Господ да ве благослови.