Американците официјално побараа изградба на Death Star

  • Креатор на темата Креатор на темата PIRATIC
  • Време на започнување Време на започнување

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Локација
The Lost Island of SK.
Американците официјално побараа изградба на Death star



Петицијата со која жителите на САД ги повикуваат своите власти да направат Death star како од Star Wars филмовите, на ден пред истекот на рокот ги собра потребните 25.000 потписи на „We the People“ делот на интернет страницата на Белата куќа. Според тоа, администрацијата на Обама, ќе мора да достави официјален одговор на барањето од своите граѓани.
amerikancite-oficijalno-pobaraa-izgradba-na-death-star-114057.jpg

Колку за информација создавањето на целосно оперативна верзија на ова филмско оружје би чинела околу 852 квадрилиони долари што е околу 13.000 пати повеќе од глобалниот БДП.
Од друга страна, предложувачите на проектот веруваат дека ѕвездата може да се користи за заплашување на другите нации, или пак некакви вонземски цивилизации. Од нив може и да се извади некоја пара, па за неколку векови, проектот целосно ќе се исплати.
Според петицијата, проектот може да има и економски предности, бидејќи изградбата на оваа платформа за вселенска супериорност ќе отвори многу работни места во сферата на градежништвото, инженерството, вселенските истражувања и на крајот ќе ја засили воената одбрана на државата. Се разбира, во изградбата треба да се отфрли термалниот издув кој води директно до главниот реактор.
Потпишувачите на петицијата бараат од американскиот претседател да стартуваат со изградбата до 2016 година, кој сега би ја издал наредбата до НАСА, а потоа би оставил на неговиот наследник да се малтретира со потешките работи.
Сепак, силата можеби не е присутна или доволно силна кај оваа петиција, па големи се шансите дека Белата куќа негативно ќе одговори на оваа петиција. Но, ќе биде интересно да се види нивниот официјален став по ова прашање.

:pos::pos::pos::pos::pos: :pos:
 
само 'мериканци ќе може да се во екипажот ?
ја би сакал, па ако не е проблем :X3:
 
Колку за информација создавањето на целосно оперативна верзија на ова филмско оружје би чинела околу 852 квадрилиони долари што е околу 13.000 пати повеќе од глобалниот БДП.

Колку милиони евра од буџетот на РМ ќе се издвојат за да се помогнат Американците во изградбата на ова чудо ........ :LOL:
Можеме едно пола милијарда евра да издвоиме од буџетот, па и цела една милијарда ........... :вонзем:
 
Има веќе изградена тоа е месечината преееед многууу еони, таа е шуплив планетоид кој што стоии во место и не ротира како секој природен објект планети, плнетоиди или месечини, затоа и ја гледаме само едната страна а другата никогаш.
 
Епа еве стигна официјален одговор од Белата Куќа, за жал, нема да ја биде работава :(

  • The construction of the Death Star has been estimated to cost more than $850,000,000,000,000,000. We're working hard to reduce the deficit, not expand it.
  • The Administration does not support blowing up planets.
  • Why would we spend countless taxpayer dollars on a Death Star with a fundamental flaw that can be exploited by a one-man starship?

Линк до официјалниот одговор на петицијава: https://petitions.whitehouse.gov/response/isnt-petition-response-youre-looking
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom