Западната реалност прикажана низ призмата на севернокорејската пропаганда

  • Креатор на темата Креатор на темата Dexter26
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
11.261
Поени од реакции
12.983
Како ви делува пропагандата на Северна Кореја во која западот се опишува како декадентно и уназадено општество ?

Самиот збор пропаганда говори повеќе од доволно, но неверојатно изненадувачки е кога човек ќе види колку вистини понекогаш може да содржи самата пропаганда, најчесто испревртени вистини, но сепак вистини.

http://off.net.mk/video/razno/propaganda

Пропаганда

Интересен дел од севернокрејски пропаганден филм со кој се сака да се "разобличи западната пропагандна машинерија". И чудо едно колку Корејците се во право.

 
како се осудувате да гледате филм од самиот претставник на злото во кој се критикува најдемократската држава?????!!!!!!!!
-реалност е дека и двете страни се грешни како ѓаволи
исто како примерот со курвите на улица кога се карале која е поголема
исто срање друго паковање
 
Пропагандата против НДР Кореја е толку силна што се случува пропаганда против пропагандниот филм на НДР Кореја за пропагандата што ја прави Западот.


:icon_mrgr:
 
Не дека и они се нешто подобри.. али видеово ја покажува реалноста на западот и неговото влијание..
Убаво е сето ова да го види младината кај нас и да разграничи што е реалност а што не.. затоа што ако споредиме какви сме биле ние како основци, како сме се облекувале, како сме ги бирале другарчињата и колку било важно на кого си и што си... а денес како се носат основците, како се однесуваат и како ги бираат своите другари/ки ќе ни стане јасно колку е големо влијанието...
Порано само на филмови гледавме за насилство меѓу децата без никаква причина или вадење ножеви, пиштоли... убивање соученици без никаква причина... денес сето тоа е реалност и кај нас.
Ако порано беше најголем срам за едно девојче да биде распуштено и да стане мајка на 16, денес на тоа гледаме како на сосема нормална работа (а факт е дека не е).

Ме мрзи да набројувам уште ред други работи кои се резултат на тоа перење мозоци, преку медиумите и преку интернетот... само ќе речам браво за видеово.. ниеден наш новинар не би се осудил да направи вакво истражување и да го прикаже сето тоа што западот го користи како оружје.
 
Како ви делува пропагандата на Северна Кореја во која западот се опишува како декадентно и уназадено општество ?

Самиот збор пропаганда говори повеќе од доволно, но неверојатно изненадувачки е кога човек ќе види колку вистини понекогаш може да содржи самата пропаганда, најчесто испревртени вистини, но сепак вистини.

http://off.net.mk/video/razno/propaganda

Пропаганда

Корејците всушност го даваат одговорот на проблемот на прозападни општества,крупните маси со текот на времеот се научија да живеат во фантазија и конформизам и денес одбиваат да ја погледнат реалноста,скоро секоја индивидуа си креира сопствена фантазија каде што тој е на врвот или блиску до врвот...
 
Всушност ние и не заеме како се живее во Северна Кореа.

Од севернокорејците кои успеале да пребегнат во Јужна Кореја нема да слушнеме убави работи за Северна Кореја.

Но од овој пропагандистички филм ќе видиме доста работи кои се вистини, како што веќе спомнав, исклучиво испревртени вистини, но сепак вистини.

На мене воопшто не ми се допаѓа тоа што во филмот Бог и религиите се опишани како фикција, кога и самата севернокорејска пропаганда го величи Вечниот Лидер, Големиот Лидер, Милиот Лидер, како што може убаво да се види во самиот филм.

Но сепак вистина е тоа дека политичарите и владетелите ширум светот го користат Бог за своја лична и политичка корист, дури и во државите со мнозинско муслиманско население владетелите го користат Алах за своја лична и политичка корист, таков е примерот со ајатолахот во Иран, кралот на Саудиска Арабија, а најтазе пример е неодамна избраниот претседател на Египет, Мохамед Морси, кој отворено и јавно кажа дека Куранот е нивниот Устав, Мухамед е нивниот пророк и смртта во име на Алах е нивна цел.

Исто така воопшто не ми се допаѓа тоа што во филмот Израел е прикажан како окупаторска држава која гради еврејски населби на палестинска територија, кога истите тие територии се дел од денешната територија на Израел уште од 1967 година и не се дел од денешната територија на сеуште непризнаената палестинска држава. Ако Северна Кореја сака да биде солидарна кон палестинците поради нивните територии окупирани од Израел, тогаш треба да биде солидарна и кон нас Македонците поради Пиринска и Егејска Македонија кои се окупирани од Бугарија и од Грција.

Вистина е тоа дека 26 милиони војници и цивили во поранешниот Советски Сојуз загинале за време на Втората Светска Војна, како и дека денес западот се слави себеси со победата во Втората Светска Војна и со победата над фашизмот и над нацизмот, додека истовремено најголемата жртва од 26 милиони советски жители и војници се игнорира. Но нема смисла да се врши споредба помеѓу луѓе кои биле жртви на бомбардирања и на воени пресметки, наспроти над 6 милиони Евреи убиени во Холокаустот во гасни комори, во полиња за стрелање, во експерименти и на ред други ѕверски начини.

Настрана начинот на кој пропагандистичкиот филм ги опишува Бог, Евреите и религиите, речиси се останато што е опишано во филмот е вистина, најчесто испревртена вистина, но сепак е вистина.
 
А јас и се надевам дека никогаш нема ниту да дознаам, посебно не на моја кожа.
Демек кај нас подобра е ситуацијата?
Да не беше интернетов на сите ќе ни го испереа мозокот со гом*нава на тв што ги даваат.
Единствено позитивно е што турскиот јазик исто како мајчин ќе го владеевме.;)
 
А јас и се надевам дека никогаш нема ниту да дознаам, посебно не на моја кожа.

Мала е разликата меѓу НДР Кореја и твојата сwaтка земја која си ја сакаш премногу.
Разликата, во главно, се состои во тоа што оваа земја ја сметаш ко твоја. И тука завршува приказната.
 
Како ви делува пропагандата на Северна Кореја во која западот се опишува како декадентно и уназадено општество ?

Самиот збор пропаганда говори повеќе од доволно, но неверојатно изненадувачки е кога човек ќе види колку вистини понекогаш може да содржи самата пропаганда, најчесто испревртени вистини, но сепак вистини.

http://off.net.mk/video/razno/propaganda

Пропаганда
Само што кореецов заборава една многу важна,односно најважна работа - имаш избор.
Можам тоа да го гледам или да земам да читам нешто интересно и корисно, можам ако имам желба се посветам и сум доволно добар да бидам што сакам.Па дури и тие ѕвезди кои имаат се што ќе посакаат.....
Тоа малце го заборава кореецот и всушност ако не ми се свиѓа можам да си спакувам куферите и да се отидам кај што ќе ми биде подобро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom