е-Бонтон

Користење кирилица мислам дека треба да е број 1 приоритет, исклучок има само за корисници од мобилни уреди кои што не подржуваат таква опција.
 
Како што гледам ова е против троловите
Сите знаема најголемите Lulz доаѓаат од нас троловите
Нашите коментари потикнуваат на големи Lulz во интернет светот
Оваа кампања ја подржувам ако се стреми на истребивање на лошите тролови
Но ако e анти трол камања ке го зеам Владо Јаневски да им сврши во уста и да станат ХИВ позитивни како него

Единствено што ми се допаѓа е тоа што Сакаат да ги заќутат дрољи избришани од friendslist што постираат на facebook цел ден
као да немаат живот
 
Интернетот е преширок поим за секој секаде да се однесува исто. Сепак, мислам дека секој од нас мора да се придржува според некакви општи правила. Како што се однесуваме во реалниот свет, имаме чувство за општествена одговорност, воспитани сме, размислуваме со наши глави, да искажуваме сопствено и да дискутираме туѓо мислење, така и овде во виртуелниот свет би требало тие работи горе долу да се исти. Како што ѓубрето го фрламе в канта за околината да ни биде чиста, така виртуелно тие катчиња кои ги посетуваме би требало и да ги негуваме по прописи.

Прво и основно правило тука би било пишувањето на кирилица. Не верувам некој да мисли дека е кул ако пишува латиница, не верувам дека некој би прочитал пост на латиница (а сите нели сакаме да бидеме читани, бездруго не би доаѓале на социјалните мрежи), и не само тоа - болат очи бе. Јас и кога имав сто насто јак вид едвај читав латиница, а не пак сега. Мачно е.

Споделувај кога на некој му треба помош - ова е според мене најважното општествено интернет правило. И јас го доживеав на своја кожа, и наидов на премногу фини личности кои ме изненадија со тоа што мојот проблем го постираа и се рашири за најбрзо време на многу различни страни, па без тоа немаше да успеам. Затоа, често посетувајте го овој подфорум, ако немате финансии да донирате, барем споделете преку линк на фејсбук, твитер, на некој блог. Така интернетот ќе стане подобро место за сите.

Од друга страна, има два вида фејсбук постирачи - оние кои пишуваат за снегот и оние кои пишуваат против снегот. Во секој случај пишуваат. Наше е да пишуваме што сакаме и каде сакаме, и кого да читаме и што да читаме. Така да, мислам дека интернетот не мора да знае се - датум на раѓање, адреса, град. Имам еден другар што случајно го оставил мобилниот телефон на фејсбук во инфо за сите да го гледаат. Гледајте тоа да не ви се случи и вам.
Ако пишувате критички настроени статуси (т.н. хејтате) бидете спремни да ги сносите последиците. Не е секој статус за public и секој пост на форум за вреѓање. Секогаш ќе се најде некој навреден од нешто, поготово кога на постирачот тоа ќе му стане рутина. Често се случува "влијателноста" да ти ја помеша виртуелноста со реалноста, затоа што ако не со мене или со тебе, со некој трет утре треба да се сретнеш на факултет, низ чаршија или во автобус. Не е секој доволно цивилизиран да трпи досетка која ти си ја пласирал на негова сметка минатата вечер додека безбедно си грицкал чипс пред компјутер.

Секогаш кредитирај го оригиналниот постирач на шегата - често се случува да видам некој да постира статус/меме/штоидае, да го модифицира како свое и после случајно да го прочитам истото на имиџер, факипедија и трол фудбал. Не мора да се залажуваме дека во виртуелниот свет ние сме тие кои го штитат Интернетот од терористи. И без мене, и без тебе, и без твоите саркастични досетки за социјално општествените теми - интернетот утре ќе постои.

Не стварај си Интернет идоли - ова звучи ко 10те заповеди, ама се повеќе има луѓе кои им се восхитуваат на други луѓе спрема нивната Интернет моќност која е карактеризирана со новиот бран влијателност, а тоа е логирај се, хејтај (владата, времето, помодарството, фејсбук медиумите, луѓето што не размислуваат како тебе, оние кои недај Боже слушаат различна музика од тебе), потоа истите проповедаат (дека љубовта е совршена, вечна, дека уметноста не можеш лесно да ја сфатиш, дека болат спомените од детството, дека треба да сакаш секого) па се одлогираат тек за спиење, и така секој ден. Сите се лицемери, до еден. Мразам луѓе кои проповедаат по десет пати во денот. Запа убаво вели "ако си доволно паметен да си ја работиш работата и доволно прост за да голташ се што ти сервираат, ќе преживееш".

Не користи нечии приватни информации само за да го "возвратиш ударот". Сите сме биле сведоци на дискусии овде на форум (па и на фејсбук што), каде тој што полека губи почнува да вреѓа користејќи лични работи за да го понижи дискутантот. Мене лично најмногу ми се грози од тоа, а денес - секој знае по нешто за некого, дури и форумските ликови не можат да ја дочуваат приватноста, со мал напор се открива секој, а тоа е лошо. Особено е глупаво да се исмејува некој според тоа како изгледа, така да мислам дека со некои од овие работи (не сите, и јас претерав на некои места) интернетот би бил многу поубаво место за сите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom