Тексас ќе се отцепи од САД?

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Балканот за САД ќе бидат цртан филм, лесна еротика, кога ќе ги удри економската криза.
 
Не верувам, исто како што во MK има ВМРОвци и СДСМовци, така и таму има Републиканци и Демократи. Во Тексас повеќето се Републиканци и им смета Обама, но ако се разделат самите ќе си се заебат.
 
Како што ќе не признае Грција под уставно име така и Тексас ќе се отцепи од САД .
 
Глупости само некои нови држави или се создаваат или се отцепуваат наместо помалку држави да има со помалку полесно се раководи.
 
Нема да има отцепување бре.....запамтете дека ниедна поделба(отцепување) не се случува без странски фактор....странскиот фактор е тој што им дава ум и знаење,и подгрева терен за делби и војни.....а во Америка не верувам дека смее да стапне странски фактор.:coffee:
 
Да бе ќе се цепат, небива воа Косово е со муџахидинците, со два збора се креват во воздух...
 
Не може легално, но би можела да опстои ако се отцепи.
 
Ништо чудно некогаш во иднина и навистина да дојде до распад т.е. не до целосен распад на САД, туку одредени сојузни држави да сакаат да се отцепат и да си бидат или самостојни или пак да се припојат кон други соседни држави(со Мексико на пр.) ............. во Тексас мислам дека моментално белите Англо-Американци се релативно мнозинство(~60%), а останатите скоро 40% се Хиспани(од Мексиканско потекло) и ништо чудно за некоја деценија кога Хиспаните(поради повисокиот наталитет) ќе станат прво релативно, а потоа и апсолутно мнозинство да сакаат отцепување на сојузната држава Тексас од САД и негова независност или пак припојување кон соседно Мексико !
Истото ова важи и за сојузните држави Калифорнија, Ново Мексико и Аризона каде веќе со години белите Англо-Американци се малцинство(Калифорнија поготово) ........ така да нема ништо чудно во ова ......... моментално како идеја е сајенс-фикшн, но после некоја деценија возможно е да се случи !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom