И според тебе што треба да прават граѓаните на Ресен?
Да не ги праќаат на студии своите деца во Скопје? - (затоа што не се враќаат назад)
Да не купуваат станови во Скопје, Битола, Охрид? - (да го вложуваат својот капитал исклучиво во Ресен)
Да купуваат исклучиво во ресенските продавници? - (да не се излеваат средствата надвор од општината)
Почнуваш да ми звучиш како крадоначалникот на Охрид
Граѓаните лично, својот капитал имаат право да го инвестираат каде сакаат и како сакаат.
Ако јас имам на сметка 100,000 евра што мислиш дека наместо во Скопје ќе дојдам да купам стан во Ресен? или деловен простор?
Градоначалникот и Владата се должни да инвестираат во општината, а после граѓаните. За тебе е загрижувачко тоа што родителите ги издржувале децата во Скопје, наместо да се запрашаш колку дупки се пополнети минатата година, колку работни места се отвориле и сл.