Тужби за ЕВН

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase_Ohrid
  • Време на започнување Време на започнување
И состав на трошковник
Ако ти го признаат составот за трошковник, а најчесто не го признаваат
и се тоа го плаќа странката што го ангажирала адвокатот или странката која ќе изгуби во спорот или судот? Sase_Ohrid Advokatisce

П.С. се извинувам за прашањава, ама ме интересира како оди тоа (убаво е да се знае ако некому му притреба)
Страната што ќе гп изгуби спороте должна да и ги надомести трошоците на другата страна
 
Секогаш го признаваат трошковникот, ако не ти го признаат жали се, апелација ќе ти го признае.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 21:14 ---
и се тоа го плаќа странката што го ангажирала адвокатот или странката која ќе изгуби во спорот или судот? Sase_Ohrid Advokatisce

П.С. се извинувам за прашањава, ама ме интересира како оди тоа (убаво е да се знае ако некому му притреба)
По правило, странката која го ангажира адвокатот плаќа се од напред, а откако ќе го добие спорот тие трошоци преку судот ќе ги наплати од противникот (се разбира доколку го добие спорот).
 
Секогаш го признаваат трошковникот, ако не ти го признаат жали се, апелација ќе ти го признае.
Во кој суд ти го признаваат? Во Скопје не ги признаваат сокоро никогаш како и објава на пресуда како трошок. За Апелација важи истото, а ако тебе ти го признаваат во Охрид тоа е друга работа може се знаеш со стручните во Суд. Јас знам за пресуди и што не признаваат патни трошоци од причина што адвокатот можел да најде замена од градот каде што се одржувало рочиште. Да бидеме искрени ниту признаваат се како што треба да не ни ги набројувам необразложените поднесоци, потврдување на правосилност и зивршност итн.
 
По правило, странката која го ангажира адвокатот плаќа се од напред, а откако ќе го добие спорот тие трошоци преку судот ќе ги наплати од противникот (се разбира доколку го добие спорот).
странката која го добила спорот ги наплатува трошоците или адвокатот отпосле му враќа на клиентот?
 
Во кој суд ти го признаваат? Во Скопје не ги признаваат сокоро никогаш како и објава на пресуда како трошок. За Апелација важи истото, а ако тебе ти го признаваат во Охрид тоа е друга работа може се знаеш со стручните во Суд. Јас знам за пресуди и што не признаваат патни трошоци од причина што адвокатот можел да најде замена од градот каде што се одржувало рочиште. Да бидеме искрени ниту признаваат се како што треба да не ни ги набројувам необразложените поднесоци, потврдување на правосилност и зивршност итн.
За правосилност и извршност не ти признава судот, туку сам си наплаќаш кај извршител (иако тоа е незначителна сума).
Во Охрид секој судија ти досудува 1300 денари за состав на трошковник. Не треба да се знаеш со никого, а најмалку со некој од стручната служба, бидејќи и да се знаеш не можат тие да ти сменат ништо, ако судијата веќе не ти досуди.
Отвори ја адвокатската тарифа и прочитај ја, ќе видиш дека за трошковник на адвокатот му следува награда, не е тоа избор или пак добра волја на некој судија, тоа е закон кој мора секој судија да го почитува. Ако некој не ти досуди трошоци за состав на трошковник можеш да вложиш жалба, а би требело да пишуваш и претставка против тој судија до Судкиот совет на РМ, па ќе видиш како понатаму ќе ти досудуваат и за трошковник.
 
Не е темава за трошоците ама ај. Можеби во Охрид ви досудуваат ама во Скопје не е така а богами и на други места, Малце контактирај со колегите од Скопје и ќе ти кажат дали има признаваат за состав на трошковник и необразложени поднесоци. Адвокатската тарифа ја знам убаво нема потреба да ја читам, не се секирај за тоа.
 
Колега контактирам јас со колеги од Скопје и другите градови не се секирај за мојот друштвен живот. Претпоставувам дека си доста помлад адвокат од мене со далеку помало работно искуство зад тебе (не го мислам тоа во негатвивна конотација) па поради тоа се помируваш со недосудени трошоци. Верувај дека искуството ќе те промени и нема така лесно да преминуваш преку недосудени трошоци кои законски ти следат!
 
па не мислам дека 10 години се мало работно искуство али ок што да ти кажам
 
има други работи што би требало да се проучат околу ЕВН :
- ЕВН наплаќа 33% без обѕир дали редовно се испорачувало струја или имало прекини по нивна вина
- исто така, поради нивна вина има штети на домашни апарати, како поради прекини, така и поради неправилни параметри на струјата, а наплаќаат 33% како за се идеално да испорачуваат...
б.т.в., во СФРЈ, ЗОИЛ едно време, со полиса за станот признаваше штети од ел.струја, фрижидер, ТВ и слично...
- како е обфатена проблематиката со тарифирање на скапа и ефтина струја во купопродажниот договор на ЕСМ ??... оној што го криеја кога се купуваше ЕСМ ???
 
Денес е последниот ден кога застарува и последната сметка која може да се утужи против ЕВН.
Конечно и медиумите ја увидоа и објавија оваа законска можност на граѓаните, но за жал предоцна и без никаква корист за граѓаните, а се во полза повторно на ЕВН. http://mkd-news.com/graganite-go-vozvrakaat-udarot-3-000-tuzhbi-za-sheste-denari-na-evn/
П.С. До охридскиот суд, инаку, поднесени се околу 8.000 вакви тужби!
 
Инаку ЕВН помеѓу некои граѓани е попозната како ИВАНА.:pos:
 
заврши ја овие тужби ѕа 5мкд, ама на истиот топик да прашам околу една друга работа:
ЕВН наплаќа 33% од потрошената струја независно од квалитетот на услугата; мислам, исто плаќаат тие што омаат константи карактеристики, исто и тие што имаат низок напон, дури се зборува дека има реони и со одстапување на фрекфенцијата. Посебен проблем се ненајавените прекини. Еве во нашата населба се грееме на топлификација, нема диви приклучувања на мрежата на ЕВН, но неколку згради сме поврзани со соседна населба, каде се грејат на струја. Испади имаме често, 24 години како живеам тука не ја опраија таа трафостаница во соседната населба, се се чекаат некој избори. Од честите исклучувања ( и потоа вклучувања) на многу луѓе им се расипуваат ТВ апарати, компјутери па и фрижидери.
Мислам дека ставката 33% подразбира наплата на трошоци за одржување на мрежата и треба да обезбедува квалитетно снабдување со ел.енергија.
 
95% од гледачите коментираа за ЕВН мафијата. Една гледачка спомна дека го тужела ЕВН, добила на суд но сега ЕВН ја тужи неа за кражба на струја :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom