Темната страна на науката

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Не ја одрекувам фармацевтската мафија.
Но да бидеме искрени, нема да легнеме под нож со хомеопатски лек, нели? :)
 
Не ја одрекувам фармацевтската мафија.
Но да бидеме искрени, нема да легнеме под нож со хомеопатски лек, нели? :)
Шо се праиш „тупа“ со сила и ти сеа? :)
Мислам дека се искажа, нема понатаму да го верглаш истото нешто, но со различни примери.
Ако не забележа, на темава се дискутира за темната страна на науката. Негативната страна. Никој не ги негира сите позитивни придобивки кои ги имаме од неа.

Финтата беше да ги наброиме и да дискутираме за лошите ефекти. За добрите (кои верувам дека ги има во поголем број) во друга тема.
 
Како што некој се изјасни, науката нема темна страна. Човекот има.
А за да има добро, мора да има и лошо.
И да, многу ми е темно користењето на мајмуни за да се добие некој лек, темно ми е експериментирањето врз луѓето (сега скоро Алкалоид имаше такво испитување, прибираше доброволци), ама без тие жртви, нема ќар.
Темната страна е широк поим.
 
Па не може да ставиме наслов „Темната страна на човекот“ кога тука се дискутира за научни проекти. Јасно ни е дека овие работи се дело на човекот. Сигурно мајмуните не ги направиле гасните комори.
 
Моментот е дека профитот и бизнисот се става далеку пред човечкиот живот, во овие гранки, кои треба да работат исклучиво за добробит на човештвото.

Значи не дека ти се продаваат апчиња кои ќе ти го разорат организмот и слично, туку дека може да се дојде до терапија која ќе биде ефтина и достапна за секој човек. А тоа не е модел во капитализмот и затоа го имаме тоа што го имаме во моментов - профитот пред човечкиот живот, многу пати видено наназад.

Значи едно е да не може да се изнајде некој лек во дадено време, друго е да не сакаш да се потрудиш или да бидеш обструиран во обидот за изнаоѓање на истиот, заради некоја наводна повисока цел - профитот.

А во лабараториите на ЦИА или што ти знаеш, работат фамрамцевти, генетичари... или пекари, кондураџии итн..?

Околу болдот.
Дали ти разграничуваш фармација како гранка која по дефиниција е за добробит на човештвото, од нејзино користење од луѓе и организации за превласт и моќ?
Ако е така, тука некаде сме сите со размислувањата, некој повеќе, некој помалку.
Парафразирано твоето звучи лошите праат болештини, а добрите фармацевтски компании го поправаат злото од лошите чичковци.

Види пак ќе кажам најубаво е ти да си у право, за добробит на човештвото:), арно ама....

Да, но тоа е точно за секој бизнис. Не порекнувам дека главната цел е профитот од продажбата на лекови ама муабетот ми е дека профитот ќе биде поголем ако понудениот продукт е квалитетен а ефтин.
Медицината и те како е напредната и денес за разлика од пред само еден век животниот век е значително зголемен баш поради нејзниот придонес во човечкиот живот.
Апсолутно се согласувам дека постојат тие луѓе и нивните организации али тоа не е наука иако на темава на тапет е ставена науката.
Парафразирано болдот вика и без да создаваме синтетички болештини постојат доволно такви кои не ги направил човекот.
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 15:32 ---
Јаболкото е само пример за илустрација ама јас ќе ти кажам дека ако црвот го јаде, значи добро е!
Природата се балансира самата себеси и без наша помош. „Штетниците„ се дел од еко-системот, извади ги од ланецот и ќе поместиш други работи кои потоа ќе поместат други работи и така до недоглед.

Таа штета за која зборуваш е економска штета.
Економија? Треба да се заштедат пари за што? На што се трошат најмногу пари во светот?
Да не навлегувам сеа во нешто што оди надвор од темата...

Зависи од гледната точка.
Недостаткот од докази е делумно затоа што за тоа треба време (иако резултатите се извесни) а делумно заради влијанието и корупцијата од страна на индустријата. Ти твоите деца ако сакаш вакцинирај ги против дијареи, настинки, грипови... ако ти вреди ризикот.
Мое мислење е дека вакцините треба да се само за опасни вируси, не за банални работи (и профит на индустријата).

Не постои гледна точка кога се разгледува евиденција. Постои објективна анализа на податоците од истражувањето и пак ќе напоменам. Не мешајте наука со корупција која е дел од правниот аспект. Науката си нема благе везе со бизнисот.

Никој не спори дека тој бизнис е лош, од економски аспект на газдата секако прават огромни профити.
Поентата што ја пропушташ е дека фармацијата првенствено треба да е за добробит на човештвото, при тоа нормално правејќи и профит. Не обратно.

Премисата ти е погрешна па соодветно на тоа и заклучокот нема логика.

Основната причина за ГМО е профит на индустријата.
Тргни од оваа логика и другото само себе се објаснува.

Баш поради тоа што фармацијата е бизнис а не добротворна организација нејзина основна цел е профит. Жално е, но така е. Постојат научници кои не патентирале свои изуми и нацртите ги поставиле јавно со можност да се преземаат бесплатно и постојат тезга научници на дискавери. Али тоа е индивидуално и не е поврзано со науката.

Истражувањета за подобра и поквалитетна исхрана треба да се случуваат ама не преку директна модификација на ДНК. Хибридизација и генетска селекција се правиот избор, но затоа треба време. Индустријата сака профит сега и веднаш, а ГМО и методот со модификација на ДНК го пружа токму тоа...

Впрочем промоцијата на генетски модифицирана храна е едно големо „истражување„ или поточно експеримент. За резултатите ќе се дискутира многу подоцна а она што е извесно е дека таа гранка на генетиката е премногу млада за да се прогласи за безбедна без опсежни и детални истражувања.

Генетиката е научна гранка која денес масовно се експлоатира ирелевантно на тоа од кога активно се истражува. Генетскиот инженеринг денес ни овозможува чистење на отпад со помош на микроорганизми, значително намалување на користење на хербициди и пестициди кои се евидентно поштетни, поиздржлив аграр, откривање и третман на генетски нарушувања и така натаму. Се во полза на човештвото.
Корупцијата, повторно ќе напоменам не е поврзана со науката туку со профитот кој некој се обидува да го направи на мала врата.
 
Моментот е дека профитот и бизнисот се става далеку пред човечкиот живот, во овие гранки, кои треба да работат исклучиво за добробит на човештвото.

Зошто ти не работиш џабе, за добробит на општеството?
Дали ти разграничуваш фармација како гранка која по дефиниција е за добробит на човештвото, од нејзино користење од луѓе и организации за превласт и моќ?
Дали ти разграничуваш помеѓу транспорт кој е по дефиниција за добробит на човештвото и транспортната и автомобилска индустрија кои се одговорни за 1/3 од смртните случаи?
 
tumblr_md3o6aXW941r5vpk0o1_500.jpg
 
Не постои гледна точка кога се разгледува евиденција. Постои објективна анализа на податоците од истражувањето и пак ќе напоменам. Не мешајте наука со корупција која е дел од правниот аспект. Науката си нема благе везе со бизнисот.

Корупцијата, повторно ќе напоменам не е поврзана со науката туку со профитот кој некој се обидува да го направи на мала врата.
По болдираното се гледа колку целиот твој став е заснован на погрешни основи.

Другото, се е веќе коментирано (и не е демантирано/оспорено).
Не ги превртувај работите како некој да не сака напредок во науката и во квалитетот на животот, проблемот е што на светско ниво фалат објективни државни контроли врз работата на компаниите. Оваа ситуација активно се одржува од профитерите преку корупција. Понатаму профитерите се тие што инвестираат исклучиво во високо профитабилните аспекти на науката (без оглед на безбедностниот аспект) и активно ги спречуваат истражувањата кои се однесуваат на штетноста на сето тоа.
Потребата од профит во денешниот капиталистички свет е неспорна, но профитот не смее да биде на штета на здравјето на луѓето и на здравјето на природата и на планетата.

Сето друго е краткорочно и кусогледо профитирање на шпекулантската елита.
 
Обвинуваш за шпекулантство а фрштиш инсинуации и клевети. Потенцираш дека постои таргет група луѓе која ги спречува enviromentalist-ичките истражувања иако истите се бават со глобални ефекти на планетата на кои и самите живеат.
Од друга страна, дури и на википедија можеш да ги протарашкаш стандардите кои важат за сите научни истражувања кои некој научник сака јавно да ги истакне.
http://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:Scientific_standards
Science (from Latin scientia, meaning "knowledge") is a systematic enterprise that builds and organizes knowledge in the form of testable explanations and predictions about the universe.
Мојот став се потпира на концизна дефиниција на што тоа е наука. Тоа што ти се обидуваш да фузираш поими чисто бидејќи едниот полезува од другиот е грешно.
 
Обвинуваш за шпекулантство а фрштиш инсинуации и клевети...
Шпекулантите нема потреба да ги обвинуваш за шпекулантство, тие самите себе така се дефинираат. (гледам љубиш дефинирање и дефиниции)

Тебе лично те „обвинив„ само за наивно гледање на реалноста. Ти изгледа гледаш црно и бело или така барем се представуваш, а реалноста за мене е сива со тешко навалување накај темно сиво.
Секако се е релативно, а моето гледиште не е помалку релативно од твоето.
Науката денес е повеќе зависна од бизнисот и индустријата, од било кога порано во историјата. Повеќе од наивно е да се каже дека нема тесна поврзаност.

Дефиницијата која ја позајми од тетка Вики, е само дефиниција. Дали и колку твоите ставови се базираат на „прецизни дефиниции„ си е твоја работа и ни најмалку не го менува фактот дека истите се дефиниција на наивност во реалниот свет.
Ниедно значајно научно достигнување во поновата историја не би било возможно без финансирањето од државни или приватни (акцентот е на вториве) инвеститори.
Дебатирај за овој факт, оспори го ако можеш а цитирањето дефиниции остави ги за во училиште.
 
TEMNATA STRANA VO NAUKATA PO MOE VIDUVANJE E DEKA CHOVEKOT ZA NAVODNO PO LESNO JA IZBIRA PO LESNATA IZRABOTKA NA NESHTATA ILI PO LESNO MUE DA NAPRAVI MOTOR SO VNATRESHNO SOGORUVANJE OD KOLKU DA GO USOVRSHUVA TRKALOTO DO MAKSIMUM NA SVOITE MOZNOSTI ILI EDNOSTAVNO VEKE GO OTFRLIL I NE GO RACHUNA KAKO PROBLEM NO SAKAL - NEKEL MORA PAK DA MU SE VRATI NA ISTOTO OTI TIE SOGORUVANJA VEKE JA DOVEDOA NAUKATA BEZ KORISNA.
 
Видеото веројатно го има направено некој ваков
tin-foil-hat.jpg

.

Не веројатно туку СИГУРНО.

Науката е моќно оружје, до човекот е како ќе ја употреби.

Мала корекција науката не е оружје ниту пак тоа е нејзина примарна цел поправилен термин е Злоупотреба.

Наидов и на друга тема слична која нема ниту Н од наука туку е токму пример за злоупотреба иако морам да признам резултатите се непроценливи и најверојатно помогнале на многу повеќе луѓе да останат живи.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 18:25 ---
Не веројатно туку СИГУРНО.

Мала корекција науката не е оружје ниту пак тоа е нејзина примарна цел поправилен термин е Злоупотреба.

Наидов и на друга тема слична која нема ниту Н од наука туку е токму пример за злоупотреба иако морам да признам резултатите се непроценливи и најверојатно помогнале на многу повеќе луѓе да останат живи.

Поголеми лицемери од овие нема, слично како Анима мунди, па во светов луѓе гладуваат во Африка умираат деца а они ги хранат своите кучиња со

$13 billion. Amount of money spent each year on pet food in Europe and the United States. $17 billion

Тоа се цели 30 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ( тоа е БДП на три држави-Србија, Македонија и Албанија.) па верувам дека со барем 20 милијарди долари состојбата ќе се подобри со гладот кој е сеуште најголем проблем, имено се дава Жито и храна вредни Милијарди од САД(УСАИД) понатаму од Европа и од низа хуманитарни организации но со 20 милијарди не само што ќе се обезбеди храна туку и ќе се едуцира населението да произведува Храна...еве во Авганистан гладуваат но наместо Житни култури одгледуваат Опиум и....Умираат.

Слично е и со Сомалија и низа други Африикански и Азиски Држави.

Индија во Њу Делхи нема вода т.е по квартовите дгва пати неделно идат цистерни со вода значи се нема елементарни услови за хигиена, се нема Храна а Индија купува Носачи, Подморници,Тенкови Сухои исто како и Афричките држави.:facepalm:
.
 
Па не може да ставиме наслов „Темната страна на човекот“ кога тука се дискутира за научни проекти. Јасно ни е дека овие работи се дело на човекот. Сигурно мајмуните не ги направиле гасните комори.

Практично насловот е невалиден затоа што науката нема темна или пак светла страна. Науката е збир од методи, опити и практикувања со помош на кои се доаѓа до специфична хипотеза а подоцна и теорија за тоа што е набљудувано.
Од друга страна инженерингот преку кој се користат знаењата кои се стекнати со помош на науката е тој кој може да има темна страна, доколку градиш нуклеарки или пак гасни комори. По таа аналогија, попрецизно би било да биде темната страна на инженерингот место на науката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom