Толстој
екс Бомбастичен

Тахир Таири, македонски државјанин од околината на Тетово поминал 22 месеци во затворите во Србија и Хрватска под обвинение дека шверцувал 26 килограми хероин од Македониј во Италија. Земјоделецот од Тетово цело време тврдел дека е невин и дека првпат во својот живот излегол од Македонија. По речиси две години поминати во затвор, овој случај завршува со отфрлање на обвинението, откако неговата адвокатка конечно успева да докаже дека е невин и дека е најден вистинскиот виновник. Несреќниот триесетгодишен Таири вели дека ќе бара отштета од хрватската држава.
Хрватската полиција минатата недела се откажа од обвинението против Таири откако се откри вистинскиот идентитет на шверцерот кој исто така се претставувал како Тахир Таири и ги имал истите податоци (име на родители, матичен број, место на раѓање…) како и земјоделецот Таири. А лажниот Таири веќе издржувал казна затвор од 13 години во Италија, по истата потерница издадена по налог на Хрватска за шверц на хероин. Таири всушност бил жртва на кражба на идентитет со украден пасош.
Обвинението е отфрлено дури откако хрватската полиција ги побарала отисоците на прстите на триесетгодишниот Таири од македонската полиција, по што конечно е утврдено кој е вистинскиот Таири.
Ксенија Гржин, адвокатката на Таири, која успеа да го открие лажниот Таири во Италија, за хрватските медиуми вели дека е неверојатно како можело вакво нешто да се случи ако се знае дека лицето со лажниот идентитет Тахир Таири веќе лежел затвор во Италија по истата меѓународната потерница на Интерпол.
Се почна кон крајот на 2010 година кога Таири тргнал за Србија да извади документи за мајка му. Претходно на Таири му бил украден пасошот, а тој во меѓувреме си извадил нов. На граница српската полиција го апси по меѓународната потерница за него која Интерпол ја издаде по налог на хрватската полиција. Шверцот бил откриен од хрватската полиција, па судот во Осиек носи пресуда во отсуство на Тахир Таири за затвор од 15 години за шверц на 26 килограми хероин. Србија му го предава фатениот Таири на Хрватска, овој бара повторување на постапката, цело време тврди дека е невин и дека од Македонија всушност излегол првпат во својот живот…но земојоделецот од Тетово морал да се брани за шверц на хероин.
Сега ќе ја чека новата одлука на хрватското правосудство по неговото барање за отштета.
ИЗВОР
П.С. Што мислите ќе добие отштета?