Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.316
- Поени од реакции
- 34.718
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Преку изградба на аеродром на вода, Владата сака да го зголеми бројот на туристи во Охрид.
За таа цел, Министерството за транспорт и врски објави барање за изразување на интерес за учество во меѓународен повик за изградба на нов аеродром на вода на Охридско Езеро.
Од министерството напомнуваат дека барањето е дел од мерките и активностите на Владата за подобрување на националниот сектор за воздухопловство.
Предвидено е во рамките на целокупниот проект да биде вклучено финансирање, проектирање, изградба, оперирање и одржување на новиот аеродром на вода на Охридско Езеро.
„Владата на Република Македонија, преку постапка за доделување концесија или постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство, ќе избере приватен партнер или концесионер од приватниот или јавниот сектор кој ќе биде одговорен за имплементација и реализирање на проектот преку јавно приватно партнерство или концесија. Изјавата за интерес со краток опис на активностите на компанијата и копии од оперативните и финансиските извештаи од последните три деловни години, заинтересираните субјекти треба да ја достават 10 декември 2012 година", информираат од министерството.
Во објавеното меѓународно јавно барање е истакнато дека Охридско Езеро и Охрид се прогласени за светско наследство на UNECSO и претставуваат најпосетени туристички места во Македонија, а се потенцира и тоа дека со изградбата на аеродромот на вода ќе се овозможи подобра поврзаност на Охридското Езеро и градот Охрид со другите туристички дестинации на Балканскиот полуостров. Барањето е објавено во дневните домашните и меѓународни печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.
„Аеродромите на вода претставуваат атрактивен и корисен начин за туристите да патуваат од едно туристичко место до друго и со овозможувањето на изградба на таков аеродром во Охрид се очекува дополнително зголемување на бројот туристи", велат од Министерството за транспорт и врски.
Извор
Муабетов ми е во стил:
- Ак мојт општина Аеродром да направи езеро, зш да не мојме ние да напрајме аеродром на езеро?