Американскиот јавен долг се приближува до должничкиот плафон -- воспоставен од Конгресот во јули оваа година -- од 16.39 трилиони долари. Доколку владата не го подигне тој плафон, односно тоа огранничување, економијата на Америка ќе мора да претрпи мерки на штедење во вредност од 804 милијарди долари или 5.1% од БДП.
Според
US Debt Clock.org, американците се сеуште далеку од плафонот од 16.39 трилиони американски долари јавен долг, потребно е да набилдаат уште барем 339 милијарди американски долари јавен долг.
А ако зборуваме за националниот долг на американците, тоа е веќе друга приказна, но и таму американците сеуште се далеку од плафонот за околу 145 милијарди американски долари национален долг кои треба да ги набилдаат за да го допрат плафонот.
Ќе продолжат да штампаат пари малите држави ако се побунат одма ќе им отворат војна како на Ирак кој едно време реши да не прима долари и проба да ги смени државните резерви на долари за евра и злато. Големите држави се помалку штедат во долари, Кина на пример купува руда и челик, и пробува Јуанот да го направи светска валута, пред некој месец потпишаа договор со русите за наплата во јуани.
Лек нема, на балканот нас кој не прашуе и онака не не бива
Америка е во криза чиј излез не може да се бара во решенијата како 90тите минатиот век. Има нови(стари) играчи кои и колку и тие да се засегнати со светските економски текови и проблеми имаат нови адути да играат успешно во креирањето на светската геополитичка карта. Монтескјеовски гледано Америка ќе постапи како шо спомна FARANG...тоа е тоа.
Тоа колку што ме радува толку и ме плаши бидејќи за нас, како мала држава со големи проблеми и немање капацитет за менвање на фреквенција ќе не дотерват како им одговара во моментот.
Ако Кина успее да го направи кинескиот јуан светска валута, тогаш ќе има огромни бенефиции од тоа, ќе може конечно да го префрли на флуктуирачки курс, а евентуалната огромна побарувачка на кинески јуани ќе биде доволно за да Кинезите ја одржат ниската вредност на јуанот, а со тоа и ќе ги одржат ниски цените на производите кои ги извезуваат.
Но до тогаш, Кина ќе го остави кинескиот јуан на фиксен курс и вештачки ќе ја одржува ниската вредност на кинескиот јуан, за да паралелно со тоа останат ниски цените на производите кои Кина ги извезува.
А кога сме кај војување, секако дека има места каде што американците можат да "извезат" демократија. Тука е Сирија, каде што сакаат да го срамнат со земја Башар ал Асад, по можност на истиот начин на кој го соборија Моамер Гадафи во Либија - без судење и со масакрирање.
Понатаму, тука се и Пакистан, Јемен, Судан и се разбира, неизбежниот шампион во радикален ислам и заколнат непријател на Израел и на западните демократии - Иран.
Секако дека ако сакаат, ќе најдат американците бојно поле на кое ќе "извезат" демократија.
Но ако американски амбасадор и/или американски дипломати бидат убиени, односно буквално масакрирани, а борбените авиони и борбените хеликоптери се на само неколку милји од брегот и можат да интервенираат за помалку од 30 минути благодарејќи на брзината со која располагаат, но сепак претседателот на САД одбива да им даде зелено светло за да интервенираат, тогаш не смеат да интервенираат за да ги спасат сопствените дипломати, бидејќи немаат право да интервенираат на територија на суверена држава без дозвола од страна на самата суверена држава.
Мене ме јади што со нашиот јавен долг.
И мене исто, лично се надевам дека ќе се случи радикална промена на општинските и на градските администрации после редовните локални избори 2013 во Македонија, па ќе имаме градоначалници кои ќе се фокусираат на штедење и на трошење само на најосновни потреби како транспорт, водовод, канализација и урбано уредување, а не фрлање на народни пари, од кои голем дел се позајмени пари, на споменици, на административни згради, на панорамски тркала, на вртелешки, на огради за мостови вредни над 1 милион и 200 илјади евра и ред други тотално непотребни глупости.
А после останува да се надеваме дека ќе имаме и радикална промена во државната власт после редовните претседателски избори 2014 и после редовните парламентарни избори 2015 и дека новата државна власт ќе се фокусира на раздолжување на државата, а не на уште поголемо задолжување и фрлање на народни пари на тотално непотребни глупости.
Има, намалуване на трошоците, изплата на дел от долгот во период на една децениja некаде.Друг начин е штампане на пари и инфлациja.
Како ке се отрази тоа - нова светска рецесиja и една икономска нестабилност во наредните 5-10 години.
Нема да го гледаме тој филм за намалување на трошоците и исплатување на долговите.
Токму Мит Ромни велеше дека се залага за балансирање на буџетот на САД и за намалување на непотребните трошења, а токму американците на последните редовни претседателски избори во САД кои се одржаа на 6 ноември 2012, му одговорија на Мит Ромни со:
Не, благодарам.
Очигледно американците почнуваат се повеќе да се навикнуваат на бесплатни работи, како што беа 1 милион бесплатни ајФони кои изборниот штаб на Барак Обама им ги подари за време на изборната кампања.
Но добро, тие ајФони беа платени со парите кои Барак Обама ги собра за својата изборна кампања, не беа платени со народни пари.
Но боновите за храна, социјалната помош, а и задолжителното здравствено осигурување кое ќе стапи на сила во САД во 2014 година, се платени со народни пари и дефинитивно не се бесплатни.
Американците стануваат зависници од сопствените убедувања дека како граѓани на САД им следува нешто бесплатно, дека државата е должна да се грижи за нив.
Само полнат нов балон со долгови, кој кога ќе пукне, последиците ќе бидат многу потешки отколку последиците кои САД и светот ги претрпеа откако пукна балонот со долгови од кредити и од хипотеки во 2008 година.
А некои американски фирми веќе се подготвуваат за да се соочат со новите даноци и со новите долгови кои ќе им ги набилда задолжителното здравствено осигурување кое ќе стапи на сила во 2014 година, на најлесниот и наједноставниот начин општо познат - со отпуштање на вработени:
http://www.theblaze.com/stories/how...gs-or-lay-offs-since-obama-won-a-second-term/
How Many Businesses Have Announced Closings or Layoffs Since Obama Won A Second Term?
Posted on November 8, 2012 at 9:29pm by
Mike Opelka
Do elections have consequences? If you have been
paying attention to the financial markets, you might think so. Wall Street has had two horrible days since President Obama won a second term.
However, stock prices are not the only thing taking a hit. It appears that the job market is also suffering. In the last 48 hours, the following major corporations have announced layoffs in America (links take you to news stories about the layoffs – with details from the companies):
Листата на фирми кои најавуваат отпуштања е долга, па затоа не ја објавив во цитатот, истата листа може да се види на страницата кон која води линкот кој го објавив над насловот на статијата.