Шверцање во автобуси на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalap Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Еден лик од кај мене кој редовно си се шверца си прави некоја чудна тактика. А влезе контрола он ја накривува главата вади пола јазик од уста и се прави дете со посебни потреби. Никад до сега не платил карта за факс никој не му ја разбил форава.
Мене во основно ме има фатено и ме има однесене во Сарај да перам автобус. Само што се симнав се претворив во Усаин Болт и трчав преку железниот мост низ Ѓорчепетровските улици и за миг им киднав.
На факс си одам со точак и бус, кога не ми беше мажена комшиката редовно имав превоз, ама некој гилиптар ја ожени и мораше да се пресели па така изгубив и превоз. Факт е дека картата (одење и вракање) одзема од буџетот ама се мора друже што да правиме.

Дај не претерувајте со муабети врати се од каде што си дошол. Не ми се правите стари Скопјани да бркате некого, а пола и повеќе од вас од некое место се дојденци. Секој сам ќе си одлучи каде ќе оди. Пензионерите направиле за државата, добиле пензија и тоа е тоа завршена приказна. Кога веќе владата го субвенционира редовно ЈСП а ЈСП прибира пари од реклма, зашто пола и повеќе автобуси им се брендирани може да фрлат некоја паричка повеќе да обезбедат и бесплатен превоз за студенти. Наместо 1500 административци да седат дома и да земаат плата ете ги парите за студентите и субвенции.

До ВЛАДАТА: Како што гледате гласачко тело во пензионерите, така и студентите ви се гласачко тело, но и иднина на оваа држава или не беше тоа така. Ах не и тогаш Лазар му рече на маршалот, иднината на младите останува ама од кога ќе остарат.....
Многу добро кажано ... Истото го кажав и јас но со различни зборови. Учев во Коце и еднаш во 1 ва година многу многу не разбирав и се качив во 55 ка, седнав на средина, беше единечна. Се качува контрола си куцнува само напред карта, доаѓа до задна врата и на следната автобуска си се симнува без да провери на никој ... А, позади имаше едно 8,9 души да бидам културен и да ги наречам Албанци кој грицкаа сончоглед и си фрлаа доле. Автобусот беше како свињарник, контролорот само ги погледна и си се симна ... А, кога ќе се качат во нашиве автобуси не дај боже нога да имаш кренато ќе се утепаат од викање, а не па да фрлиш ѓубре. За тоа како што кажав кога ќе дојде време да биде за сите исто и јас ќе си куцам карта, а до тогаш НИКОГАШ.
 
Сигурно? Доаѓате за да студирате во Скопје или да акате по дискотеки и кафичи, по цела вечер, баш ме интересира. А и како немате време ги рушивте студентските домови од клецање. :icon_lol: Ќе дојдат овде во Скопје и мислите којзнае каде сте..
images

На некој му е криво што уште не изгубил невиност ???

Иначе ... Совет за шверцање .... Во кинескиве стој си на задна врата најмалку влегуваат таму а и лесно е да излезеш кога ќе се качат од станица...
Практични совети со кои се служам:
Имај си карта купена од трафика (зелените) скини ја (откако ќе ја искористиш секако) кај шо е коцката со бројка и чувај си ја у новчаник ... Ако те фатат кажи била свиткана па си ја дал на шоферот и ти ја скинал .... Никад не ја проверуваат приказната .....
Втора опција која ја користам - имам карта за 10 возења на која имам останато уште едно возење од едната страна ... Од другата страна не се читаат ни бројки ни букви кај шо е искористена картата па и да сака не може да види кога и дали си ја поминал ... За оваа опција ќе треба малку и да се расправаш со контролата, како демек шо си ти крив шо апаратот им е стар, не остава мастило и сл ... Али шо ќе ти прават , или те пуштаат или одиш и го титкаш тоа што ти стои од другата страна .... Кај мене функционира ова веќе 4 месеци безпрекорно ....
 
Сироти вие, 30 денари биле многу, али затоа секој викенд искачање обавезно, обожавам вакви теми каде што се глуми сиротиња до екстремен степен.
Така е момче. дошле за 30 денари да се циганчат.
Најмалце се работи за сиромаштија или за сирачиња, туку на денот кога ќе влезе контрола во 55 ка и ќе им пише казна на сите што немаат карти јас ќе почнам по 2 карти да куцам. Не е некој паметен, а некој будала ... ;)
Доколку тие се корупки,тоа не значи и ти да бидеш корупка. Сепак како покултрен народ би требало да даваме пример.
А пензионерите,па тие цел живот имаат работено и придонесувано, така речено со нивни пари е изграден ЈСП - само придонеси, давачки, секоја фирма порано оделуваше пари за претпријатие од јавен интерес. Така да не држи вода мисењево, но доколку те прават побогат 30 денари, и мислиш дека со тоа го рушиш системот, и се бунтуваш против истиот не плаќај.
Но имај едно во предвид, кога тогаш ќе го платиш секое бесплатно возење, овака или онака.
 
Поштено шверцај си се, ич да не ти е гајле. Израчунај си. Казна мислам дека е 200 денари. Значи ти се исплати да се шверцаш ако плаќаш казна на секое осмо возење или поише. Значи се шверцаш некое време и гледаш дали ќе те фати контрола почесто од тоа. Ако плаќаш казна почесто, значи не ти се исплати.
 
Така е момче. дошле за 30 денари да се циганчат.

Доколку тие се корупки,тоа не значи и ти да бидеш корупка. Сепак како покултрен народ би требало да даваме пример.
А пензионерите,па тие цел живот имаат работено и придонесувано, така речено со нивни пари е изграден ЈСП - само придонеси, давачки, секоја фирма порано оделуваше пари за фирми од јавен интерес. Така да не држи вода мисењево, но доколку те прават побогат 30 денари, и мислиш дека со тоа го рушиш системот, и се бунтуваш против истиот не плаќај.
30 не ме прават побогат секако, но 1 050 ме прават. Ако ти се корупки, како што ЈСП имаат муда да пуштаа контрола со полицајци во Пинтија и да пишуваат казни на тие што се помалце снаодливи и што не си го бранат своето нека имаат му*а тоа да го прават и во 55ка. Како и да е ќе си стојам јас на моето, а исто така ги сфаќам и другите. Не може цел живот некој да се влече така на грбот на другите. Иначе го отековте со тие пензионери. Не е дека работеле и дека оставале туку како што кажаа и повеќето се работи за интерес и за добивање плус гласови на избори.
 
Ако дошло 105о денари да те прават побогат, тогаш незнам што да ти кажам, тоа не се ни 15 литри бензин. А ваму имаш неограничен број на возења во сите правци цел месец.
За пензионерите што се однесува тоа е само твое мислење, што се однесува до мене тие заслужиле да се возат бесплатно. Поради погоре наведените причини.
 
Ако дошло 105о денари да те прават побогат, тогаш незнам што да ти кажам, тоа не се ни 15 литри бензин.
За пензионерите што се однесува тоа е само твое мислење, што се однесува до мене тие заслужиле да се возат бесплатно. Поради погоре наведените причини.

1050 ден ти се неделен буџет кај 80 % студенти ....
Не зборувај за нешто што не си поминал или осетил на своја кожа ........
 
Ако дошло 105о денари да те прават побогат, тогаш незнам што да ти кажам, тоа не се ни 15 литри бензин. А ваму имаш неограничен број на возења во сите правци цел месец.
За пензионерите што се однесува тоа е само твое мислење, што се однесува до мене тие заслужиле да се возат бесплатно. Поради погоре наведените причини.
Иначе со тие 1050 денари ќе го пројдам цел месец за јадење. Ако за тебе не се ништо, јас си ги ценам парите... Иначе знам колку и како е бензин но зошто да ги давам кога можам да ги заштедам или па да ги потрошам за јадење?
 
Студент сум и никогаш се немам шверцано во автобус.
24522716.jpg
 
Немој толку да се вознемируваш, те молам.
Основецот и средношколецот не се продуктивни, нивните родители работат за нив и парите кои ги трошат се на нивните родители. Децата се осигурани здравствено преку родителите и преку данокот кој родителите го плаќаат.
Студентот што и да плаќа, 90 проценти, пак е на трошок на родители, баби и дедовци.
А како студентот сега (а ученик до пред 1 година) плаќал данок?
Данокот кој го плаќаат родителите за него, не го рачунаме.
Забораваш дека постојат студенти и средношколци со летна или викенд работа во местата на студирање и така финансирале студии.Еве во Охрид во секој угостителски објект барем по еден студент од страна во персоналот, надвор од летна сезона.Се поголем е бројот на такви луѓе.
За тие средства платени со пари од родители, нека добијат родителите бесплатен превоз, ако се негде 55-60 години блиску се со пензионерите по давачки...

Јас се изјаснив дека сметам дека треба студентите да добијат бесплатен градски превоз, но далеку од тоа дека пензионерите не треба.Реално, тие најдолго го полнат буџетот.
Eee во нешто се согласуваме, барем во основата:) Големината на системот е да добиваш поддршка, а не само обврски и цедење.Ако едни добијат нешто бесплатно, а други не, ќе си најдат начин ‘да се снајдат‘ веројатно поради некоја дискриминација.А постојат и ‘полоши‘ категории од пензионерите во користењето ‘бесплатен‘ превоз.
 
Ако мува не те лази коога ке те фати контрола, ако немаш срам шверцај се.
Јас извадив месечна во понеделникот (и тоа накај 7 вечерта) и утредента на факултет ја изгубив. После морав од Кисела вода до Карпош 4 да одам и си реков ај може нема да има контрола и плус ке им кажам што е и како е работата па ке поминам. Наредна станица оп контрола-ниту ги видов кога влегоа. Му објаснувам што е работата ама неќе да чуе (во право беше човекот), веќе бев решен да му платам 200 денари само да не ме гњави ама ме сецна една случка што ми се деси во 2ка и од инат му реков дека неам ни пари а ни лична карта. Свесен беше дека го лажам ама не попуштав и така ми дозволи да стигнам до крај т.е. не ме симна. Денес за среќа една колешка ми ја даде слободната, она ја нашла на факултет и за назад со 2ка пак контрола и пак иста песна-пола автобус нема карти, контролот не се замара со нив-си ги пушта како деца да му се.
Како и да е грдо е чувството кога ке те фатат. Ако можеш да си останеш ладнокрвен после контролата слободно шибај и ич да не ти е гајле дали си крадел од државата или не. ;)
 
Иначе со тие 1050 денари ќе го пројдам цел месец за јадење. Ако за тебе не се ништо, јас си ги ценам парите... Иначе знам колку и како е бензин но зошто да ги давам кога можам да ги заштедам или па да ги потрошам за јадење?
Жити се кажи од каде купуваш за јадење,и јас би сакал да ми стигаат 1000че за 30 дена за јадење :eek:
 
Ако дошло 105о денари да те прават побогат, тогаш незнам што да ти кажам, тоа не се ни 15 литри бензин. А ваму имаш неограничен број на возења во сите правци цел месец.
За пензионерите што се однесува тоа е само твое мислење, што се однесува до мене тие заслужиле да се возат бесплатно. Поради погоре наведените причини.
Студент сум и воедно не сум сопственик на превозно средство на бензин ниту некој во мојата фамилија е така да не знам колку бензин вредат тие пари така да неможам да штедам на бензин а да дадам за автобус, тоа што го знам е дека 1050 денари ме прават значително побогат месечно, и дека студентот има подеднакво толку право, ако не и повеќе од пензионерот да се вози бесплатно барем еден ден во неделата.
 
Жити се кажи од каде купуваш за јадење,и јас би сакал да ми стигаат 1000че за 30 дена за јадење :eek:
Не знам како успеа да ги израчунаш 30 дена за јадење... За деновите кога идам на факс зборев, али како и да е сигурно си имал 5 ка математика, или па студираш на ФИНКИ (y)
 
Не знам како успеа да ги израчунаш 30 дена за јадење... За деновите кога идам на факс зборев, али како и да е сигурно си имал 5 ка математика, или па студираш на ФИНКИ (y)
Па види погоре како си напишал:
Иначе со тие 1050 денари ќе го пројдам цел месец за јадење.Требало да прецизираш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom