Шверцање во автобуси на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalap Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено никогаш не ме има фатено инсепкција и кога сум имал и кога сум немал карта (ова зборам кога се возев активно со автобус)... Многу малку се шверцам, а уште поретко и се возам со автобус (еднаш во 3 месеци во екстремни ситуации)...
 
Културно ќе се запишеш на Кик- Бокс, ти доаѓа контрола 2-3 шамари и ти ги прашуваш дали имаат карта :) хахахахахах
 
Интересна тема... Баш како погодена за мене... Студент сум, али уште се возам со таа ланската од 4 та година... Знам дека им дадоа нови но си терам уште ... Ако има контрола во автобусот се праам божем брцам во џебови и ќе си продолжам... А, ако ми се качат од после некогаш викам се качив на предходната станица, за 1 станица ќе се симнам или па глумам дека спијам или на крај краева се карам до крај и не плаќам. Ме имаат повеќе пати фатено така, само еднаш ми имаат пишано казна ама тоа беше кога бев 1 година во месец Септември пошто не се знаеше уште дали ќе ни даваат слободни без пари. Кога ми ја пишаа казната на контролорот му реков терај си слободно и не очекувај дека ќе ти ја платам иако тој ме убедуваше до 21 саат да сум му однел пари на железничка. Иначе уживај си и да ти пишат казна не се потпишувај ти и нема да имаш никаков проблем. Само што излегов од бус ја искинав, а дома еве веќе 3 год и повеќе ми нема ништо стигнато, што значи не ги праќаат. :D
Сега е малку построго, гледај само да не ја наебеш да има и џандари надвор на автобуската пошто гледам и така прават, ама еднаш се извадив јас реков дека татко ми е шофер и дека сум ја заборавил слободната. Ќе се информираш име и презиме на некој комшија или што и да е што е шофер па ете ти +правдање. Зависи од ситуација што ќе искористиш.
Баш денес кога си идев од систематски ми се погоди контрола во бус бев со другар од факс и само ни рекоа дечки имате слободни, ние рековме да и рекоа добро, не ни побараа да ги видат. (y)
 
Пензионерите допринеле во минатото и тоа не треба да се заборави така да покрај јадните пензии мислам дека заслужуваат бесплатен превоз од неколку километри. Студентите и средношколците можат и пешки да се превезуваат. Инаку баш последниве две групи се најголеми паразити во нашава држава.
офтопик:
Пензионерите се водечка гласачка машина и тука завршува целиот муабет.. Во моменталната генерација на студенти не вреди да се инвестира пошто веќе имаат изградено мислење за политиката, или се неопределени и не се замараат. Во средношколците и основците тек се инвестира со цел градење мислење на долг план <3 Тоа е нашата мила Македонија...


А до пријателот за шверцот, во 80% од случаевите ќе се протнеш али у остатокот ќе наплатиш и за тоа така да нема некоја тактика пошто моментално контролата е зголемена за 200% (трефнато..) од порано и си вадат пари од тоа пошто сега има и полиција по автобусиве. Така да брат муабетот ти е - Иде дунав.
 
Сироти вие, 30 денари биле многу, али затоа секој викенд искачање обавезно, обожавам вакви теми каде што се глуми сиротиња до екстремен степен.
 
Сироти вие, 30 денари биле многу, али затоа секој викенд искачање обавезно, обожавам вакви теми каде што се глуми сиротиња до екстремен степен.
Најмалце се работи за сиромаштија или за сирачиња, туку на денот кога ќе влезе контрола во 55 ка и ќе им пише казна на сите што немаат карти јас ќе почнам по 2 карти да куцам. Не е некој паметен, а некој будала ... ;)
 
Муабетов пак се изврти во правец џоа само ние провинцијалциве се шверцаме, вие тука поштено секогаш си куцате карта, пошто нели такви се правилата на игра во Скопје! Или научи се или правец дома! Нема лабаво!
А за тоа дека се шверцам за да заштедам пари за да можам да се пијанчам секој викенд по најелитните дискотеки во метрополава, мало морген. Пак ќе речам, 90% од мрчаторите на темава никогаш немале ограничен буџет за да ја сфатат големината на тие 1000 денари.
На крај краева мајку му, снаодливост. Како што 90% од вас препишуваат на испит кога ќе им се укаже прилика, така и ние. Вие за оцена, ние за пари. ;)
 
Кој трошок е студентот на државата?Со плаќање партиципација и глупи расходи?Со плаќање за студентски дом?Со партиципација за средно?Со бесплатни екскурзии и менза?
А студентот би создал нешто ако постојат нормални услови.Создале дел студенти и во вакви услови па го рокнале 3250 евра казна и отиде бизнисот.
Немој толку да се вознемируваш, те молам.
Основецот и средношколецот не се продуктивни, нивните родители работат за нив и парите кои ги трошат се на нивните родители. Децата се осигурани здравствено преку родителите и преку данокот кој родителите го плаќаат.
Студентот што и да плаќа, 90 проценти, пак е на трошок на родители, баби и дедовци.
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 12:00 ---
PurplePuma
на крај краева студентот нема никакви примања а пензионерите имаат нели? за џабе идат реклами знаењето е сила знаењето е моќ? студентот патува 5 дена во неделата до факултет и назад. пензионерот секој ден ли се вози у автобус?
Јас се изјаснив дека сметам дека треба студентите да добијат бесплатен градски превоз, но далеку од тоа дека пензионерите не треба.
Реално, тие најдолго го полнат буџетот.
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 12:01 ---
Болдот. Сигурна си дека немаат ништо створено? Или пак дека немаат данок плаќано?
А како студентот сега (а ученик до пред 1 година) плаќал данок?
Данокот кој го плаќаат родителите за него, не го рачунаме.
 
На пензионерите треба да им се воведе три пати поскапа карта само за да не одат на доктор за секакви тип „ми се качи вчера притисокот, не ги пијам апчињата што ми ги препишаа, викаш ќе е до тоа?“ на глупости.
 
Муабетов пак се изврти во правец џоа само ние провинцијалциве се шверцаме, вие тука поштено секогаш си куцате карта, пошто нели такви се правилата на игра во Скопје! Или научи се или правец дома! Нема лабаво!
А за тоа дека се шверцам за да заштедам пари за да можам да се пијанчам секој викенд по најелитните дискотеки во метрополава, мало морген. Пак ќе речам, 90% од мрчаторите на темава никогаш немале ограничен буџет за да ја сфатат големината на тие 1000 денари.
На крај краева мајку му, снаодливост. Како што 90% од вас препишуваат на испит кога ќе им се укаже прилика, така и ние. Вие за оцена, ние за пари. ;)
:cuc::cuc::cuc:
 
Абе нема чоек што се нема шверцано да се разбереме. И ние што сме од Скопје у некоја прилика се шверцаме а и вие од другите градови.

Јебига бе,трошоџи ваму таму,некад нема да ти се најдат тие 35 денари у џеб па мораш да идеш на ризик.
Дечкиве што се од други градови ги разбирам,јбг има луѓе што едвај крпат крај со крај,пратиле деца на факс тука(трошоци) башка за дома трошоци(нема ваљда сол и леб да јадат само) и не стига кешот.
Живееме у држава каде што тие што крадат си живеат живот,си возат количиња,струја/вода не плаќат,диско им е секоја вечер а сеа ако некој студент не искуца карта демек ќе пропадне државата.
Студентите треба да имаат бесплатен превоз исто како и пензионерите ама Николче не мисли така но пензионерите ја прекардашија веќе,значи ќе се сретнат две баби на улица и иде вака:
Стојна: Персо кај ке ојш мори?
Перса: Ооо Стојне,ево накај дома,ти?
Стојна: Што ќе праиш дома мори,дојди ќе шетамо,споменици ни турива,жицарницу ајде дојди
Перса ќе се согласи и така иде тоа,овие две ќе соберат уште две,па уште две и правац Водно па после пазар па плоштад па Сити Мол па и у Бриколаж ќе идат за да не останат покуси па Водно па пак пазар и на крај дома.

Башка да не спомнувам дека контролава(претежно се албанци) не ги казнува тие нивните,2-3 збора на неразбирлив јазик и ќе го јаде некое македонче што понатака у ќош се тресе пошто нема карта.

Сеа откако дојдоа новиве автобуси поише контрола има,влагаат по 4ца и тешко се избегнуваат ако не си ги приметил на време,па секое шверцање ти е ризик.
Но кога се нема и шверцот е една од опциите.

И за крај не ги осудувајте и исмевајте луѓево од другите градови,којзнае можеби некогаш ќе се најдете и во нивна ситуација.
Со нашиов стандард тешко е и да се дозволиш факс а башка се трошоците што идат уз него(а огромни се) па секој мора да се снаоѓа како што знае и умее.

А најсмешен коментар ми е: Немојте,така ја крадете само државата.
Ја крадеме?
Па не утепаа тие нас бе,вреќи со пари имаат по сефовите од нас..
 
Добро бе луѓе една работа не разбирам, се препукувате меѓу себе за глупости.
За шверцување во автобус, вие меѓу себе се поделивте помеѓу Скопјани и сите други останати, како они да немаа некое значење. Цел мој живот живеам во Скопје и во ниту еден момент, не сум ги прекорил или навредил тие што се од друг град.
Како што рече Емкаа, 1000 денари не се малку кога си со ограничен буџет.
Сите сме се шверцувале, и јас тоа сум го практикувал кога навистина сум бил во тесно и кога сум штедел пари за друго ( не за цигари ) бидејќи не пушам.
Јас секој ден се возам со автобус, бидејќи факултетот и не ми е баш блиску, но сега имам слободна, едноставно ми е срам да ме фати контрола, не за друго тие ќе те посрамотат пред цел автобус.
Веројатноста да ти се качи контрола е 50 - 50. Или имаш среќа или немаш.

Вие тука ги смешавте и пензионерите.

Дедо ми цел негов живот работел за државата, и мислам дека сега барем толку заслужуваат, не викам дека не ме нервираат во Вторник, Петок, сега и Сабота, ми иде да фатам да ги вадам еден по еден од автобус, но се воздржувам.
Пензијата пензионерите ја добиваат од вработените, бидејќи тоа се одбива од платата.
Се се врти во круг, Дедо ми го школувал Татко ми, сега на Татко ми му одбиваат од плата за неговата пензија.
Татко ми ме школува мене, кога јас ќе се вработам, истото и мене ќе ми се случува.

Ама кој да го сфати тоа.

И после ќе сме оделе назад, епа ќе одиме.
 
Еден лик од кај мене кој редовно си се шверца си прави некоја чудна тактика. А влезе контрола он ја накривува главата вади пола јазик од уста и се прави дете со посебни потреби. Никад до сега не платил карта за факс никој не му ја разбил форава.
Мене во основно ме има фатено и ме има однесене во Сарај да перам автобус. Само што се симнав се претворив во Усаин Болт и трчав преку железниот мост низ Ѓорчепетровските улици и за миг им киднав.
На факс си одам со точак и бус, кога не ми беше мажена комшиката редовно имав превоз, ама некој гилиптар ја ожени и мораше да се пресели па така изгубив и превоз. Факт е дека картата (одење и вракање) одзема од буџетот ама се мора друже што да правиме.

Дај не претерувајте со муабети врати се од каде што си дошол. Не ми се правите стари Скопјани да бркате некого, а пола и повеќе од вас од некое место се дојденци. Секој сам ќе си одлучи каде ќе оди. Пензионерите направиле за државата, добиле пензија и тоа е тоа завршена приказна. Кога веќе владата го субвенционира редовно ЈСП а ЈСП прибира пари од реклма, зашто пола и повеќе автобуси им се брендирани може да фрлат некоја паричка повеќе да обезбедат и бесплатен превоз за студенти. Наместо 1500 административци да седат дома и да земаат плата ете ги парите за студентите и субвенции.

До ВЛАДАТА: Како што гледате гласачко тело во пензионерите, така и студентите ви се гласачко тело, но и иднина на оваа држава или не беше тоа така. Ах не и тогаш Лазар му рече на маршалот, иднината на младите останува ама од кога ќе остарат.....
 
Epics™
Идеме малку офтопик али ај,ќе ни прогледаат низ прсти.

Неам ништо против пензионерите,нека се возат ама они ја претеруваат.
Дедо и баба иам и ја дома,пензионери,заслужиле барем бесплатно да имаат автобуси ама кај мене дедо ми 1 месечно иде по лекови со таков автобус и толку. Нит знае кај е Бриколаж,нит знае за Сити Мол нит бил да се слика пред споменици.
Мислам ме сфаќаш..
 
Epics™
Идеме малку офтопик али ај,ќе ни прогледаат низ прсти.

Неам ништо против пензионерите,нека се возат ама они ја претеруваат.
Дедо и баба иам и ја дома,пензионери,заслужиле барем бесплатно да имаат автобуси ама кај мене дедо ми 1 месечно иде по лекови со таков автобус и толку. Нит знае кај е Бриколаж,нит знае за Сити Мол нит бил да се слика пред споменици.
Мислам ме сфаќаш..
Знам знам те сфаќам, иста ситуација е и кај мене. Тоа е, ништо не можеме ние да направиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom