Искрено никогаш не ме има фатено инсепкција и кога сум имал и кога сум немал карта (ова зборам кога се возев активно со автобус)... Многу малку се шверцам, а уште поретко и се возам со автобус (еднаш во 3 месеци во екстремни ситуации)...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
офтопик:Пензионерите допринеле во минатото и тоа не треба да се заборави така да покрај јадните пензии мислам дека заслужуваат бесплатен превоз од неколку километри. Студентите и средношколците можат и пешки да се превезуваат. Инаку баш последниве две групи се најголеми паразити во нашава држава.
Најмалце се работи за сиромаштија или за сирачиња, туку на денот кога ќе влезе контрола во 55 ка и ќе им пише казна на сите што немаат карти јас ќе почнам по 2 карти да куцам. Не е некој паметен, а некој будала ...Сироти вие, 30 денари биле многу, али затоа секој викенд искачање обавезно, обожавам вакви теми каде што се глуми сиротиња до екстремен степен.
Немој толку да се вознемируваш, те молам.Кој трошок е студентот на државата?Со плаќање партиципација и глупи расходи?Со плаќање за студентски дом?Со партиципација за средно?Со бесплатни екскурзии и менза?
А студентот би создал нешто ако постојат нормални услови.Создале дел студенти и во вакви услови па го рокнале 3250 евра казна и отиде бизнисот.
Јас се изјаснив дека сметам дека треба студентите да добијат бесплатен градски превоз, но далеку од тоа дека пензионерите не треба.PurplePuma
на крај краева студентот нема никакви примања а пензионерите имаат нели? за џабе идат реклами знаењето е сила знаењето е моќ? студентот патува 5 дена во неделата до факултет и назад. пензионерот секој ден ли се вози у автобус?
А како студентот сега (а ученик до пред 1 година) плаќал данок?Болдот. Сигурна си дека немаат ништо створено? Или пак дека немаат данок плаќано?
Муабетов пак се изврти во правец џоа само ние провинцијалциве се шверцаме, вие тука поштено секогаш си куцате карта, пошто нели такви се правилата на игра во Скопје! Или научи се или правец дома! Нема лабаво!
А за тоа дека се шверцам за да заштедам пари за да можам да се пијанчам секој викенд по најелитните дискотеки во метрополава, мало морген. Пак ќе речам, 90% од мрчаторите на темава никогаш немале ограничен буџет за да ја сфатат големината на тие 1000 денари.
На крај краева мајку му, снаодливост. Како што 90% од вас препишуваат на испит кога ќе им се укаже прилика, така и ние. Вие за оцена, ние за пари.![]()
Знам знам те сфаќам, иста ситуација е и кај мене. Тоа е, ништо не можеме ние да направиме.Epics™
Идеме малку офтопик али ај,ќе ни прогледаат низ прсти.
Неам ништо против пензионерите,нека се возат ама они ја претеруваат.
Дедо и баба иам и ја дома,пензионери,заслужиле барем бесплатно да имаат автобуси ама кај мене дедо ми 1 месечно иде по лекови со таков автобус и толку. Нит знае кај е Бриколаж,нит знае за Сити Мол нит бил да се слика пред споменици.
Мислам ме сфаќаш..