Шверцање во автобуси на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalap Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Антоние Cool analiza :cool::cool:
Inaku tatko mi raboti kontrolor (vekje 20 godini) vo JSP i mu dadov da ja procita temava.:D:D
Posle citanje na razni glupi komentari zaklucokot mu bese deka dokolku gi slusate sovetive od temata vo sekoj slucaj ke go jadete :P:P
Mu rekov i ako fati nekoj student od Prilep da ne go pusta bez 1000ce:D:D
 
Антоние Cool analiza :cool::cool:
Tatko mi raboti kontrolor (vekje 20 godini) vo JSP i mu dadov da ja procita temava.:D:D
Posle citanje na razni glupi komentari zaklucokot mu bese deka dokolku gi slusate sovetive od temata vo sekoj slucaj ke go jadete :P:P
Mu rekov i ako fati nekoj student od Prilep da ne go pusta bez 1000ce:D:D

Да, размислував дека такво нешто може да се случи ако го напишам ова тука.

Слободно дај на кој сакаш да чита. Мојот систем е непогрешлив. Што ќе направи татко ти, ќе ме чека на средна? Додека тој да стапне во автобусот, јас ќе бидам на пет метра од автобусот.

:cool::cool:
 
И после другиот дел од државава немале леб да јадат. Па нормално, се шверцаат луѓето по автобуси. Иди во Италија, Германија шверцај се.
Штом имаш пари да ги плаќаш студиите и сместувањето и шетањето во градов, сигурно имаш пари и за автобус. ;)

Какви математики терате алал да ви е. Кај се бе 1000 денари месечно малце? Си раководел ти некогаш со сопствен буџет кога секој денар ти е броен? Па и да не си студент од внатрешноста 1000 денари сигурно не би ги платил кога има начин да ги заштедиш.
Он : Залепи се до врата и гледај на секоја станица. Во никој случај не се качувај горе на кинеските, колку и да ти е долга релацијата. Многу се лесни за распознавање, обично одат во пар и имаат такви намрштени фаци што нема шанси да ги утнеш. И многу често забораваат да ги скријат тие картиците за идентификација што им се,мада ако си го приметил ова во автобусот веќе е касно :D
Јас си се шверцам често вака, факултетот ми е оддалечен 3 станици па кога каснам или е ладно си практикувам вака....:rolleyes:

GTFO, колку пати досега си платил за карта?
 
Генерално овие автобусиве што се движат по бивши иво лола рибар и илинденска ретко имаат контроли.
 
Мислам дека ти реплицирав дека у петка на секои два дена има контрола.......батали ти тоа иво лола рибар, најлесно се вадат пари од таму.
 
Го пишувам ова затоа што мислам дека е огромна перверзија една држава да плаќа бесплатно возење за пензионери кои не можат да допринесат ништо за општеството, а во исто време ги занемарува и запоставува средношколците и студентите кои се силата, иднината и мозокот на државата. Не оправдувам шверцање. Ако си некој што е вработен и зима плата, тогаш шверцањето е шамар за твоето достоинство. Со ова кажано, ако си студент што неможе да сврзе крај со крај или личност што постојано нема доволно кинта за у град, тогаш ова е еден од начините на кој можеш да заштедиш доста парички. Ако си некој што си се нашол без пари а не се возиш често во автобус, прашај го возачот дали може да те превезе две-три станици. Ако си културен најчесто се согласуваат.

Најчесто се шверцам во зимо кога има снег или е ладно и кога врне. Пошто обожавам да пешачам често шетам до факултет или одам со точак се додека дозволува климата. Овака правам уште откако почнав со факултет. Досега ме имаат фатено само двапати. Финтата е постојано да ги познаваш сите кривини и станици во рутата. Контролорите не носат веќе елеци туку носат кежуал облека. Лесно се препознаваат затоа што се двајца или тројца мажи што заедно чекаат автобус без кеси од пазар, и во работничко-кежуал облека (доста невообичаено, затоа што повеќето возрасни мажи имаат коли, а и да немаат нема ваљда у друштво да одат со автобус).

200 метра пред постројката ќе гледаш низ прозор да ги измеркаш сите што чекаат на станицата. Ако приметиш некои такви што не се вклопуваат со останатите младичи. баби и дедовци, полека и смирено, без паника си стануваш и излегуваш од автобусот. Се разбира, ова не е 100% издржлив систем затоа што контролорите понекогаш (иако ретко) знаат да се качат на сред улица. Како генерално правило, седнувај на првото седиште од десно после втората врата затоа што во исто време седиш повисоко и гледаш подобро кој чека на станица, на добро место си што значи можеш најсмирено за две секунди да излезеш од автобусот. А и плус седиш, иако ова не го препорачувам.

Е сега секој автобус си е приказна сама за себе.

Југословенските се прилично поволни затоа што имаат 3+ врати. Можеш да влезеш од каде сакаш, ако има место и ти се седи седнуваш на првото седиште после втората врата а пред третата врата. Ако тоа е зафатено, застануваш пред втората врата. Не оди позади, и не седнувај на никое друго. Затоа што е двоседно седиште, ако некој сака да седи до тебе, стани за да седне до прозор, затоа што инаку ќе бидеш затворен. Кај овие автобуси прозорите знаат да бидат проблем затоа што се често немиени и помали во споредба со модерниот или украинскиот автобус.
Овие автобуси ги ставаат најчесто на селски линии каде што се ствара огромна гужва. А бидејќи контролорите се прилично мрзливи луѓе, најчесто избегнуваат да влегуваат во автобуси каде што не се дише. Имајте го и ова на ум.

Модерните се исто така доста поволни затоа што имаат три врати. Тие се исто така поволни затоа што второто седиште после средната врата (ова нашето) е значително издигнато заради каросеријата на тркалото што значи дека можеш да добиеш супер поглед кој чека на станица. Исто така уште еднаш, бидејќи се двоседни, ако не можеш да седнеш на тоа за брзо бегање, воопшто не седнувај. Исто така добро седиште е последното од самите пред втора врата од лева страна. Ако и ова е зафатено стој на средна. Прозорите се големи, така не би требало да имаш проблем да гледаш све што се дешава надвор на постројка. Штета што се се поретки и поретки.

Украинските се не толку поволни затоа што нема добро место за седење. Второто седиште од средната врата кај овие е спуштено, така да не препорачувам да седите на него. Кај овие најдобро место е кај потпората за стоење што се наоѓа кај местото за стоење кај средна врата. Стоење и седење на ниедно друго место. Колку и да има гужва никако не се тргајте од средна врата. И кај овие автобуси стаклата се супер. И овие полека ги снемува.

Кинеските(двокатните) се вистински кошмар. Имаат две врати, неквалитетни стакла на кои после еден дожд не се гледа ништо надвор. Немаат место за стоење и се ризични затоа што вратата од каде што ќе влезат контролорите е истата од каде што ќе треба да излезеш ти. Како генерално правило овие ги избегавам како инкасација. Ако веќе морате да се возите во овие, седнете на првото двоседно седиште од страната за бегање. Стоењето кај средната е малце непријатно затоа што ако си повисок физикус ќе треба да се веднеш на секоја станица и многу е чудно. Горе никако.

Како финален совет, ако си испод 16 години, кога ќе се шверцаш не носи ништо во тебе, пари никако затоа што претресуваат и ќе ти ги земат парите. Ако си над 16 години и те фатат. и имаш лична карта, најдобро е да си платиш 200 денари. Мене ми се има случено да ме фатат и да им киднам низ задна затоа што возачот заборави да не отвара врата.

Со среќа, и не заборавајте: ако имате пари, платете, не бидете цинцари.

Антоние, сине Тони, ваков детален елаборат не сум читал одамна, и во најмала рака сум воодушевен.
Си размислил ли можеби да го прошириш спектарот на тактики, особено во фазата "што ако те фатат"? На пример можеш да ги следиш советите на Стеф, да се набилдаш, и да ги замаваш контролорите ако те фатат. Ако те запамтат кој си ова ти гарантира бесплатно возење секогаш кога се на работа, а плус така набилдан ќе имаш и екстра вајб.
 
Еве пример од искуство баш за минатиот месец шверцање на големо преку 40 пати а само еднаш контрола ме фати во 4 околку 19.00 во карпош 2 кај драмски влезе една контролерка со мерак пари да и дадеш си платив 200 денари и готово е сеа замисли да сум плаќал по 35 денари карта тоа ти се 35 x 40 = 1400 -200 = 1200 денари заштеда, таман да си платам за интернет, телефон и кабловска пошо у пакет ми се :)
 
извини ама коментаров ти е многу ступиден :tapp:
да си се врати во прилеп? па нели читаш дека во ск студира и кој ку*ац си ти да му кажуваш кај да си се врати. ти се молам...од глупостиве веќе

Болдов ..... :facepalm:

На јавен форум се договарате за нелегални дејствија... nice.
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 02:38 ---
Какви математики терате алал да ви е. Кај се бе 1000 денари месечно малце? Си раководел ти некогаш со сопствен буџет кога секој денар ти е броен? Па и да не си студент од внатрешноста 1000 денари сигурно не би ги платил кога има начин да ги заштедиш.
Он : Залепи се до врата и гледај на секоја станица. Во никој случај не се качувај горе на кинеските, колку и да ти е долга релацијата. Многу се лесни за распознавање, обично одат во пар и имаат такви намрштени фаци што нема шанси да ги утнеш. И многу често забораваат да ги скријат тие картиците за идентификација што им се,мада ако си го приметил ова во автобусот веќе е касно :D
Јас си се шверцам често вака, факултетот ми е оддалечен 3 станици па кога каснам или е ладно си практикувам вака....:rolleyes:

GTFO, колку пати досега си платил за карта?

На вработените во ЈСП и нивното најблиско семејство (маж/жена, деца) им е бесплатен превозот, имаат посебни карти.
 
Да, размислував дека такво нешто може да се случи ако го напишам ова тука.

Слободно дај на кој сакаш да чита. Мојот систем е непогрешлив. Што ќе направи татко ти, ќе ме чека на средна? Додека тој да стапне во автобусот, јас ќе бидам на пет метра од автобусот.

:cool::cool:
Човече тебе интерпол те бара за шверцање по автобуси неможе да те најде жива легенда си свака ти част.
 
Кога сме за снаоѓање вака да споделам и јас од creepy начините. Другар така видел дека доаѓа контрола накај него и има долга коса и наочари ама и бели влакна малце.... Ја пуштил косава, го покрил пола лице , наочарите, се поднавалил и се правел дека е стара баба некоја, се тресел таму демек паркинс има. No comment.
:pos:

Еден другар кога го фатило контрола се праел ретардиран,урлал како ненормален во автобус.Јес да не е смешно да се зејбава со такви работи,ама битно се снашол.:D

This one made me ROFL. :pos: :ROFLMAO:

Значи секакви будалинки и фалинки измислуваат со цел да не платат 35 денари за карта. :D Ееееееее Македонијоооооооооо земјо на различни класи од сите социо, економски, општествени и секакви можни слоеви. :LOL: Јас секогаш си плаќам карта, што е сигурно сигурно е. А и како да не платам кога влегувам од врата кај што е шоферот, не можам да го избегнам. Само еднаш ми влезе контрола и ја покажав картата. Се возам со 22ка најчесто. Плати и нека ЈСП те клати, најсигурна опција. :D Ако сакаш да правиш шверц-комерц се знае како ќе завршиш, ќе ти уследи депортација во Прилеп. :pos:

Just kidding dude, ама најдора алтернатива секогаш ти е пешачењето. :D Ем си уштедуваш пари, ем убаво се разодуваш и ја подобруваш циркулацијата и општото здравје. Види кои алтернативи ги имаш, ама не се во голем број. There ain't free ride in this world. :cool:
 
Пензионерите допринеле во минатото и тоа не треба да се заборави така да покрај јадните пензии мислам дека заслужуваат бесплатен превоз од неколку километри. Студентите и средношколците можат и пешки да се превезуваат. Инаку баш последниве две групи се најголеми паразити во нашава држава.
Студентите паразити?

Не се согласувам.

Младината е иднината на држвата.
Дел од студентите и студираат и работат, а оние што сеуште не нашле работа најверојатно ќе работат за година - две, ете млада работна сила што ќе продолжи да ги движи работите напред.
Од друга страна старите го изградиле ова што го имаме денес, а нивиот живот продолжува со животот на децата.

Ова што го кажа е исто како да велиш дека твоите деца се паразити и светот завршува со тебе.
 
Студентите паразити?

Не се согласувам.

Младината е иднината на држвата.
Дел од студентите и студираат и работат, а оние што сеуште не нашле работа најверојатно ќе работат за година - две, ете млада работна сила што ќе ги движи работите напред.
Од друга страна старите го изградиле ова што го имаме денес, а нивиот живот продолжува со животот на децата.

Ова што го кажа е исто како да велиш дека твоите деца се паразити и светот завршува со тебе.
Абе види, во текот на нашиот живот сите ние имаме различни улоги. Јас сум бил и средношколец и студент така да повеќето од нас во тие години сме "паразити", пари зимаме од по дома и ги трошиме за глупости, потоа почнуваме со работа, но неможам да го разберам односот на младите кон пензионерите, нема почит а треба да го има, сето ова го изградиле баш тие пензионери.
Не сум јас пензионер :) но ги разбирам како им е на нивни години, треба и нив некој да ги чува како што и они некого чувале.
 
Што ќе се шверцаш у тоа старците, купи точак.
--- надополнето: Nov 8, 2012 5:51 AM ---
Го пишувам ова затоа што мислам дека е огромна перверзија една држава да плаќа бесплатно возење за пензионери кои не можат да допринесат ништо за општеството, а во исто време ги занемарува и запоставува средношколците и студентите кои се силата, иднината и мозокот на државата. Не оправдувам шверцање. Ако си некој што е вработен и зима плата, тогаш шверцањето е шамар за твоето достоинство. Со ова кажано, ако си студент што неможе да сврзе крај со крај или личност што постојано нема доволно кинта за у град, тогаш ова е еден од начините на кој можеш да заштедиш доста парички. Ако си некој што си се нашол без пари а не се возиш често во автобус, прашај го возачот дали може да те превезе две-три станици. Ако си културен најчесто се согласуваат.

Најчесто се шверцам во зимо кога има снег или е ладно и кога врне. Пошто обожавам да пешачам често шетам до факултет или одам со точак се додека дозволува климата. Овака правам уште откако почнав со факултет. Досега ме имаат фатено само двапати. Финтата е постојано да ги познаваш сите кривини и станици во рутата. Контролорите не носат веќе елеци туку носат кежуал облека. Лесно се препознаваат затоа што се двајца или тројца мажи што заедно чекаат автобус без кеси од пазар, и во работничко-кежуал облека (доста невообичаено, затоа што повеќето возрасни мажи имаат коли, а и да немаат нема ваљда у друштво да одат со автобус).

200 метра пред постројката ќе гледаш низ прозор да ги измеркаш сите што чекаат на станицата. Ако приметиш некои такви што не се вклопуваат со останатите младичи. баби и дедовци, полека и смирено, без паника си стануваш и излегуваш од автобусот. Се разбира, ова не е 100% издржлив систем затоа што контролорите понекогаш (иако ретко) знаат да се качат на сред улица. Како генерално правило, седнувај на првото седиште од десно после втората врата затоа што во исто време седиш повисоко и гледаш подобро кој чека на станица, на добро место си што значи можеш најсмирено за две секунди да излезеш од автобусот. А и плус седиш, иако ова не го препорачувам.

Е сега секој автобус си е приказна сама за себе.

Југословенските се прилично поволни затоа што имаат 3+ врати. Можеш да влезеш од каде сакаш, ако има место и ти се седи седнуваш на првото седиште после втората врата а пред третата врата. Ако тоа е зафатено, застануваш пред втората врата. Не оди позади, и не седнувај на никое друго. Затоа што е двоседно седиште, ако некој сака да седи до тебе, стани за да седне до прозор, затоа што инаку ќе бидеш затворен. Кај овие автобуси прозорите знаат да бидат проблем затоа што се често немиени и помали во споредба со модерниот или украинскиот автобус.
Овие автобуси ги ставаат најчесто на селски линии каде што се ствара огромна гужва. А бидејќи контролорите се прилично мрзливи луѓе, најчесто избегнуваат да влегуваат во автобуси каде што не се дише. Имајте го и ова на ум.

Модерните се исто така доста поволни затоа што имаат три врати. Тие се исто така поволни затоа што второто седиште после средната врата (ова нашето) е значително издигнато заради каросеријата на тркалото што значи дека можеш да добиеш супер поглед кој чека на станица. Исто така уште еднаш, бидејќи се двоседни, ако не можеш да седнеш на тоа за брзо бегање, воопшто не седнувај. Исто така добро седиште е последното од самите пред втора врата од лева страна. Ако и ова е зафатено стој на средна. Прозорите се големи, така не би требало да имаш проблем да гледаш све што се дешава надвор на постројка. Штета што се се поретки и поретки.

Украинските се не толку поволни затоа што нема добро место за седење. Второто седиште од средната врата кај овие е спуштено, така да не препорачувам да седите на него. Кај овие најдобро место е кај потпората за стоење што се наоѓа кај местото за стоење кај средна врата. Стоење и седење на ниедно друго место. Колку и да има гужва никако не се тргајте од средна врата. И кај овие автобуси стаклата се супер. И овие полека ги снемува.

Кинеските(двокатните) се вистински кошмар. Имаат две врати, неквалитетни стакла на кои после еден дожд не се гледа ништо надвор. Немаат место за стоење и се ризични затоа што вратата од каде што ќе влезат контролорите е истата од каде што ќе треба да излезеш ти. Како генерално правило овие ги избегавам како инкасација. Ако веќе морате да се возите во овие, седнете на првото двоседно седиште од страната за бегање. Стоењето кај средната е малце непријатно затоа што ако си повисок физикус ќе треба да се веднеш на секоја станица и многу е чудно. Горе никако.

Како финален совет, ако си испод 16 години, кога ќе се шверцаш не носи ништо во тебе, пари никако затоа што претресуваат и ќе ти ги земат парите. Ако си над 16 години и те фатат. и имаш лична карта, најдобро е да си платиш 200 денари. Мене ми се има случено да ме фатат и да им киднам низ задна затоа што возачот заборави да не отвара врата.

Со среќа, и не заборавајте: ако имате пари, платете, не бидете цинцари.
Хех, браво за постов. Со сите салтанати.
 
Абе види, во текот на нашиот живот сите ние имаме различни улоги. Јас сум бил и средношколец и студент така да повеќето од нас во тие години сме "паразити", пари зимаме од по дома и ги трошиме за глупости, потоа почнуваме со работа, но неможам да го разберам односот на младите кон пензионерите, нема почит а треба да го има, сето ова го изградиле баш тие пензионери.
Не сум јас пензионер :) но ги разбирам како им е на нивни години, треба и нив некој да ги чува како што и они некого чувале.
Што си бил, кога, каде, колку и како си трошел пари можеш да зборуваш во свое име, за себе.

Во ред е да се почитуваат пензионерите од страна на младите, но уште побитно и пензионерите мора да ги почитуваат младите, затоа што младите се иднината на човештвото.
 
Ја имам картичка од 10 возења стално,и никогаш не куцам..Ако не дај боже се качи контрола,ја пљукам картичката,и викам дека не сакаше да влезе у апаратот пошо се измокрила..
Нема проблем,само ќе ми ја скине таа коцката на крајот,и чао пријатно.. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom