Шверцање во автобуси на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalap Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ме фатија кога бев прва факс . Ама и јас заебан , само 50че со мене :pos: . И викам толку ми се , 50 имам. Вика како бе 50 само ? Му го покажав убаво новчаникот и тоа е . Ми ги земаа тие 50 и си продужив со вожњата до крај .
Ама веќе не е така , нема пуштање дур не платиш 200 . Опцијата ти е само ШПРИНТ да удриш кога ќе те слегнат , ама и за тоа ќе треба добро да си кондициски спремен.
Еден другар така се шверцаше , се шверцаше , и еден ден контрола го фаќа , и го слегнуваат на рекорд (строг центар) . И другарот решава да трча . Арно ама еден од контролорите му се пуштил по него :pos: Народ го гледа , другаров трча , овој по него . Истрчал до собрание ама не може повеќе , слаба кондиција . И кога дошол контролорот до него му кажал "Aj , ќе си платам" :pos: Така да , ем брука што го гледале како бега на центарот од градот, ем си платил казна. :pos:
Ако ги погодиш глади верувај и сега ќе поминеш со помалце од 200 , 100 че за јадење ќе им заврши работа... Секако дека може и без толку да поминеш, со правење на улав, или па шпринтот низ автобус :D
 
Мое мислење е дека треба да се воведе бесплатен превоз за студенти или бар поголем попуст. Во Прага каде што карта за сите превозни средства кои ги нудат (Автобус, Трамвај, Метро) и важи за сите станици е 20 евра, за студенти цената е 10 евра, а замислете кај е нивниот стандард, а кај е нашиот. Таму барем линиите ги има на секои 2-3 минути. Ама џабе, нема споредба, далеку сме ние, и имаме уште многу фурни леб да изедеме за да излеземе од ова општество. Можда нашите внуци ќе дочекаат да се возат со бусче поефтино.
 
Мое мислење е дека треба да се воведе бесплатен превоз за студенти или бар поголем попуст. Во Прага каде што карта за сите превозни средства кои ги нудат (Автобус, Трамвај, Метро) и важи за сите станици е 20 евра, за студенти цената е 10 евра, а замислете кај е нивниот стандард, а кај е нашиот. Таму барем линиите ги има на секои 2-3 минути. Ама џабе, нема споредба, далеку сме ние, и имаме уште многу фурни леб да изедеме за да излеземе од ова општество. Можда нашите внуци ќе дочекаат да се возат со бусче поефтино.
Сите карти у Прага, а не само месечните, важат за сите видови јавен градски превоз. На пример купуеш карта и со неа у наредните 45 минути моеш да се возиш со што сакаш, колку пати сакаш.
 
па и ти бе батка прочитај некои финти и вози се без пари.
како прво тој е дојден од друг град и нормално дека повеќе троши пари, а уште повеќе му требаат.
на секој студент му требаат пари ама на овие од други градови дупло повеќе. затоа прилепчанецов ги прашува овие што имале повеќе искуства со шверцање да му помогнат. пошто ја немам толку големо искуство со шверцањево, 3-4 пати, без да ме фатат, ништо не пишав ама кога видов ти што си пишал ме изнервира малку.
ако си и ти студент појден во друг град и ти читај и за тебе е од корист темава, е сега ако си контрола во ЈСП...друга приказна
Многу ти е јака логикава, па на сите им требаат пари, они будали се што плаќаат?
Ние средношколците си имаме слободни и само немој да ми кажете вие студентите дека 1000-ка секој месец за слободна е многу. :D И онака тие пари ги давате во кладилница (не сите ок).
 
Многу ти е јака логикава, па на сите им требаат пари, они будали се што плаќаат?
Ние средношколците си имаме слободни и само немој да ми кажете вие студентите дека 1000-ка секој месец за слободна е многу. :D И онака тие пари ги давате во кладилница (не сите ок).
Не е многу оти разбираш, дека сме студенти па без пари седиме и јадеме и плаќаме сметки. :D
 
Какви математики терате алал да ви е. Кај се бе 1000 денари месечно малце? Си раководел ти некогаш со сопствен буџет кога секој денар ти е броен? Па и да не си студент од внатрешноста 1000 денари сигурно не би ги платил кога има начин да ги заштедиш.
Он : Залепи се до врата и гледај на секоја станица. Во никој случај не се качувај горе на кинеските, колку и да ти е долга релацијата. Многу се лесни за распознавање, обично одат во пар и имаат такви намрштени фаци што нема шанси да ги утнеш. И многу често забораваат да ги скријат тие картиците за идентификација што им се,мада ако си го приметил ова во автобусот веќе е касно :D
Јас си се шверцам често вака, факултетот ми е оддалечен 3 станици па кога каснам или е ладно си практикувам вака....:rolleyes:

GTFO, колку пати досега си платил за карта?
Па никој несака ништо да плаќа бе, секој сака повеќе пари за него ама НЕМОЖЕ. Светот не функционира така, плати па клати. ;)
Како што плаќаш струја, вода, парно итн така и превоз ќе си платиш, ако не ти одговара оди со точак. :)
 
Многу ти е јака логикава, па на сите им требаат пари, они будали се што плаќаат?
Ние средношколците си имаме слободни и само немој да ми кажете вие студентите дека 1000-ка секој месец за слободна е многу. :D .
Многу е, а тек ако имаш двајца студенти. А нели влада сака образована младина, вели знаењето е моќ, сака наталитет. Нека помогнат од буџет, нека ги преполоват барем, на 400-500 денари.
И онака тие пари ги давате во кладилница (не сите ок)
по оваа логика и буџетски пари се трошат за безвезни трошоци за згради, рингишпили, коњи и водоскоци у центар, на странски инвеститори, за туроператорите по донесен турист, на земјоделците по површина без разлика рентабилна или не...па зошто да не може и на студентите. ,
 
Ај јас да дадам мислење. Викендов бев во Скопје (инаку сум од Битола), па сакав да ги пробам „двокатните“ за до Сити Мол, ама заборавив дека сабота е Пензионерски ден, па немаше место за стоење долу, камо ли да се качам горе. Нема веза, се стиснав и заминав. Муабетот ми е, кога ја „штракнав“ картата, на неа не се познаваше ни дата ни ништо. И одма си помислив, па можам уште малку да ги замачкам бројките и со таа карта да се возам пак. Има и некои други бројки (сериски број на картата ваљда), но не знам што гледа контролата на картите, дали тие испечатените бројки или нешто друго.

Гледа број на автобус, датум и време мислам :D
--- надополнето: 9 ноември 2012 во 13:31 ---
Муабетов пак се изврти во правец џоа само ние провинцијалциве се шверцаме, вие тука поштено секогаш си куцате карта, пошто нели такви се правилата на игра во Скопје! Или научи се или правец дома! Нема лабаво!
А за тоа дека се шверцам за да заштедам пари за да можам да се пијанчам секој викенд по најелитните дискотеки во метрополава, мало морген. Пак ќе речам, 90% од мрчаторите на темава никогаш немале ограничен буџет за да ја сфатат големината на тие 1000 денари.
На крај краева мајку му, снаодливост. Како што 90% од вас препишуваат на испит кога ќе им се укаже прилика, така и ние. Вие за оцена, ние за пари. ;)
Шверцање во автобус е казниво дело и има казна од 200 и 1000 денари (мислам дека втората казна е толку), а препишување на тест/испит не е казниво дело. :D
--- надополнето: 9 ноември 2012 во 13:33 ---
На пензионерите треба да им се воведе три пати поскапа карта само за да не одат на доктор за секакви тип „ми се качи вчера притисокот, не ги пијам апчињата што ми ги препишаа, викаш ќе е до тоа?“ на глупости.
Ќе те видиме тебе на нивни години. Патем, што викаш за тебе да се покачи картата бидејќи мрчиш на форум? :P Иста причина.
 
Шверцање во автобус е казниво дело и има казна од 200 и 1000 денари (мислам дека втората казна е толку), а препишување на тест/испит не е казниво дело. :D
Ама и двете се етички неисправни. Зошто некој со учење и многу вложен труд да стаса до 5ка , а ти си направила 4 ливчиња си успеала да препишеш и ти исто 5ка имаш. Епа сега ќе ми речеш снајди се па живеј. Епа исто и со бусовиве, некој платил и се вози, некој не платил и ќе се шверца. Ако те фатат на тест да препишуваш кецот не ти бега, а ако те фатат у бус 200 денари ќе си платиш и крај. Исто така снајди се па живеј
Инаку и крадењето е казниво дело па гледам на оние у Собрание им мењава нешто тоа, ако одиме веќе во крајности....
 
Во најмала рака кога не можеш да си приуштиш нешто не помислувај дека крадењето на истото е исправна работа.

Прв пат да се согласам со dobro poznat, со овој дел од коментарот. :D
 
Шверцање во автобус е казниво дело и има казна од 200 и 1000 денари (мислам дека втората казна е толку), а препишување на тест/испит не е казниво дело. :D .

Двете се казниви дела, едното за ЈСП едното за факултетот. Многу едноставно, ако се шверцаш во автобус и те фатат си плаќаш 200/1000 зависи од ситуација, ако те фатат дека препишуваш или немаш право да полагаш неколку сесии или зависи од професорот ќе си полагаш на испит.
Не се кривични дела двете колку што знам, ако мислеше на тоа.
На крај краева, кој стигна на власт покраде од народот, дошла работата сега до шверцање во автобус, криви дрини ќе исправаме со тоа.
 
Ооо боже, абре Донатела дете, па сигурно нема да одам на лекар пошо ми е досадно дома и да му го ебам денот на лекарот и да се тепам по автобуси за столче ко неандрталец. Мисли малце пред да прашаш.
 
Не им е баш бесплатно. Над 2.5 км е бесплатно, а тоа е уште една глупост преземена од фирмите и системот за превоз. А 2.5 км не се ич малце, негде од Моша скоро до Радишани. Па на снег, дожд, башка дива лига е и со осветление и со тротоари и знаете како е тој дел од Скопје...ќе мора да му плаќаме 60 денари само за во школо. За во град или да прошета плус треба да му даваме. Во тој случај ги поддржувам средношколците што се шверцаат баш затоа што школото им е задолжително па ги ставаат во нерамноправна положба. Башка денес им дале задача да идат у еден музеј. Се работи за 90 денари што ќе ги потроши денес само за превоз. Пред недела две им бараа да одат на Технома. Се работи за 5 автобуси, за 150 денари.

Да, глупост е тоа со 2.5 километри.
Исто дебилно е што им каснат многу со слободните, па овие од ЈСП им прават проблеми на децата.
Меѓутоа, сосема вон контекст е муабетот.
Мене ми е муабетот дека пензионерите треба да добиваат бесплатни работи од државата, кои пази, сепак не се бесплатни, затоа што пензионерите си го одработеле своето и најдолго од сите плаќаат придонеси.
 
Да, глупост е тоа со 2.5 километри.
Исто дебилно е што им каснат многу со слободните, па овие од ЈСП им прават проблеми на децата.
Меѓутоа, сосема вон контекст е муабетот.
Мене ми е муабетот дека пензионерите треба да добиваат бесплатни работи од државата, кои пази, сепак не се бесплатни, затоа што пензионерите си го одработеле своето и најдолго од сите плаќаат придонеси.
Пак се прави дискриминација. Што добиваат пензионерите од другите градови ? Ништо.
Баба ми е пензионер и си плаќа карта ако сака да си отиде во селото каде што е родена (3 км од центар на градот), мајка ми е пензионер , не добиваат ништо, а цел живот имаат плаќано придонеси.

Му се нафрливте на детето за шверцање во автобус, ко којзнае што да прави.
 
Со тоа што се шверцате претпријатието губи пари! Оваа година купија нови автобуси, парите за да се купат сигурни нема од небо самите да паднат. Со милионска загуба работат ЈСП, сега за вие тоа што се шверцате мавате на оние што купуваат и карта, но и тие што вадат месечна карта. Сега за да се пополни или намали таа дупка кај нив принудени се да ги покачат билетите. Кого највеќе погодува? Пак тие што имаат најмалце пари и го користат градскиот превоз. Сигурно кој си има ауто и со него си иде на работа, нема да му биде гајле за другите. Удрете малце тиквите, ова да не можете да го разберете...
Ние немаме автомобил и кај и да идам користам градски превоз. Исто и моите дома...

Ако сте дошле овде да учите тогаш учите.. Ама ако сте дошле овде да си играте к**от со парите на вашите родители застрамете се и вратете си се дома. На крај крајева или нека ви обезбедат вашите родители се од превоз, храна и сместување до плаќање за студирање. Ако не седете си дома со сила никој не ве тера да си идете на факултет. Сега во секој град има факултет, ако немаш пари и услови да студираш во Скопје, студирај си во родното место или најблиското. Сега можеби нема да биде тоа што ти сакаш, ама тоа ти е...

На некој му е криво што уште не изгубил невиност ???

Гарант ти е криво што не клецаш у студентски нели? :icon_lol:
Кога толку се гњавите за мене еве ви: познат ви е терминот асексуалност? Епа јас сум скоро тоа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom