Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години ?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Хахахахахах. Коj jа знае приказната за Крали Марко, Црна Арапина и Косовка девоjка ќе се фати за глава :D
Да ве потсетам: Црна Арапина вовел данок за женидба и мажачка, 30 гроша за мажачка и 35 гроша за женидба. Косовка девоjка немала доволно за да се омажи па и побелела косата од тага и дошол Крали Марко, му jа исекол главата на Црна Арапина и рекол „Коj сака да се жени нека се жени, коjа сака да се мажи нека се мажи, Крали Марко платил за сите“.

За жал немаме ние денес некоj Крали Марко да го направи истото :)
 
А ова на крај ко со РДТ ќе испадне, на почеток само некои ќе плаќаат (што не се во брак), па после сите.
 
Државата бесплатно да не ме заштитувала социјално и образовала до 18 години :facepalm:
Овие забораваат некако дека парите со кои не ,,штитат,, се наши пари, односно на нашите родители и баби и дедовци, а? Цццц.
 
Данок за развод.....над илјада евра од прилика да биде !!!!


ае да видам кој ќе се разведе мнмнааааааа

Тука и како под точка на тој закон обавезно да се има деца во рок од 2-3 години после брак ако не и за тоа данок !!!
 
Мора да е весело во главата на удрениве. Не им требаат дроги, природно се излупани до даске.

Муабет меѓу затвореници во Идризово:
-Брат за што си тука?
-Нејќев да се женам, а немав пари да ја платам казната.
 
Ееее народ со кратко памтење, пред 3 или 4 години истава патка ја пуштија како демек од идниот месец ќе започне со плаќање данок во износ од 200 еур годишно.
Сега еве пак реприза. :tapp:
 
Јас сум за.

Кое безобразие, да се шетаат неженети преку 35...

:)

Ако не се женат до 40, предлагам да се принудат да купат невеста од Албанија.
Владата ќе субвенционира 70% од миразот и 46% од откупната цена.
 
Бесплатно образование и здравство??? Ха, добар виц.

Прво не се бесплатни,доаѓаат нешто како субвенционирани, второ се ужасни по квалитет, трето платени се од парите на родителите на тие сега „изградени здрави личности“ кои плаќале даноци и покрај тоа морале да доплаќаат дополнително за скоро секоја услуга, а не од „државата“.

Носење на ваков закон не само што нема да го зголеми наталитетот туку ќе им даде на сите засегнати уште една причина повеќе да фаќаат магла од Македонија.

Само болен ум може да размислува дека граѓанинот и е задолжен и треба да и биде од корист на државата, а не обратно.
 
Толку им е капацитетот на политичарите кај нас (а во скоро сите земји во светот и за тоа имаме некои кретенски закони), се нешто даноци, казни т.е како да се казни одредена работа, а превенција никаде.
Интересна мерка е бесплатен дом/стан или куќа од државата за секој венчан пар и тоа од 200 м2, за да имаат 3-4 деца, бидејќи 50 м2 е дом за беќари.
Инвестирање во ефтина енергија што ќе ги задоволи потребите а останатото за извоз. Ефтина, како сонце, вода.
Инвестирање во земјоделието така што никогаш нема да увеземе зејтин, пипер или нешто што може тука да се произведе. Кај нас сеуште се прска со трактори, а во САД се прска со авиони.
Инвестирање во брза железница за да може во Скопје да си за 30-40 минути од Гевгелија или Охрид, па така нема да мора да седиш во Скопје.
Укинување на СРД, за да може поштено да се гледа пиратерија и порниќи и укинување на кич каналите.
и да не редиме натаму, последна работа што треба на некој да му падне на памет е данок.
 
Македонија мора да преземе соодветни стимулативни мерки за наталитетот, кои ова Влада со проектот трето дете ги започна, а ТМРО предлага и казнени мерки преку т.н.проект „ергенски данок“.
„Македонската држава вложувала во секој поединец, преку бесплатно образование до 18 години, социјална заштита, минимална здравствена заштита, се со цел да се изгради здрава личност која ќе придонесува за државата. Во тој контекст морално право на државата која финансирала во поединецот за општествена корист е да го санкционира преку плаќање данок во висина од една месечна плата-годишна такса на секој неженет маж над 35 години и жена над 30 години. Наша приоритетна цел и политичка и економска, а ако сакате и државна е подржување на наталитетот кај Македонците, како основа за опстанокот на македонската држава и народ“, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански на вчерашната средба со членовите и симпатизерите во Гевгелија.

http://www.mkd.mk/72642/makedonija/tmro-danok-za-ergenite-i-momite/


Вест балон ама што мислите за некоја ваква мерка..
И за ова има лек.По договор ке склопуваат фиктивен брак сите неженети и сите немажени колку да го избегнат данокот што треба да го плаќаат за на крај да испадне и волкот сит и овците на број.Да не им пуштаат случајно контролори од министерство за социјала по дома за да ги проверуваат кои се регистрирале фиктивно а кои не?:pos:
 
Ајде сега свите от форумо шо не се оженeни, да се оженат. Да не пејат после ерген одев мамо поарно ми беше, додека данок не ми воведоја . :D :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom