ATP World Tour Finals, London | 05 -12 ноември, 2012 |

Победник на завршниот турнир во Лондон?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 17 35,4%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 16 33,3%
  • Енди Мареј

    Гласови: 8 16,7%
  • Давид Ферер

    Гласови: 1 2,1%
  • Tомаш Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Хуан Мартин Дел Потро

    Гласови: 5 10,4%
  • Џо Вилфред Цонга

    Гласови: 0 0,0%
  • Јанко Типсаревиќ

    Гласови: 1 2,1%

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.045
Поени од реакции
16.573
606CAC4C56A849889BCCD3FBB3A50FC5.ashx
Полека стигнавме и до завршницата на оваа сезона, сезона во која четирите најдобри тенисери стигнаа до еден гренд слем трофеј, Новак Ѓоковиќ во Австралија, Рафаел Надал на Роланд Гарос, Роџер Федерер на Вимблдон, и конечно прва гренд слем титула освои и Енди Мареј, беше победник на УС Опен, можеби и најинтересната сезона беше оваа.

Четврти пат по ред градот Лондон од 5ти до 12ти ноември, поточно О2 арената ќе биде домаќин на најдобрите осум тенисери во изминатата година, претходно како што сме запознаени организатор беше Шангај ( турнирот остана само како мастерс), но од 2009 најдобрите тенисери се преселија во Лондон, и овој завршен турнир ќе се задржи на ова место уште 4 сезони, заклучно до 2016 година.

Бранител на титулата од ланската сезона ќе е Роџер Федерер, кој во финалето го совлада Џо Вилфред Цонга со 2-1 во сетови (63/67/63) по што ја освои втората титула од кога организатор е Лондон, а шестта севкупно, и е тенисер со најмногу титули на завршните турнири, зад него се Пит Сампрас и сегашниот тренер на Мареј, познатиот Иван Лендл со по пет титули.
Во првата година на овој турнир триумфираше Давиденко, кој веќе не е во самиот врв.

2C94E1BE3A304C5CA1530549501C086C.ashx
Но да се навратиме на оваа сезона и на најдобрите осум тенисери кој се учесници на овој турнир, за жал поради повреда нема да настапува Рафаел Надал, па така неговото место ќе го завземе деветтиот тенисер на АТП Рејс листата за оваа година, а тоа е Србинот Јанко Типсаревиќ. И со тоа се комплетираше листата на осум тенисери.
1. Новак Ѓоковиќ
2. Роџер Федерер
3. Енди Мареј
4. Давид Ферер
5. Томаш Бердих
6. Хуан Мартин Дел Потро
7. Џо Вилфред Цонга
8. Јанко Типсаревиќ
A денеска во Лондон беше извршена и ждрепката за групите А и Б, па така во А групата ќе се најдат Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Џо Вилфред Цонга и Томаш Бердих, во Б групата е бранителот на титулата Роџер Федерер, Давид Ферер, Хуан Мартин Дел Потро и Јанко Типсаревиќ.
Како што знаеме турнирот е по системот Round Robin, па секој со секого ќе изигра, по што најдобрите двајца од А и Б групата ќе вкрстат во 1/2 финале.

Head to Head на играчите во А/Б групите.
Група А
Новак Ѓоковиќ - Енди Мареј(9-7), Томаш Бердих (10-1), Џ.В Цонга (8-5)
Енди Мареј - Новак Ѓоковиќ (7-9), Томаш Бердих (4-3), Џ.В Цонга (6-1)
Томаш Бердих - Новак Ѓоковиќ (1-10), Енди Мареј (3-4), Џ.В Цонга (3-1)
Џо Вилфред Цонга - Новак Ѓоковиќ (5-8), Енди Мареј (1-6), Томаш Бердих (1-3)

Група Б
Роџер Федерер - Давид Ферер (13-0), Х.М Дел Потро (13-3), Јанко Типсаревиќ (4-0)
Давид Ферер - Роџер Федерер (0-13), Х.М Дел Потро (5-2), Јанко Типсаревиќ (4-0)
Хуан Мартин Дел Потро - Роџер Федерер (3-13), Давид Ферер (2-5), Јанко Типсаревиќ (3-0)
Јанко Типсаревиќ - Роџер Федерер (0-4), Давид Ферер (0-4), Х.М Дел Потро (0-3)


Моментално не е направен распоредот за првиот натпреварувачки ден, па кога ќе се објави и тоа ќе пишам во темата.. но се знае веќе дека во текот на денот ќе има по три сингл меча.

Еве како се одвиваше изминатата сезона и кој тенисери беа победници на турнирите.

На овој завршен турнир ќе играат и најдобрите дубл играчи, титулата во таа конкуренција ја брани двојката Макс Мирњи и Даниел Нестор, Даниел Нестор е меѓу поуспешните дубл играчи на овој турнир, има освоено четири титули.

Турнирот се одржува во 02 Арената, која е со капацитет од 20 000 седишта.
Rafael_Nadal_vs_Andy_Roddick_ATP_World_Tour_Finals_2010_Edit.jpg

Директен пренос од целиот турнир, вклучувајќи ги и дубл мечевите ќе врши Спорт Клуб/Спорт Клуб+, за Телма не сум запознаен дали ќе започнат од понеделник со преноси или подоцна низ неделата .

Официјална страна на турнирот
http://www.atpworldtour.com/Finals/2012.aspx
Официјална страна на АТП
http://www.atpworldtour.com/

Нека победи најдобриот!
 
Нека победи Федерер!
Добар ждреб, со сите има импресивен скор, очекувам поминување во 1/2 финале, а за понатаму не се знае ништо. :)
 
Федерер ова нема да го земе. Не ми се верува мене тоа. Новак за повеќето е најголем претендент, ама се ми се чини дека Мареј ќе игра финале.

Лет д гејм бигин. :)
 
Не пратам ептен тенис но ќе навивам за Ферер да постигне што подобар резултат па зошто да не и да биде победник (спорт е, се е можно) дечково колку е пожртвуван секоја чест. Нека победи сега и во Парис па после нека лупне и некој или повеќе од фаворивите и во Лондон.
 
Federer e vo polesnata grupa ,mislam deka ke ja projde Round Robin.Djovak neshto glumi u posledno vreme ,ima problem so motivite,Marej na domashen teren.Ke ima dobri mecevi.
Mislam finale Djovak-Federer,a ke pobedi podobriot ;)
 
Со оглед на тоа дека Новак и Роже последно време и не се во некоја форма, а исто така со оглед на тоа во каква извонредна форма е Дел По последниов период, типувам дека може да освои, ако ништо друго барем финале ќе игра. А и Мареј исто така може да освои, ем домашна публика ем сезонава му е....:cuc:
 
Мареј или Ноле според мене, но пред се сакам да гледам спектакуларен тенис.
 
Гласав за ДелПо, не знам зошто, мислам дека ќе го освои турниров :)
 
Турнирот го отвараат тенисерите од А групата.
Мареј - Бердих 14.45
Ѓоковиќ - Цонга 20.45
 
Навивачки (а и реално :P ) гласав за Новак.

Мислам дека е најконстантен годинава, а и во добра форма беше на последните турнири (освен Париз) така што би сакал да гледам финале, Ѓоковиќ - Мареј (тоа што ќе играат и во група не го сметам за финале:) ).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom