Поскапува струјата за 12%

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Државната компанија за пренос го достави барањето за повисоки цени до регулаторната комисија. Бара зголемување за речиси 12% и тоа од први август. Од МЕПСО, барањето за повисоки цени ги правдаат со двојно поскапата струја по која годинава ја увезува од компаниите. Пет евроценти за киловат час.

Барањето од денеска е во рацете на регулаторите. Регулаторната комисија најави дека ако МЕПСО ги доставил сите потребни документи тогаш уште оваа недела ќе се знае колкаво поскапување ќе им биде дозволено.
По долги тактизирања и чекање да минат изборите државната фирма МЕПСО е прва од трите енергетски компании што бара поскапа струја.
Експертите долго време дебатираа што ќе значи поскапата струја за македонските граѓани и индустријата.
По серијата континуиран раст на цените на нафтените деривати, повисоката цена за струјата ќе биде втор посериозен удар за граѓаните и компаниите.

Повисоките сметки за електрична енергија ќе се одразат врз и онака нискиот животниот стандард на луѓето. Поскапата струја влијание ќе има и врз работата на фирмите, што може да предизвика поскапување на нивните производи.
На ваквиот потег на МЕПСО, чекаа и австријските газди на ЕСМ дистрибуција. Оттаму велат дека ако државната компанија за пренос им ја зголеми цената по која ја испорачува струјата, тие веднаш ќе ги достават своите пресметки за поскапување оти ќе им се зголемат трошоците.

Австријците од ЕСМ ја чекаат одлуката на регулаторите за да знаат колкаво зголемување на цената да побараат.
 
Ај аирлија и со здравје да си го носиме!!!
 
Кога на време не изградивме производни капцитети за електрична енергија, сега ќе увезуваме струја, состојбата е уште покомплицирана со затворањето на два реактора на Козлодуј во Бугарија.
 
Баравте - гледајте. Си продадовме дистрибуцијата, е сега ке ни прават што сакаат.

Услови беа, демек за влез во ЕУ...
 
Струмикс напиша:
Баравте - гледајте. Си продадовме дистрибуцијата, е сега ке ни прават што сакаат.

Услови беа, демек за влез во ЕУ...

Ајде вака објани, ми ја врската на приватизацијата на ЕСМ со поскапувањето?

Да бидеме на чисто.
 
Сите знаевме дека ова ќе се случи уште со продажбата на ЕСМ.
Само лошо е што сега се ќе поскапи, бидејќи струјата е инпут во скоро секое производство.

Ќе кажам нешто и за телеком и за есм. Зашто цените не ги поскапуваа додека беше државата сопственик?
Да не работеа со загуба случајно??? :lut:

Епа тоа ти е. Сега австријците ќе си го собираат кајмакот, а Македонија нема ни да чуе за ЕУ уште 20 години.

Се изнервирав упм. :nerv: :nerv: :nerv:
 
asterix_m напиша:
Ајде вака објани, ми ја врската на приватизацијата на ЕСМ со поскапувањето?

Да бидеме на чисто.

Не знам колку пати сум пишувал дека струјата во Македонија е социјална категорија, и дека со тие плати кои ги земаме, уште малку, нема да можеме и сметките да ги плаќаме, а ние трчавме да ја продадеме ЕСМ, наведувано како услов за ЕУ, така? Не е услов, туку зошто и како се продаде, сега веке бившата власт, си знае. Австриецот го интересира само максимизирањето на неговиот профит, а не стандардот на просечниот македонец. Исто како и со телекомот.

Со државна дистрибуција цената ке можеше да се движи во овие рамки како и досега, па макар и на штета на државата, ама за добробит на народот и олеснување на тешката економска ситуација.
 
Ај размисли уште еднаш што си напишал па ке ти објаснам како иде целата работа со посакпувањето и кој ја поскапува цената на електричната енергија!!!

П.С
Мала помош распрашај се кои се МЕПСО
 
Се ми е јасно, и дека МЕПСО е во државна сопственост и се тоа, и регулаторна комисија... Него друго е поентата: Кога си сам газда и сите делови се кај тебе, имаш ли потреба да поскапуваш струјата заради горенаведените причини?
 
МЕПСО бара поскапувење без притисоци од ЕВН, бидејки се независни субјекти, е МЕПСО бара поскапување бидејки 30% од електричната енергија во РМ е од увоз.
До лани РМ ( МЕПСО) увзувеше струја од Бигарија од Козлодуј - атомската централа. По затворањето на два реактора на Козлодуј Македонија мораше да бара нови добавувачи не ел.енер. Е а таа е бааиги поскапа од продажната во РМ која изнесува 3,6 еуроценти по KWt. Значи чаре е да се бара покачување што е многу изгледно дека и ќе го добијат.

А 100% сопственик на МЕПСО е Владата на Република Македонија, и ако има нешто сомнително сигурно оваа влада ќе и го оставеше врелиот костен на следната, ама има работи од кои нема бегање.
 
asterix_m напиша:
Ајде вака објани, ми ја врската на приватизацијата на ЕСМ со поскапувањето?

Да бидеме на чисто.
друже еднаш да глеаше од реална наместо партиска перспектива а? Јавна тајна беше дека договорено било да не се поскапува струја пред избори. Какво МЕПСО каков буртур. И за телефонијата имаме комисија па плаќаме најскапи импулси. И антикорупциска имаме и Јавна будала за обвинител имаме не се секирај ти тие служат за кафе, доручек, авионски превози. Еве владата претходно кажа ќе го намалиме монополот и оп одговор нема дивиденди па си легнаа на брашното. Кога ти е задникот под рента....
 
Sussaro напиша:

Еј ајде не мешај баби и жаби антикорупција и јавно обвинителство, земи Закон за енерегтика сл весник 72/06 и прочитај кој какви надлежности има, а инаку процентот на зароботка на ЕСМ односно маржата ќе остане ист.
 
strujava demek trebalo da bide so evropskata zos sme plakale najevtina struja u regionov, u red a koga ke dojdat na red platite da bidat po evropski standardi?
 
vojvodata напиша:
strujava demek trebalo da bide so evropskata zos sme plakale najevtina struja u regionov, u red a koga ke dojdat na red platite da bidat po evropski standardi?

Тоа е реалноста, како што неможеме да ја контролираме цената на нафтата така и цената на струјата е се по проблематична, кога немаме електрани за производство на ел. енер а плус и ТЕЦ Битола е прикарј со залихи на јаглен.
 
Во право си. Немаме ние некои големи залихи на јаглен и ќе стануваме се позависни од увоз на електрична енергија. А тоа значи и поскапа струја. Ама тоа ти е. Ништо не се работи, нема напредок. Зашто не се искористуваат алтернативните извори на енергија како ветерот и сонцето?? А едно е сигурно. Најевтината струја се прави во нуклеарните централи, а таква Македонија никогаш нема да изгради.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom