Во Бугарија откопан најстариот праисториски град во Европа (ФОТО)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Археолозите во Бугарија велат дека го откриле најстариот праисториски град пронајден досега во Европа, јавува Би-би-си.

Се смета дека населбата опкружена со заштитни ѕидови, во близина на денешниот град Провадија, била важен центар за производство на сол.
Нејзиното откривање во северозападниот дел на Бугарија може да ги објасни огромните количества злато пронајдени во неговата околина пред 40 години.
Археолозите сметаат дека градот им бил дом на околу 350 луѓе и дека датира помеѓу 4700 и 4200 година п.н.е..
Тоа е околу 1.500 години пред почетокот на античката грчка цивилизација
.





Жителите ја зовривале водата од локалниот бунар и ја користеле за да прават солени тули, со кои тргувале и ги користеле за зачувување на месото.
Солта во тоа време била мошне вредна стока, за која експертите тврдат дека може да помогне во објаснувањето на огромните заштитни камени ѕидови што го опкружуваат градот.

„Исклучително интересно“
Ископувањата на локалитетот, кои почнале во 2005 година, откриле и остатоци од двокатни куќи, серија јами што се користеле за ритуали, како и делови од порта и структури од бастион.
На локалитетот годинава беше откриена една мала некропола, или гробишта, кои археолозите сè уште ги испитуваат.
Ние не зборуваме за град како грчките градови-држави, како антички Рим или средновековните населби, туку за нешто за што археолозите се согласуваат дека е град од петтиот милениум пред нашата ера“, изјави Васил Николов, истражувач од бугарскиот Национален институт за археологија, за новинската агенција Франс прес.


Археологот Крум Бачваров од Институтот рече дека најновото откритие е „исклучително интересно“.
„Огромните ѕидови околу населбата, кои биле изградени многу високи и со камени блокови… исто така се нешто досега невидено во ископувањата на предисториските локалитети во Југоисточна Европа“, изјави тој за Франс прес.
Сличните рудници на сол во близина на Тузла во Босна и Турда во Романија помогнале да се докаже постоењето на серија цивилизации, кои, исто така, во истиот период ископувале бакар и злато на Карпатите и на балканските планини.
Дописникот на Би-би-си Јуроп, Ник Торп, вели дека ова најново откритие речиси со сигурност го објаснува богатството најдено пред точно 40 години на гробишта во периферијата на Варна, што е најстарото количество златни објекти пронајдени каде било во светот.
 
Убаво се, нека се истражува, да се научи повеќе за историјата на овие простори. Инаку однапред се знае коментарот на бугарите на темава
"тези доказва оти блгарите се најстари" :D
 
Еве едно интерву от истиот локалитет на CNN
http://edition.cnn.com/video/?/video/bestoftv/2012/10/27/bulgaria-oldest-town.cnn
Како цело, градот Провадиja е во близина на Варна и не е големо изнедуване постоенето на град от тоа време во този регион.
Во Варна во 70-те години е пронаjден некропол и се знае дека тамо имало луге от 4400-4100 година пред Христа. Пронаjденото златно сакровиште тамо се уште мислам е наjстарото во светот.
 
А кој вика дека Европа е само Грција?

Ич не не тријат со сите тие фамозни филозофи, владетели, не знам математичари, логичари, никако да видам податок за Феникија и Вавилонската филозофија, а не утепуваат со Ѕевс на кој и името не знаат што му значи, па освен дека Грција е основа за сеоштата европска култура друго ништо не гледаме, барем не јас. Се почнува со Олимп и се завршува со Олимп...
 
Ова го потврдува моето мислење дека во Бугарија има и сериозни Научници
они многу праи вложуваат во некои работи што наскоро ќе почнат да им се исплаќаат, јас сум блиску запознаен на образование, наука и планински туризам, зборам за големи парични влогови... а и толку антички локалитети и сумљиви градби по целиов балкан, ама ова е нешто вансериско :)
 
поддржувам вакви иницијативи и мислам дека повеќе треба да се истражува по цел балкан, па и кај нас да не заглавуваме само со антики. Сигурно постојат и постари само што треба да се откопаат.
 
Абе шо се 4700 години според човечка историја како вчера да биле.
 
Ова го потврдува моето мислење дека во Бугарија има и сериозни Научници

Имаат и те како. За пример еве, нашите книги посветени за историјата на Самуиловата држава се бројат на прсти, Бугарите такви имаат над сто. Тие имаат оделен факултет за историја, а нашиот институт за историја е во рамки на ФЗФ. Они ако имаат 30 професори на нивниот факултет, ние имаме околу 10. Нашиот цел институт за историја има само двајца асистенти, наместо секој професор оделно да има по толку. Па сега види ти кај нас до кое дереџе се дојдени работите. Така не се прави наука. Ова само како споредба.
 
Имам процедурално прашање од техничка природа: Космичка прашина е, или како се случило сите антички градови да бидат затрупани?
Aко живееш во Скопје отиди кај стара рампа, од левата страна се наоѓаат остатоците на фабриката Цветан Димов и неколку куќи. Ќе забележиш дека улицата е над нивото на овие куќи. Што значи и во град во кој се живее објектите полека „ тонат “
За објектите во кој не се живее тоа е многу побрзо,.
 
Prvo, najstari naogalista za kopanje zlato se od belomorieto, datirani 5500 PNE.
Citaj go Betancur za toa.

Vtoro, bogatstvoto od Varna, zlatoto vo grobot, ... vo grobot, skeletot e od CRNEC, cela Afrika brui za toa. Vo Bugarija ima antropolozi, na slikine jasno se gledaat NEGROIDNI ostatoci/kosturi, neka demantiraat bg i drugite antropolozi.

Vinca kulturata e postara. Sumer e cedo od nea. Ovaa kultura lici na pocetok na megalitite. No, vo Francija, megalitite se izgradeni od t.n. sloveni , spored nivnata mashka DNK.

linkovi
na stonepages barajte neolithic vinca was a metallurgical culture
za crnecot od varna guglajte za varna necropolis slika od pokojnikot so zlato...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom