- Член од
- 29 октомври 2008
- Мислења
- 1.394
- Поени од реакции
- 259

Гледам дека има Windows 8 корисници на форумов, па морав да ја креирам темава.
Поради тоа што 8-ца има свој маркет за апликации, сметам дека темава ќе помогне за секој корисник, особено кога некој не знае што да инсталира или бара препорака за добри/корисни апликации.
Веќе долго време сум присутен на маркетот, следам се што е ново, па можам да издвојам неколку апликации кои мислам дека ќе ви бидат корисни.
1. Messaging

Оваа апликација ја имате со самиот Windows.
Мене лично ептенски ми користи, кога станува збор за избор на Chat клиент.
Се поврзува со акаунти од многу социјални мрежи и работи супер.
Единствен пропуст е тоа што нема шерување на фајлови, но сигурно ова понатаму ќе се корегира.
2. Tweetro

Моментално, најдобриот Twitter клиент.
Работи многу брзо и стабилно, и е полно со опции.
Потполно го препорачувам, доколку користите Twitter.
3. Skype

Со официјалното излегување на Windows 8, Микрософт пушти и метро верзија од Skype.
4. PhotoFunia

Сигурно од некаде ви е познат името на апликацијава. PhotoFunia е онлајн едитор за слики, насочен кон додавање на ефекти. Истата функција ја има и оваа метро апликација.
Многу интересна апликација.
5. TuneIn

Супер-познатиот сервис за слушање радио, си има своја метро апликација.
Сигурно ве има многу што едноставно не можете да поминете ни ден, без да слушате радио.
6. News Bento

News Bento е RSS читач.
Поради тоа што следам многу tech сајтови, па сакам да ги имам сите новости на едно место, ова е вистинското решение. Најдобриот RSS читач во целиот маркет.
7. ESPN FC

Сигурно сите сме заразени со фудбалот.
Апликација каде што можете да следите се од фудбалот.
Резултати, новости и се останато на едно место.
8. Note Sphere

Самото име на апликацијата си го кажува своето.
Секогаш сум се наоѓал во ситуација да треба да запишам нешто, па затоа тука е Note Sphere.
9. Save the Date

Апликација која ќе ви помогни да запамтите одреден датум.
Би ви помогнала многу.
10. 8 Zip

Сакам да направам архива во најбрз можен начин, без да пристапам на Desktop околината.
Едноставно апликацијава е ЗЕЈТИН.
Ова е мојата листа на апликации кои мислам дека се корисни и би ви помогнале многу.
Која е вашата листа на најкорисни апликации?
