Откуп на книги

Ти си третиот денес кој прашува за таа книга. :) За жал, ја немам. Општо, имам многу малку историски книги, никогаш не ме интересирала историјата. Пиши ми пп што би те интересирало, па ќе ти направам некое списоче...

Ах штета... Абе ја имам книгата во фотокопија, и сум ја прочитал.. али лично, книга сакам во оригинал.. али тоа е тоа....
Добро нема везе..

што ме интересира.. па ме интересира што имаш од филозофија, психологија и право... и тоа ме интересира од автори од 19 век од денес.. кога можеш напраи едно списоче.. сеа не знам колкава ти е збирката.. .па ако не прати ми порака на профилов....
 
Баба ми се жалеше на цената на огревното дрво:

http://vecer.com.mk/?ItemID=6DA03B40DF386844857219A283F0C579

Критиката на чистиот ум и тоа како ќе ја стопли, а со сонетите шекспирови може и пилешка супа да зготви.
Кажи и на баба ти да не си го лаже многу умот оту книгите не горат. Прашај го чичко Булгаков ќе ти потврди.
 
Кажи и на баба ти да не си го лаже многу умот оту книгите не горат. Прашај го чичко Булгаков ќе ти потврди.
Горат на температура од Фаренхајт 451, барем така вика Реј Бредбр'и.
 
Ти си третиот денес кој прашува за таа книга. :) За жал, ја немам. Општо, имам многу малку историски книги, никогаш не ме интересирала историјата. Пиши ми пп што би те интересирало, па ќе ти направам некое списоче...
Ако имаш оригинали од философија,спомна погоре дека ретка книга си имал од Плотин,направи добро дело,т.е. продади ја во библиотеката по филозофија на Философски..и така се оскудни со многу книги,посебно оригинални изданија (y)
 
Ако имаш наслови на српско-хрватски би ти советувал да исконтактираш со антикварници во Хрватска и Словенија и евентуално Београд за ретки изданија.
Кај нас се сељаци кои откупуваат книги на метро за џабе колку да потполнат шкафови во намештај.
И ако ја имаш Астростоперски Водич од Даглас Адамс исконтактирај ме за цена.
 
Ги имам Енадите од Плотин, ми се плачи дека треба да ги продадам. :) Мислиш дека тие откупуваат? Се сеќавам кога полагав естетика кај Старделов, и баш за Плотин имав прашање, па ме праша онака шизички дали сум ја видел некогаш книгата. Му се исфрлив дека ја имам дома. :D
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 21:39 ---
Ако имаш наслови на српско-хрватски би ти советувал да исконтактираш со антикварници во Хрватска и Словенија и евентуално Београд за ретки изданија.
Кај нас се сељаци кои откупуваат книги на метро за џабе колку да потполнат шкафови во намештај.
И ако ја имаш Астростоперски Водич од Даглас Адамс исконтактирај ме за цена.

Прва ја продадов, пред неколку недели. :)
 
Дали некој го има Роман о Лондону на македонски ама преведен (знам дека е подобро на српски ама тешко ми е на српски да ја читам не ми оди).

Едит: Ако не би ја прифатил и Сеобе (ако е на македонски)
 
1984 од Џорџ Орвел или нешто со слична тематика?

Ја имам 1984, и ја имам Brave New World, но на англиски.
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 21:44 ---
Искрено, изненаден сум од интересот, ме фативте на препад. :) Да не ви одговарам вака поединечно на сите, ќе напаравам деновиве список со цени и ќе го ставам на профилот. Ќе одам понеделник до Икона да се распрашам за цените, и тврдам дека ќе бидат пониски од антикварните изданија кои ги продаваат....
 
Ми треба литература за комунизмот. Нешто од Маркс и компанија ? По можност македонски.

ПС. и ако имаш список на книги пратими во пораки ;)
 
Уф! Го имам она чувство кога на филм некој ќе го мавнат по јајца, па и тебе некој чуден грч и штрецање те фаќа инстантно дур гледаш. Не ги продавај, дај ги некаде на чување кај роднина да бидат како остваштина. Немој дур не е касно, абе грев е.
 
Сметав на твојата подршка.

:)

Заебанцијата настрана, јас го имам чувството дека некој ме удира таму каде што рече, но морам рационално да му пристапам на ова...
 
Ако не ти е зорт за пари, друго рационално пристапување кон ова нема. Освен ако не си библиофил а си.
 
Сметав на твојата подршка.

:)

Заебанцијата настрана, јас го имам чувството дека некој ме удира таму каде што рече, но морам рационално да му пристапам на ова...
Продавај ги таму дури не почнале да пишуваат и за тебе песни..

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom