The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.038
- Поени од реакции
- 3.635
Мастерсот во Париз е воедно и последниот турнир од сезоната во склоп на АТП турот. Ќе се одржува во спортската сала Берси. Турнирот ќе биде од големо значење за повеќето тенисери, најмногу поради тоа што ова е последниот воз за Лондон.
Овој мастерс ќе се игра од 29. октомври до 4. ноември. Сите тенисери ќе бидат тука, со исклучок на Надал кој веќе подолго го нема на тениските терени. Наградниот фонд изнесува €2,427,975 , а на победникот ќе му се доделат 479,000 евра.
Кога во оваа арена се играат тениски мечеви, нејзиниот капацитет е 14,000 седишта.
Кога се играат тениски мечеви, тоа изгледа вака :
Минатата година финален меч изборија Федерер и Тсонга, а поуспешен беше Швајцарецот кој во 2 сета успеа да го заврши мечот (6-1 7-6[3])
До титулата Федерер немаше големи проблем, ја освои без изгубен сет. Како олеснителна околност му беше откажувањето на Ѓоковиќ во четвртфиналето, но Новак не беше во форма во тоа време, при крајот на 2011 година. Џон Изнер беше најпријатното изненадување, тој успеа да дојде до полуфиналето каде после голема драма изгуби од францускиот финалист.
16те носители на турнирот за оваа година :
1.Roger Federer
2.Novak Djokovic
3.Andy Murray
4.David Ferrer
5.Tomas Berdych
6.Jo Wilfried Tsonag
7.Juan Martin Del Potro
8.Janko Tipsarevic
9.Juan Monaco
10.Nicolas Almagro
11.John Isner
12.Richard Gasquet
13.Marin Cilic
14.Milos Raonic
15.Kei Nishikori
16.Stanislas Wawrinka
Специјална покана од организаторот добија :
Според мене, фаворит за освојување на титулата е Новак Ѓоковиќ. Играше одлично на последниот турнир, иако паузираше неколку седмици, сепак се очекува одличен тенис од него.
Федерер не одигра според очекувањата после US Open, не е брилијантен ни во Базел.
Ако може да се чека од некого изненадување, тоа треба да се чека од Тсонга, сите знаеме со каква мотивација игра Жо пред полна Берси арена.
Милош Раониќ би можел далеку на турнирот доколку го служи првиот сервис, со оглед на брзината на подлогата на овој мастерс.
Томаш Бердих е во добра форма, и од него би можело да се очекуваат добри мечеви на турнирот.
Пренос од турнирот ќе има на каналите на СпортКлуб, а од нашите телевизии најверојатно Телма, но само завршната фаза од турнирот.
За крај, еве го и жребот од турнирот. (гласајте за победник на турнирот во анкетата горе)

Надворешниот изглед

- Leyton Hewitt
- Paul Henry Mathieu
- Michael Llodra
- Benoit Paire