Црквите се ограбуваат, државата и МПЦ не реагираат!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Ova e sramota sto se slucuva so crkvite vo makedonija da se krade od crkvi pa toa e najgolem grev bre luge drzavata treba da prezeme merki za da gi zastiti ikonite i drugite predmeti sto se vo crkvite a tie sto kradat od crkvite si go dobivaat zasluzenoto moze toj sto kradel od crkvi ke si kupi skapa kola ili ke zivee dobro ama krajot e sekogas tragicen isto kako i za krvavo zlato sto go naogaat kopacite zaklucok e deka nikoj ne videl dobro od kradeno..
 
Neznam zasto crkvite ne si najdat cuvari, imaat dosta za da platat, ne se za zalenje.
A ovie od drzavata nisto cudno sto ne reagiraat. Koj znae kade sve gi prodale, gi poklonile da se napravat fraeri isl.
 
чим не реагираат значи и сами се учесници во кражбите , ова дури 8-ум годишно дете ќе сфати ...
Се си е објаснето на воведниот дел
Да беше ти на ниво на осмогодишно дете, пред да истропаш ваква глупост, барем ќе го земеше в предвид фактот дека огромен процент на опљачканите цркви се во доминантно муслимански средини, а добар дел од тој процент се и осквернавени (икони и фрески уништени, пишувано по ѕидови Смрт за Каури, и слично). Исто така, кај дел од црквите во тие места, не е земано ништо, туку само е уништувано (каменувањето е најчесто, но тоа не се пријавува редовно)
 
брат не се пали , знам дека се во доминатно муслимански средини , но факт е што државата и МПЦ не превзема ништо во свои раце е единствена причина да се посомневам во нив.
Па дури и јас подобро решение би нашол од нив , еве на пример сите вредни артефакти кои имаат историско и духовно значење да се преместат во еден објект или слично како во музеј да бидат означени со камери , ласери и било што .... па дури и ти би нашол подобро решение ! :)
 
Не е кражба кога си го враќаш своето.
 
Да беше ти на ниво на осмогодишно дете, пред да истропаш ваква глупост, барем ќе го земеше в предвид фактот дека огромен процент на опљачканите цркви се во доминантно муслимански средини, а добар дел од тој процент се и осквернавени (икони и фрески уништени, пишувано по ѕидови Смрт за Каури, и слично). Исто така, кај дел од црквите во тие места, не е земано ништо, туку само е уништувано (каменувањето е најчесто, но тоа не се пријавува редовно)
Ми се бљува коа те читам искрено.
Зашто све мора да се носи таков заклучок? Ај сеа вака, пред 1 недела се сретнав со една другарка од Дебар и ми кажа дека на Муфтијата (главниот на сите оџи) му извршиле кражба, лаптоп со материјали од вредност од 100 000 евра, часовник од 1 000 евра (поклон) ЛЦД телевизор и два телефони (ајфон 4с).
И сеа ова шо треба да значи? Ама ај и ти колку да дигнеш некоја тензија, да се најдеш у муабет.
 
Позната е кражбата во дебарското муфтиство и тоа никако не контрадиктира со фактот дека црквите во муслимански доминантните средини далеку, далеку повеќе се пљачкаат и сквернават одколку џамиите во христијански доминантните средини.

Секако, можеш и статистиката да ја видиш, суви факти.
Јас ќе постувам од медиуми, со линкови, колку цркви се опљачкани, во такви области, а ти обратно.
Лесно е вака да истропаш ѓутуре, само за да ни се претставиш во твојот велелепен космополитизам.

Те разбирам ја, сакаш да бидеш либерално политички коректен/а, па макар било тоа и у сред конц логор, у сред пустиња или у сред индиска депонија. Кога ќе сфатиш дека политичката коректност не е причина сама за себе, ќе ти стане јасно.
 
Ако толку Владата се грижеше за одржување на вредностите, сочувување на нашата култура и историја - вакви предмети, кои се од значајно културолошко значење за земјава, требаше да бидат добро згрижени уште пред било какви обиди за кражба да се случат. А не, дури и откако имаме кражби, па ни соодветно за истите да се реагирало ... Алооо?

Се гледа дека Владата пред очите на јавноста обожава да се презентира како да е во брак со Црквата, но само за да добие плус гласови. Им е гајле и за религија, и за предмети од археолошка и културолошка значајност за земјава, во реалниот живот.
 
Целосно си во право и затоа се сложувам.

Македонија не го знае бројот на загубени икони
Инвентаризацијата на икони од македонските цркви, направена пред повеќе од 40 години, не дава јасна слика за тоа кои и колку вредни икони се загубени во кражби. Оваа база на податоци, според надлежните од Управата за заштита на културно наследство, сѐ уште се надградува
09-ikona2-g.jpg

transparent.gif

crkvi.jpg

Неодамнешното разбојништво во црквите во мијачките села Росоки и Селце во кое беа украдени најмалку 15 икони и четири резбани вратички е уште една од серијата кражби на вредни религиски предмети што ескалираа последниве години.
Сѐ уште нема прецизни податоци колку и кои вредни икони досега се исчезнати во кражби поради некомплетниот регистар на икони што е стар повеќе од 40 години.
Според Илчо Бојчевски, инспектор за културното наследство во Управата за заштита, покрај некомплетната инвентаризација, главната рак-рана во оваа приказна е несоодветното обезбедување на црквите чиј имател е МПЦ.
- Ние даваме стручна помош, а МПЦ се грижи за обезбедувањето на објектите. Не е доволно само да се инсталираат камери во црквите што се споменици на културата, туку треба да има и чуварска служба. Немаме увид за тоа каква е обезбеденоста на сите цркви во Македонија - вели Бојчевски.
Копии во црквите - за и против
Според инвентаризацијата направена во 1960-тите години, во државата се евидентирани 23.000 икони. Оваа база на податоци, според надлежните од Управата за заштита на културното наследство, постојано се надградува.
- Имаме податоци за исчезнати икони само во случаи кога официјално е пријавена кражба. Но има и цркви во планински подрачја каде што никој не пријавил дека се случил грабеж. Поради генерално малкуте податоци и описи на црковната уметност, откако некоја икона ќе се извади од црквата, таа обично засекогаш е загубена - вели Бојчевски
Според инспекторот, на црквите им треба поголем ангажман од државата за обезбедување со полициска заштита, безбедносни камери и аларми. Сепак, според она што може да се види на терен, повеќе од 90 отсто од црквите не се соодветно заштитени.
- Направени се напори во овој правец, но само во неколку цркви. Алармите и камерите се исклучок, а не правило. Црквите практично се незаштитени од кражби. Поради некомплетната инвентаризација нема точни податоци колку вредни икони - тврди и Панче Велков од здружението за културно наследство „Македонида“.
За идејата вредните икони во напуштените цркви да се заменат со евтини копии, која повеќепати предизвикуваше револт кај верниците, Велков вели дека е прифатлива само доколку копиите се со исклучително добар квалитет.
Регистрите ќе ја олеснат и потрагата
Постоењето на прецизни регистри со податоци за вредни културни добра би биле од голема помош и за Интерпол, кој води неколку потраги по украдените уметнички дела од Македонија, меѓу кои и икони. Меѓународната полициска мрежа постојано прави напори да ја ажурира својата дата-база и да ги направи видливи најбараните предмети за пошироката популација преку печатење постери со шест најбарани уметнички дела во светот. На еден од нив пред неколку години се најде и македонската икона „Свети апостоли Петар и Павле“, која заедно со уште десетина артефакти исчезна од струшката црква „Свети Ѓорѓија“
Создавањето регистар на културни добра, вклучувајќи и икони, освен што е во својство на превенција од недозволена трговија, значително го олеснува и процесот на реституција. Целосната вредност на украдените икони од Македонија не може прецизно да се процени, но според неофицијалните податоци, вредноста на една икона на црниот пазар се движи меѓу 800 евра и десетици илјади евра.

Автор: Мимоза Петревска Георгиева
Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11112829245&id=16&prilog=0&setIzdanie=22718
 
Заштита на црквите и манастирите во полошко

30.08.2014 16:48

Оштетена и ограбена манастирската црква Свети Атанасиј на тетовското Кале. Сторителите повеќе направиле скрнавење на верскиот објект, отколку што си заминале со плен, зошто одзеле околу 700 денари. Од тетовско – гостиварската епархија најавуваат повеќе активности за заштита на верските објекти од кражби, кои се чести во овој регион.

crkva%20tetovsko.jpg

Утрово се санираше штетата во манастирскта црква Свети Атанасиј на тетовското Кале. По кражбата која се случила вчера попладнето останале искршените прозори, икони, врати.

Според полицијата, сторителите го искршиле овој прозорец и низ него влегле во црквата. Од касата одзеле околу 700 денари, а оштетиле и некои од иконите. Потоа за да излезат се обиделе да ја искршат и влезната врата. Го оштетиле и лимот на помошната просторија во која расфрлале и пребарувале.

Бил извршен увид, оштетените делови се фотодокументирани и се земени траги за вештачење. Полицијата работи на откривање на сторителите.

Од тетовското архиерејско намесништво велат дека штетата е непроценлива затоа што е извршен чин – скрнавење на верски објект.

„Секоја црква, секој манастир за нас е светиња. Треба да се однесуваме со почит бидејќи секоја црква е дом за молитва“, изјави отец Дарко Наумоски од Тетовско архиерејско намесништво.

Најавуваат повеќе акстивности за заштита на црквите и манастирите од кражби кои се чести во овој регион.

„Поставување камери во сите верски објекти и алармни системи. Сметаме дека така ќе придонесеме во нивна заштита“, додаде отец Дарко Наумоски од Тетовско архиерејско намесништво.

Црквата Свети Атанасиј потекнува од крајот на осмиот век. Според различни историските извори претставува еден од најстарите култни христијански црковни споменици во овој дел од Македонија.

Црквата Свети Атанасиј на тетовското Кале често е менат на вандали и крадци. Големи оштетувања претрпе и во конфликтот во 2001 година, а нејзината обнова сеуште трае.

Зоран Јованоски
http://mrt.com.mk/node/13456
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom