Состави на македонски влади и извршни совети во период 45-90

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
За потребите на денешнината, за проекции во иднината, од wiki застанав и ги собрав сите македонски влади од 45 до 90. Интересно е да се види кој луѓе се вртеле во овие состави.
* интересно е што последните три влади пред 90` се избирани на 28 април ))))

Во составот на првиот Президиум на АСНОМ, избран на Првото заседание на АСНОМ, влегуваат следните 22 делегати на АСНОМ:

Методија Андонов - Ченто (претседател)
Панко Брашнаров (прв потпретседател)
Емануил Чучков (втор потпретседател)
Љупчо Арсов (секретар)
Владимир Полежиновски (секретар)
Венко Марковски
Цветко Узуновски
Богоја Фотев
Михаило Апостолски
Страхил Гигов
Петре Пирузе
Кирил Петрушев
Јован Ѓоргов
Епaминонда ПопАндонов
Генадие Лешков
Кемал Аголи
Лазар Соколов
Вера Ацева
Камбер Хасан
Ацо Петровски
Младен Георгиев Челопечки
Лилјана Чаловска

од 28 до 30 декември 1944 година
Президиумот е зголемен од 22 на 32. Ченто останува претседател, додека Лазар Колишевски е избран за прв потпретседател, а Неџат Аголи за втор потпретседател. Борис Спиров е избран за прв секретар, а Епaминонда ПопАндонов за втор секретар. За членови се избрани:

Кирил Петрушев
Страхил Гигов
Киро Миљовски
Никола Минчев
Петре Пирузе
Мире Анастасов
Богоја Фотев
Ацо Петровски
Стерју Боздов
Георги Василев
Киро Глигоров
Димче Миревски
Александар Петровски
Димитар Влахов
Панко Брашнаров
Павел Шатев
Александар Мартулков
Крсте Гермов — Шакир
Мара Нацева
Цветко Узуновски
Хасан Шукри
Јован Гелев
Вукашин Попадиќ
Милош Јаковлевиќ
Димитар Несторов
Младен Челопечки
Кемал Сејфула
Веселинка Малинска

На почетокот на јануари 1945 година под изговор дека Президиумот е „многу крупен и непродуктивен“, се формира Работното тело на Президиумот на АСНОМ на чело со Лазар Колишевски. Ченто, иако претседател на Президиумот на АСНОМ, не е член на Работното тело. Вакво тело не постоело ниту во федерацијата, ниту во другите републики.

На Третото заседание на АСНОМ, одржано од 14 до 16 април 1945 година Президиумот се преименува во президиум на Нородно собрание а извршната функција ја добива Владата.

16 април 1945- Влада

претседател на владата: Лазар Колишевски
прв потпретседател и министер за финансии: Љупчо Арсов
втор потпретседател: Абдураим Мехмед
министер за внатрешни работи: Кирил Петрушев
министер за просвета: Никола Минчев
министер за правосудство: Павел Шатев
министер за индустрија и рударство: Страхил Гигов
министер за трговија и снабдување: Тоде Ношпал
министер за земјоделство и шумарство: Богоја Фотев
министер за народно здравје: Вукашин Попадиќ
министер за социјална политика: Неџат Аголи
министер за градежништво: Георги Василев

18 април 1946

претседател на владата: Лазар Колишевски
прв потпретседател и претседател на Контролната комисија: Љупчо Арсов
втор потпретседател: Неџат Аголи
министер на внатрешни работи: Цветко Узуновски
министер на финансии: Даре Џамбаз
министер на индустрија и рударство: Георги Василев
министер на трговија и снабдување: Диме Бојановски
министер на земјоделие и шумарство: Крсте Симовски
министер на градежништво: Тоде Ношпал
министер на просвета: Никола Минчев
министер на народното здравје: Вукашин Попадиќ
министер на социјална политика: Борис Спиров
министер на правосудство: Васил Калајџиски
министер на труд: Кирил Петрушев

6 јануари 1951

претседател на Владата: Лазар Колишевски
потпретседател на Владата, претседател на Стопанскиот совет и на Планската комисија: Борко Темелковски
потпретседател на Владата, претседател на Советот за законодавство и изградба на народната власт и на Советот за промет со стоки: Никола Минчев
министер на внатрешните работи: Цветко Узуновски
министер - претседател на Советот за земјоделие и шумарство: Наум Наумовски
министер - претседател на Советот за енергетика, преработувачка и екстрактивна индустрија: Благој Попов
министер - претседател на Советот за локални работи и локална индустрија: Кемал Сејфула
министер - претседател на Советот за народно здравје и социјални грижи: Вера Ацева
министер за просвета, наука и култура: Крсте Црвенковски
министер за трговија и снабдување: Ристо Бајалски
министер за државни набавки: Перо Менков
министер за земјоделие и шумарство: Аспарух Каневче
министер за градежништво: Боге Кузмановски
министер за финансии: Даре Џамбаз
министер на труд: Џафер Кодра
министер на правосудие: Благој Левков
министер - претседател на Комисијата за државна контрола: Благоја Талески
министер - генерален секретар на Владата: Методија Митевски.

На 13 април 1951 година изгласана е реорганизација на Владата, по што е извршена и реконструкција на Владата.

Страхил Гигов е назначен за министер-претседател на Советот за енергетика, преработувачка и екстрактивна индустрија на местото на Благоја Попов
Кемал Сејфула е разрешен од функцијата министер-претседателот на Советот за комунални работи и локална индустрија
Боге Кузмановски наместо министер за градежништво станува министер-претседател на Советот за градежни и комунални работи
Крсте Црвенковски наместо министер за просвета, наука и култура станува министер-претседател на Советот за просвета, наука и култура
Џафер Кодра наместо министер за труд станува министер за правосудство на местото на Благој Левков
Киро Георгиевски станува министер-генерален секретар на Владата на местото на Методија Митевски
Потпретседателот на Владата и претседателот на Стопанскиот совет, Борко Темелковски, е разрешен од должноста претседател на Планската комисија
Разрешени се и министерот за трговија и снабдување, Ристо Бајалски, министерот за државни набавки, Перо Менков и министерот за земјоделие и шумарство, Аспарух Каневче.
На 15 октомври 1951 година повторно е извршена нова реорганизација на Владата по што повторно доаѓа до реконструкција на Владата.[3]

Страхил Гигов е разрешен од функцијата министер-претседател на Советот за енергетика, преработувачка и екстрактивна индустрија
Видое Смилевски е назначен за потпретседател на Владата и претседател на Стопанскиот совет на местото на Борко Темелковски
Борко Темелковски е назначен за министер-претседател на Советот за индустрија и градежништво
Никола Минчев наместо претседател на Советот за промет со стоки станува министер за финансии
Даре Џамбаз наместо министер за финансиите е назначен за министер-претседател на Советот за просвета, наука и култура на местото на Крсте Црвенковски
Боге Кузмановски наместо министер-претседател на Советот за градежни и комунални работи станува министер-претседател на Советот за промет со стоки.
На 4 февруари 1952 година, поради заминување на друга должност, од функцијата министер-претседател на Советот за промет со стоки е разрешен Боге Кузмановски и е именуван Аспарух Каневче

Состав на Извршниот совет 3 февруари 1953


претседател Лазар Колишевски
потпретседатели: Љупчо Арсов и Видое Смилевски
членови: Димитар Алексиевски, Вера Ацева, Страхил Гигов, Киро Георгиевски, Мито Димитриевски, Боге Кузмановски, Никола Минчев, Методија Митевски, Лазар Мојсов, Наум Наумовски, Благој Попов, Елисие Поповски, Кемал Сејфула, Цветко Узуновски, Крсте Црвенковски, Лилјана Чаловска и Реис Шакири.
секретар: Мито Хаџивасилев


19 декември 1953 Состав на ИО

претседател Љупчо Арсов
потпретседател: Крсте Црвенковски
членови: Вера Ацева, Наум Наумовски, Филип Брајковски, Киро Георгиевски, Ристо Џунов, Злате Билјановски, Реис Шакири, Даре Џамбаз и Аспарух Каневче.


Составот на Извршниот совет е следниот 15 април 1958

претседател Љупчо Арсов
потпретседател: Страхил Гигов
членови: Методија Митревски, Александар Грличков, Вера Ацева, Ристо Џунов, Мито Хаџивасилев, Благој Попов, Васил Ѓоргов, Трајче Грујоски, Реис Шакири, Мориц Романо, Петар Здравковски, Мито Мицајков и Асен Симитчиев
секретар: Филип Брајковски.

25 јуни 1963
Составот на Извршниот совет е следниот

претседател Александар Грличков
потпретседатели: Асен Симитчиев и Кемал Сејфула
членови: Живко Брајковски, Васил Гривчев, Трпе Јаковлевски, Веселинка Малинска, Осман Мифтари, Гога Николовски, Мориц Романо и Ангел Чемерски
секретар: Мире Доневски.

11 мај 1965
Состав на Извршниот совет



претседател Никола Минчев
потпретседатели: Кемал Сејфула и Асен Симитчиев
членови: Ангел Арсов, Васил Гривчев, Веселинка Малинска, Осман Мифтари, Душан Поповски, Боро Чаушев, Ресул Шакири, Митра Шаровска.


12 мај 1967
Составот на Извршниот совет е следниот:

претседател Никола Минчев
потпретседатели: Ксенте Богоев и Ќамуран Тахир
членови: Стојан Ќосев, Никола Узунов, Младен Павловски, Беќир Жута, Славка Георгиева - Андреевиќ и Иван Катарџиев.


24 септември 1968
Составот на Извршниот совет е следниот

претседател Ксенте Богоев
членови: Ангел Арсов, Славка Георгиева, Иван Катарџиев, Беќир Жута, Младен Павловски, Ќамуран Тахир, Никола Узунов, Стојан Ќосев.

7 мај 1969
Составот на Извршниот совет е следниот:

претседател Ксенте Богоев
потпретседатели: Мориц Романо и Азем Зулфиќари
членови: Славка Георгиева, Јездимир Богдански, Љупчо Гроздев, Драган Захариевски, Фахри Мехмед - Каја, Горѓи Оровчанов, Младен Павловски, Анте Поповски, Никола Узунов и Стојан Косев.

29 декември 1971

Составот на Извршниот совет е следниот:

претседател Ксенте Богоев
потпретседатели: Драган Захариевски и Мети Крлиу
членови:
Методија Стефановски, републички секретар за народна одбрана
Љупчо Арнаудовски, републички секретар за внатрешни работи
Димче Козаров, републички секретар за правосудство
Горѓи Цаца, републички секретар за законодавство и организација
Љупчо Копровски, републички секретар за образование и наука
Десанка Миљовска, републички секретар за култура
Мехмет Фахри — Каја, републички секретар за информации
Вулнет Старова, републички секретар за здравство и социјална политика
Ванчо Близнаковски, републички секретар за труд
Андон Макрадули, републички секретар за финансии
Стојан Маткалиев, републички секретар за индустрија и трговија
Јанко Лазаревски, републички секретар за земјоделство и шумарство
Александар Шумковски, републички секретар за економски односи со странство
Павле Тасевски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
Јездимир Богдански
Иван Гиновски
Ѓорѓи Оровчанов



8 мај 1974
Составот на Извршниот совет е следниот:

претседател Благој Попов
членови:
Методија Стефановски, републички секретар за народна одбрана
Мирко Буневски, републички секретар за внатрешни работи
Горѓи Цаца, републички секретар за правосудство
Владимир Митков, републички секретар за законодавство и организација
Љупчо Копровски, републички секретар за образование и наука
Живко Василевски, републички секретар за култура
Радуле Костовски, републички секретар за информации
Јездимир Богдански, републички секретар за здравство и социјална политика
Душко Ѓорѓиев, републички секретар за труд
Ристо Филиповски, републички секретар за финансии
Александар Донев, републички секретар за индустрија и трговија
Јанко Лазаревски, републички секретар за земјоделство и шумарство
Асан Керим, републички секретар за економски односи со странство
Александар Варналиев, републички секретар за сообраќај и врски
Томислав Папеш, републички секретар за урбанизам, станбени и комунални прашања
Павле Тасевски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
Трајче Грујоски
Вера Димитрова
Андон Макрадули
Стојан Маткалиев
Ружа Панова
Сејфедин Сулејмани
Вулнет Старова
Васил Туџаров
Милан Хорват

28 април 1978

Составот на Извршниот совет е следниот:

претседател Благој Попов
членови:
Миле Арнаутовски, републички секретар за народна одбрана
Мирко Буневски, републички секретар за внатрешни работи
Ѓорѓи Цаца, републички секретар за правосудство
Ристо Филиповски, републички секретар за финансии
Дургут Едиповски, републички секретар за општостопански работи и пазар
Љубомир Коруновски, републички секретар за индустрија
Христо Христоманов, републички секретар за земјоделство и шумарство
Александар Варналиев, републички секретар за сообраќај и врски
Тахир Кадриу, републички секретар за економски односи со странство
Томислав Папеш, републички секретар за урбанизам
Андон Мојсов, републички секретар за труд
Анатоли Дамјановски, републички секретар за наука и образование
Ѓорѓи Поповски, републички секретар за култура
Петар Џундев, републички секретар за здравство и социјална политика
Томислав Симовски, републички секретар за меѓународни односи
Радуле Костовски, републички секретар за информации
Владимир Митков, републички секретар за законодавство и организација
Павле Тасевски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
Вера Димитрова
Стефан Ѓорѓиевски
Гога Николовски
Хисен Рамадани
Васил Туџаров
Милан Хорват

28 април 1982

Составот на Извршниот совет е следниот:

претседател Драгољуб Ставрев
членови:
Никола Кастратовиќ, републички секретар за народна одбрана
Љубомир Варошлија, републички секретар за внатрешни работи
Никола Бакулевски, републички секретар за правосудство
Александар Стојановски, републички секретар за финансии
Љубомир Коруновски, претседател на Републичкиот комитет за енергетика, индустрија и градежништво
Дургут Едиповски, претседател на Републичкиот комитет за општостопански работи и пазар
Христо Христоманов, претседател на Републичкиот комитет за земјоделство, шумарство и водостопанство
Сретен Акимовски, претседател на Републичкиот комитет за економски односи со странство
Ристо Петровски, претседател на Републичкиот комитет за сообраќај и врски
Ристо Галиќ, претседател на Републичкиот комитет за урбанизам и заштита на човековата околина
Андон Мојсов, претседател на Републичкиот комитет за труд
Каменчо Ѓоргов, претседател на Републичкиот комитет за здравство и социјална политика
Анатолиј Дамјановски, претседател на Републичкиот комитет за образование и наука
Милчо Балевски, претседател на Републичкиот комитет за култура
Томислав Симовски, претседател на Републичкиот комитет за меѓународни односи
Тихомир Илиевски, претседател на Републичкиот комитет за информации
Вера Терзиева-Тројачанец, претседател на Републичкиот комитет за законодавство и организација
Најденко Поповски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
Стојан Андов
Александар Андоновски
Елена Ѓурковиќ
Тахир Кадриу
Икмет Кривца
Киро Поповски
Кочо Тулевски.

28 април 1986

Составот на Извршниот совет е следниот:

претседател Глигорие Гоговски
членови:
Зоран Костовски, републички секретар за народна одбрана
Алексадар Андоновски, републички секретар за внатрешни работи
Михајло Маневски, републички секретар за правосудство и управа
Методија Тошевски, републички секретар за финансии
Иван Митровски, републички секретар за општо-стопански работи и пазар
Томислав Бундалевски, претседател на Републички комитет за енергетика, индустрија и малостопанство
Богдан Тодоровски, претседател на Републичкиот комитет за земјоделство, шумарство и водостопанство
Срѓан Керим, претседател на Републичкиот комитет за економски односи со странство
Томе Малевски, претседател на Републичкиот комитет за сообраќај и врски
Андреј Токарев, претседател на Републичкиот комитет за градежништво, урбанизам и заштита на човековата околина
Тито Беличанец, претседател на Републичкиот комитет за труд
Милован Шиковски, претседател на Републичкиот комитет за здравство и социјална политика
Саво Климовски, претседател на Републичкиот комитет за образование и физичка култура
Радмила Кипријанова, претседател на Републичкиот комитет за наука, технолошки развој и информатика
Борислав Наумовски, претседател на Републичкиот комитет за култура
Милчо Балевски, претседател на Републичкиот комитет за меѓународни односи
Мирко Миронски, претседател на Републичкиот комитет за информации
Вера Терзиева-Тројачанец, претседател на Републичкиот комитет за законодавство и организација
Најденко Поповски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
Васил Влашки
Владо Камбовски
Илија Филиповски
Икмет Крифца
Вангел Арнаудов.
 
За жал, многу, многу, исти луѓе и нивните семејства се вртеле и се вртат, животот си го живеат сите овие години на висока нога. Око не им трепнува и мака никаква немале.
Од неспособни овчари станаа најспособни бирократи. Дојденците од село станаа граѓани од прв ред, хах, па денес и плукаат по истите тие села и им се тешка егзотика.
Маме плакаја од партиски дудлања, уништија иднини и семејства, кодошлакот и дупелижењето им се доведе до перфекционизам така да до денешен ден истите тие(наследниците, децата, внуците) со истите навики водени од `гордоста` стекната од нивните предци и генетскиот код врежан под ноктите, само сега под друго `знаме`, се богати, моќни, многу `ербап` и уживаат во благодетите на `функционерството`-минатиот труд на нивните предци.
Да дополнам, „...док је Тита биче и вискија...“
Секоја чест на вредните исклучоци.
За жал Македонија си патеше и доправ ќе пати од таквите овчари.
 
Најди ги во денешно време после распадот на СФРЈ со осамостојувањето на Македонија па и другите републики ... спротивните од тие што мислиш, оние кои допринесоа за благодетот и поштенството во работењето после 199.

Едно треба да разберат оние кои не биле со ,,Тита и вискија,,. За 45 години од разрушена и уништена до темел братска ЈУ се изгради СЕ до 1991. Она што беше изградено за 45 години .... за 20 години се уништи СЕ од големата на хартија и уста прокламирана ,,демократија,, пљачкократија.

Тогаш имаше ,,Тита и вискија,, ама имаше и 1,2,3,и 4-та смена во фабриките, школството бесплатно, здравството бесплатно, имаше сиромашни, средни и малку богати....сега! сиромашните станаа бедни, средните отидоа во сиромашните а т.н. транзиција во уништување на изграденото во т.н.приватизација отиде во мал број милионерски мафијаши.

Е... од партиските дудлања по 1991 денес дупло по изразени уништија неброено фамилиите кои не знаат по колку члена од тие фамилии да буричкаат по контејнерите
да собираат хартија, пластика, железо за да се прехранат.

Големите граѓани кои по канцелариите ги чистат ноктите, се шминкаат, ги дигаат нозете... на бирата, разменуваат рецепти за торти, манџи, раскажуваат сонови итн., е од тие нема аир чедо божје, a НЕ од селаните кои се навикнати на земјоделска работа и само работа.
 
Трагедијата на Македонскиот народ, проблемите со кои денес се соочуваме не се започнати само во минатите 22 години. Проблемот е баш од таа `45 година која ја спомнуваш дека почна да течи мед и млеко и се се реши, тоа беше периодот кога тие што ги спомнав во постот ја уништија македонската интелегенција која навистина требаше да биде темелот за градење на Македонската свест. И денес, за жал, најголем душман на Македонецот му е Македонецот. Ние во минатите 22 години не успеавме да се избориме со `внатрешните демони` и да ги обележиме и осудиме, ама вистински да ги осудиме тие кои на чело со Колишевски му плакаја мамата на Македонецот и Македонштината.

Со Тито не почна Македонија.

Сето тоа што го спомна дека `чинеше` и кое се етаблира во годините на минатиот систем и држава беше само привидно, цехот за наплата дојде во почетокот на 90-тите години.
Ние не успеавме да изградиме национална свест за разлика од другите кои си `останаа на своето` и си работеа на своите интереси. Кој е крив? Секако не Црвените Кмери, чедо божје туку нашите наводни `црвени` од 1945 па навака кои си исштанцаа дипломи и семожни квалификации преку ноќ, си се наместија во сите можни комитети и уживаа во `благодетите` кои им ги овозможуваше Белград на сметка на својот сопствен народ кој заради нивното предавство и исклучиво личните интереси и ќар сега и по толку години мака мачи да исправи глава од Балканската калакурница, од секој сосед да добиваш аперкати(а ти си обележен како провокатор во ситуацијата) а немаш соодветен тренинг за одбрана и гардот не те научиле да го држиш правилно, се силиш само со прост напад кој најчесто завршува со тоа што ќе те нокаутираат. Е така за а жал и ќе те дупат како сакаат и тие 20% кои добија се можно и неможно а ги населија во огромен дел истите гореспоменати наши коњушари на другарите од Белград.

Моето семејство многу голема цена плати за оваа Македонија така да не оставам никој да ми продава кохонес за бубрези по таа тема. Извини на лошио француски.
 
Ако не оставаш никој да ти продава муда за бубрези што тогаш тропаш по тастатурата со постирано твое размислување мислејќи дека ќе остане без реплика. Го ускратуваш правото на друг да даде свое друго размислување од твоето земајќи си право да продаваш ,,кохонес,, секому по оваа тема.

Моето семејство плати поголема цена од некој друг... со убиен дедо од фашистичките окупатори, мајка борец партизан, татко борец партизан со одликовања за АСНОМска Македонија плус лично учесник против балистичките терористи.

Тие 20% Албанци што не смееш да ги спомнеш кои мислат дека се толку а нема ни 15% учество од нив во Македонија ги населија други коњушари бегајќи од нивните бомби... во друга држава.

Не ги спомнуваш поданиците на Софија, Тирана, Атина кои ден денес серат и лаат на секој чекор и тепаат македонци во сред Скопје, само Белград ви останал во сеќавање.

Ако стално се спомнува Белград зошто не и Загреб,Љубљана, Сараево, Титоград кога сите овие градови беа во ЈУ и заедно се рапределуваше економијата и политиката.

Не ги спомнуваш балистичките, врховистичките, фашистичките и останатите домашни предавнички коњушари во антифашистичката борба и остатоците од нив после војната туку се криви оние кои ја изградија земјата по војната за да после 1991 се устоличат таканаречените демократски патриоти за уништување и пљачкосување на се што беше изградено.

Ги има провокатори батка, ги има, .... тие што јадат гомна против македонците и Македонија.

За дипломи штанцање си дибидус неупатен. Си чул за штанцање ама после 1991. Никој неме да ти каже купување дипломи во Софија за по 100 евра со кои станаа коекакви дипломирани разноразни економисти ........и останати магистри и доктори на науки.

Друго беше чедо божје во социјализмот, друго, ќе ги навиткаш ракавите и до сабајле над книгата со натечени очи на испит .. ако не знаеш нема диплома нема дипл. тој и тој

++++++++++++++++++++++++++++++++
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 16:54 ---
DSC00236.JPG
 
:cuc::cuc:
Секоја чест

Бришано:
РЕШЕНИЕ НА НАРОДНАТА ВЛАДА НА ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА.

Браво!:cuc:

++++++++++++++++++++++

п.с. Што најде против правилата за да биде избришано?..... гг модератор.
 
Што најде против правилата за да биде избришано?..... гг модератор.
Темата има јасен наслов, прочитај го.
СИТЕ постови да се избришат освен почетниот, темата нема да изгуби ништо.

Дискутирајте според ТЕМАТА.
 
Единствениот период кога напатениот македонски народ колку толку видел малку живот. Браво за овие луѓе.
 
Gord sum shto baba mi bila del od vlada kade shto ne se kradelo koj kaj stigne .... ili bar taa ne kradela, posho ja voda u ochi neam !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom