BNP Paribas WTA Championships - Istanbul 2012

Кој ќе го освои турнирот?

  • Serena Williams

    Гласови: 6 33,3%
  • Maria Sharapova

    Гласови: 2 11,1%
  • Victoria Azarenka

    Гласови: 6 33,3%
  • Na Li

    Гласови: 2 11,1%
  • Angelique Kerber

    Гласови: 0 0,0%
  • Sara Errani

    Гласови: 0 0,0%
  • Agnieszka Radwanska

    Гласови: 2 11,1%
  • Petra Kvitova

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    18
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635

Со клик на сликата се отвара официјалната страна на турнирот.

Дефинитивно мислам дека турниров заслужува своја посебна тема, иако станува збор за женски тенис кој е далеку понеатрактивен од машкиот и помалку гледан. Сепак се работи за турнир како онај во Лондон кај мажите, не очекува екстра тенис, најдобрите 8 тенисерки годинава ќе играат во Истанбул.

Наградниот фонд на турнирот изнесува $4,900,000 долари со што само се потврдува со каков жар ќе играат тенисерките

Исто како и во Лондон, поделени се во 2 групи, А и Б.

Група А :
  • Victoria Azarenka
  • Serena Williams
  • Angelique Kerber
  • Na Li
Група Б :
  • Maria Sharapova
  • Agnieszka Radwanska
  • Petra Kvitova
  • Sara Errani
Победникот од првата група игра со второпласираниот од втората група, а победникот од првата група игра со второпласираниот од првата група во полуфиналето.
Денеска е првиот ден од турнирот и ќе се играат следниве три двојки :
16:00 : Kvitova - Radwanska
СЛ. : Williams - Kerber
СЛ. : Sharapova - Errani
Следува по = СЛ.
Во секој случај очекувам одличен тенис, иако се работи за женски, а во големото финале ги очекувам Шарапова и Серена каде ќе навивам за Шарапова. :)
 
* Групите не се А и Б, него црвена и бела група.:D
Иначе ќе навивам за Анжелик Кербер, секогаш сум бил за послабите..:X3:
Најголеми шанси за победа ми се чини има Азаренка, врза два добри турнири, две титули, во најдобра форма е од сите тенисерки, после неа би требало да е Серена, па трета фаворитка Шарапова, се надевам и од овие помалце „атрактивните“ тенисерки ќе изненади некоја.
 
n506199a649c91.jpg
 
Од овие 8 сум за Радванска од вториот ешалон , а од фаворитките за Серена.
Гласав за Вика , оти ме влече дека ќе освои . Стварно е во најдобра форма . Серена не играше многу во последно време , не знам како ќе се снајде.
 
Не го нервирајте Psyside .. помалце пишувајте.:D
Иначе која брука беше Квитова денеска против Радванска, 50 грешки направи, Радванска се на се 10тина дали имаше.. најсветла точка на мечот беше кога при водство на Радванска од 3-0 се врати Квитова, и толку беше од неа денеска.
 
Навивачки Радванска а инаку Серена ако сака да освои ќе го направи тоа.
 
Од каде ти е сликава? Мене од официјалниот сајт на турнирот. :icon_lol:
И на мене, а и сите колку што сум читал статии за турнирот, а и за тој во Лондон го пишуваат со црвена и бела група. :)
Па кој како ќе прифати, јас А и Б не сум чул до сеа.:icon_lol:
Eве ако го слушна и коментаторот сеа кога завршуваше мечот на Серена и Кербер напомена црвена и бела.
 
И на мене, а и сите колку што сум читал статии за турнирот, а и за тој во Лондон го пишуваат со црвена и бела група. :)
Па кој како ќе прифати, јас А и Б не сум чул до сеа.:icon_lol:
Eве ако го слушна и коментаторот сеа кога завршуваше мечот на Серена и Кербер напомена црвена и бела.

Еве гледај ....
http://www.wtachampionships.com/SEWTATour-Archive/posting/2012/808/MDS.pdf
 
Синоќа и Шарапова лесно ја совлада Сара Ерани, се надевам денеска ќе гледаме по неизвесен тенис.
Денеска први на терен ќе се појават Серена Вилијамс - Ли На, после нив ќе се Азаренка - Кербер, за да повторно во вечерен термин игра Шарапова против Радванска, тука би требало неизвесен меч да гледаме.

Иначе Квитова се повлече од турнирот, на нејзино место ќе влези 9та на листата, а тоа е Саманта Стосур.
 
Пуштено ми е на јуроспорт , играат Серена - Ли , тајбрејк моментално во прв сет , доста брејкови имаше . Освојува изгледа Серена сетов.

Туку ме чуди , јас сум на Blizoo , и моментално гледам на аналогната тв. Поенот на резултати.ком го дава 3 секунди пред да го видам на тв .
Е сега , ако гледав на дигиталната , таа сигналот го емитува 3 секунди некаде подоцна од аналогната тв . Цели 6 секунди подоцна од резултати.ком :pos: Брзи се луѓето изгледа .
 
Пуштено ми е на јуроспорт , играат Серена - Ли , тајбрејк моментално во прв сет , доста брејкови имаше . Освојува изгледа Серена сетов.

Туку ме чуди , јас сум на Blizoo , и моментално гледам на аналогната тв. Поенот на резултати.ком го дава 3 секунди пред да го видам на тв .
Е сега , ако гледав на дигиталната , таа сигналот го емитува 3 секунди некаде подоцна од аналогната тв . Цели 6 секунди подоцна од резултати.ком :pos: Брзи се луѓето изгледа .
Moже кабловската превзема сигнал од макс тв или бум тв.
Барем кај мене е така на некои од програмите.. нека не те чуди ништо, мора и тие некако да се снаоѓаат.
Серена се изнамачи во прв сет, втор лагано..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom