Јави се во ЕВН да се пожалиш дека месец дена немаш улично осветлување ( цела улица), од таму фино лепо теткицата ќе ти каже дека ‘‘Уличното осветлување е во надлежност на општините, а тие само вршат наплаќање, висината на цената ја одредува Регулаторна комисија‘‘ Благодарам, пријатно.
Јави се во општината да се пожалиш дека месец дена немаш улично осветлување, а при тоа цела улица си плаќа по 140 денари месечно за услуга што не ја добива, одговорот е:
‘‘Износот на таксата е унифициран за сите општини. Секој граѓанин плаќа паушален месечен износ, а тој паушал не го одредува општината, туку министерството за локална самоуправа, во врска со таа и таа улица запознаени сме и работиме на случајот
‘‘Благодарам, пријатно.
И ако во случај сакаш да прашаш во министерството за локална самоуправа од таму ќе ти речат:
- ‘‘Ние не сме надлежни, износот на уличното осветление, кој го плаќаат граѓаните, се одредува со Законот за комуналните такси, а општините ги прибираат тие средства., Благодарам пријатно.
Заклучок: Плаќај и не прашувај, затоа што ако прашаш, нема кој да ти одговори