- Член од
- 7 мај 2005
- Мислења
- 1.231
- Поени од реакции
- 307
Резилот продолжува: владата на Антонис Самарас никако да одговори зошто не собере данок од 2000 лица што затајувале данок (има листа со име, презиме, сума на пари депонирани во странски банки, итн.)?
"...грчкиот премиер Антонис Самарас доживеа лавина политички критики поради украден компјутерски диск кој ги вклучува имињата на 1.991 Грк со 1,5 милијарди евра во вид на депозити во една швајцарска банка.
Датотеките на дискот идентификуваа 24.000 луѓе кои биле депоненти во женевската филијала на ХСБЦ. Иако грчката влада не го направави тоа, другите држави ги користат oвие информации за да ги ловат даночните затајувачи.
Поранешниот грчки министер за финансии, Јоргос Папаконстантину, наводно, го добил дискот во 2010 година од неговата француска колешка, Кристин Лагард, која е сега директорка на Меѓународниот монетарен фонд.
Заедно со ЕУ и ЕЦБ, ММФ е дел од Тројката која обезбеди финансиска помош за Грција од 230 милијарди евра во вид на заеми за спас.
Кога неодамна беше објавено дека дискот е исчезнат, наследникот на Папаконстантину, Евангелос Венизелос, тврдеше дека има копии од документите на мемориски стик, кој тој рече дека го предал на кабинетот на премиерот.
Венизелос се најде на удар поради тоа што не се обиде да утврди дали имало даночни измами во времето кога тој двојно ги зголеми даноците на доход и на имот и оданочувањето на сиромашните."
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2012/10/17/feature-01