Стрелаштвото во Мaкедонија

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, ме интересира дали некој од вас има информација за добар стрелачки клуб, регион Прилеп - Битола? Целта ми е рекреативно да одам, 2 до 3 пати неделно, па доколку некој можи да ме насочи кон активен клуб би било супер. На Google се некој застарени веб страници излегуваат.
Види стрелачки клуб ,,РЕК Битола'', земав еден воздушен пиштол од еден човек од Битола, на кутијата има таква лепенка, ми кажа дека тој е таму член, за услови и такви работи не знам ништо.
 
Пред некој месец купив воздушна пушка "GAMO WHISPER CFR" од Micei Скопје која се купува само со лична карта бидејки излезна брзина на проектилот (диаболата) е 170m. во секунда а за воздушните со излезна брзина над 200m. во секунда потребно е одобрение за оружје од МВР. Сега сум заинтересиран за воздушен пиштол од оние со CO2 боца. Има ли некој искуство со тој тип на воздушен пиштол?
 
Дали знае некој каде може да се купи црвена точка (red dot) од марката на AIMPOINT?

Во Ди-ман-ко видов имаше само еден модел, но беше 300€ поскап во однос со Европа (Словенија и Бугарија). Што си е многу, многу си е
 
Имал ли некој искуство до сега со оние пиштолите метални на дијаболи (пластични) што ги продаваат по 1.000 ден.? Добри ли се за занимација или се глупости за деца?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom