Всушност, ова прашање може да важи за претежно повеќето екс-Ју народи, но сепак, веројатно на надворешен план најмногу пријатели и роднини Македонците имаат со Србите (на Интернет план тоа е веќедокажано).
Евидентно е како при интеракција со нашите северни соседи, ние во најчестите случаи се трудиме како знак на добра волја да го користиме нивниот јазик, додека Србите се оние кои секогаш имаат потешкотии да не’ разберат. Освен што е видливо и во нашата затворена комуникација со нив, се гледа и по настапите на нашите и нивните јавни личности. Нашите естрадни ѕвезди, на пример, одат до таму што издаваат цели албуми на српски јазик.
Обичен патриотски македонски коментар би бил „Самобендисан народ се, се преправаат дека не знаат, но се разбираат.“ Сепак, нештата не можат да се разгледуваат само од ваков аспект. Бидејќи, колку и нашите јазици да делуваат слично, сепак имаат голема разлика. Едни од најголемите проблеми со кои се среќаваат Србите се членувањето на именките и удвојувањето на предметот. За нас, проблем се падежите.
Но, веројатно најголемата причина како ние подобро се снаоѓаме во говорењето на српскиот јазик е влијанието кое нашиот северен сосед го имало врз нас во историјата, а најмногу за време на Југославија. Неспорно е дека за време на поранешната федерација ние сме имале преголемо влијание на српскиот јазик, почнувајќи медиумски, преку телевизии, весници, стрипови, музика, па се до литературен аспект.
За разлика од нас, Србите од икс причини не можат да гледаат македонски телевизиски програми преку нивните телевизии (додека кај нас и ден-денес „на кило“ се емитуваат српски реални шоуа, емисии, серии, филмови“), македонската музика ја слушаат „преведена“ на српски, весници… за нив да не правиме муабет.
Затоа, поради преголемата разлика, прво во големина, така и во влијание, не можеме многу да „парираме“ на ова поле, меѓутоа треба да се гордееме секогаш кога некој, било кој од екс-Ју народите ќе пробува да зборува на македонски јазик, колку и да звучи тоа смешно.