Односите во вашето семејство...

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Со моиве е се ок, некогаш знаат од такт да ме извадат али сепак ок се, на тато галеничето, миленичката на тато (папетично знам), него ова малово суштество што ми мрчи по дома ми иде на нерви скоро секој ден иако знае некад да биде фина и добра кога ќе и треба нешто поготово финансии па ќе дојде да се умилкува, дадичка ова, дадичка она, море мрш! таму :)
 
Добро стојам со моите....сестрами е одамна мажена и кога доага со нејзината банда(внуците)на гости си муабетиме се смееме шетаме низ град..
А мајка ми и татко ми дење се на работа поручек кулираат или не се дома а навечер спијат така да со нив се гледам еднаш неделно:vozbud:
 
со татко ми тешко 10 мин ако сме заедно чудо ке биде да не се скараме...со мајка ми добро мада некогаш ми шета по нерви....со сестра ми-СУПЕР!
 
Со родителите сум ОК добро понекогаш се караме како и секоја фамилија исто и со братот кој е поголем од мене па знае да ми дава команди а јас категорично ги одбивам и доага до судир но не прераснува во тепачка ..
 
Добро стојам со сите,темпераментни сме па често знаеме да ја спукаме работата,ама па и брзо се смируваме..секогаш се спремни да ми помогнат во секоја ситуација,да ми дадат совет,тука се за мене секогаш..:wink:
 
Па можам да кажам дека нашето семејство е среќно семејство :) Супер се согласуваме и секогаш имам подршка од моите :)
 
Траги-комични.

*ми се свиѓа уводот на темава, цитирам: дечки нејќам да ви се мешам у фамилија...
 
Среќно и хармонично семејство. Сите по малку швркнати, така да често се смееме и глупираме. Многу слобода и многу комуникација. Отворени муабети за се, буквално за се.
Со мајка ми сум многу блиска и приврзана и не би можела животот да си го замислам без неа.
Со татко ми исто така. Сестра ми е помала и понекогаш ме вади од такт, ама сепак многу ја сакам, така да и не зборуваме по неколку часови, едната ќе попушти, ќе разговараме и се смирува тензијата.
Не дека нема проблеми и нервози, ама некако ги решаваме на смирен начин. Навикнати сме да живееме како оптимисти и со верба дека се ќе се среди и ќе биде подобро.
Имам огромна поддршка и помош за што и да станува збор. Не сум разгалена, не сум добивала се што ќе сум посакала, ама секогаш сум го добивала она што ми било навистина потребно.
Едноставно семејство, во кое изобилуваат смеата и хуморот.
 
Па како и секое нормално семејсто.Има денови кога се е ок,но има денови каде што има и по некоја караница.
 
Пу, пу... скраја да е односи во нашето семејство :pos2:.

Шалата настрана, односите ни се супер. Функционираме како секое нормално семејство кое ги преживува транзиционите времиња, во кои сите нормални и ненормални работи за едно традиционално македонско семејство се решаваат на многу современ начин.
На пример: ајварот сите го јадеме... ама сите и учествуваме во приготвувањето. Е сега јас јадам поголеми намачкани лепчиња, но тоа е заради силата што морам да ја поседувам за да можам да го држам боздоганот.:kesa:
 
...се фер и демократски.:)

Не дека сме совршени,понекогаш се јавуваат пречки во комуникацијата,некој ќе почне да зборува нешто што останатите тешко го разбираат па треба време и труд за да пронајдеме заеднички јазик и да се разбереме,иако само на македонски зборуваме:),али тоа се ситни недоразбирања кои не оставаат штетни реперкусии врз квалитетот на живот на било кој од членовите.
 
Navistina .. odnosite vo moeto semejstvo... se krajno neandertalni. Se sto e covecko tuka e pomnozeno so nula:rolleyes:
 
Највише ми попуштаат пошо сум најмала а иначе односите ни се супер и мислам дека се срќно семејство,знаеме и некогаш да се поткараме ама увек се завршува :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom