Г
Грејвдигер
Гостин
ИТ Настан: КИКА организира воведен курс по програмирање во Python
После курсот за користење и програмирање на Arduino, од хаклабот КИКА организираат уште еден курс за почетници, но овојпат се работи за програмирање во Python.Python претставува динамички програмски јазик и истиот денес наоѓа голема примена почнувајќи од најобични скрипти, па се до апликации за извршување на поголеми и комплексни операции. Едноставноста на овој јазик се крие во динамичноста и неограниченоста на програмерот кој не мора да се држи до строго определени правила, што не е случај кај другите статички испишани програмски јазици.
Што се однесува до курсот во КИКА, истиот е предвидено да трае 6 недели, односно една сесија неделно од по 2 часа. Се работи за основен курс за кој не е потребно некое предзнаење, а предавањата ќе ги одржи Благој Петрушев.
Курсот започнува на 24 октомври и ќе се одржува секоја среда во хаклабот КИКА, со почеток од 19 часот. На овој курс присутните ќе може да се запознаат со концептите на програмирањето, основните делови на Python и некои корисни алатки кои ќе бидат потребни за пишување на програми.
Цената на курсот е 3.000 денари и сите средства одат за поддршка на хаклабот КИКА, а секој заинтересиран може да се пријави со пополнување на оваа форма. Повеќе за курсот можете да прочитате на официјалниот вики за слободен софтвер.
Извор: http://it.com.mk/it-nastan-kika-organizira-voveden-kurs-po-programiran-e-vo-python/