Првата комерцијална ракета во вселената

  • Креатор на темата Креатор на темата outTake
  • Време на започнување Време на започнување

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Локација
Куманово
Веб-сајт
outtake.blog.mk
article-2214413-156720C9000005DC-77_634x390.jpg


Вчера беше лансирана првата комерцијална ракета во орбитата во мега-договор со американската вселенска агенција НАСА.

Ова е второ лансирање на Драгон капсулата во орбитата на земјата од калифорниската вселенска компанија „SpaceX“, а првото беше во пролет оваа година, но овој пат не беше тест летање. Леталото носеше и 453 килограми клучни научни експерименти, а исто така на астронаутите во вселенската станица им однесе сладолед од ванила и чоколада ставен во фрижидер.

НАСА има склучено договор со компанијата SpaceX вреден 1,6 милијарди долари за 12 снабдувања на мисии на вселенската станица. Леталото Драгон ќе помине три месеци на вселенската станица и на 28 октомври ќе падне на Пацификот.
 
Ако се е во ред, за 5-6 години Спејс Икс ќе почнат да лансираат луѓе со Драгон...
 
За три години треба да стартуваат со астронаути SpaceX, 2015, освен SpaceX во игра се и Боинг и Дрим Честер на Сиера Невада, само што Дрим Честер треба да стартува покасно, највеојатно после 2018, но самиот проект е доста интересен Дрим Честер е мини шатл. Дугите приватници отпаднаа, во игра остануваат само овие три, кои што имаат договори со НАСА која ги финансира.
Тоа се договори за пилотарни мисии инаку за карго освен SpaceX НАСА има договор и со Орбител Сајнс, до крајот на годинава Орбитал треба да го има првото експериментално лансирање на капсулата Сигнус и ракетата Антарес.

И веста не е точна, ова е трето лансирање на Драгон. По втор пат се спојува со ИСС. Првите два лета на Драгон беа експериментални. Ова е воедно четврто лансирање на Фалкон 9 од кој многу се очекува на комерцијалниот пазар, Space X веќе има долгорочни договори вредни милијарди за лансирање на сателити.
Лансирањето не беше потполно успешно затоа што 1 од 9-те мотори на ракетата Фалкон 9 откажа, резултатот е пограшна пониска орбита на комуникациониот сателит на Орбком кој е лансиран задно со Драгон. Драгон има коректна орбита и се очекува во Среда да се спои со ИСС.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom