outTake
Psychonautic
- Член од
- 2 септември 2009
- Мислења
- 140
- Поени од реакции
- 118
- Локација
- Куманово
- Веб-сајт
- outtake.blog.mk

Вчера беше лансирана првата комерцијална ракета во орбитата во мега-договор со американската вселенска агенција НАСА.
Ова е второ лансирање на Драгон капсулата во орбитата на земјата од калифорниската вселенска компанија „SpaceX“, а првото беше во пролет оваа година, но овој пат не беше тест летање. Леталото носеше и 453 килограми клучни научни експерименти, а исто така на астронаутите во вселенската станица им однесе сладолед од ванила и чоколада ставен во фрижидер.
НАСА има склучено договор со компанијата SpaceX вреден 1,6 милијарди долари за 12 снабдувања на мисии на вселенската станица. Леталото Драгон ќе помине три месеци на вселенската станица и на 28 октомври ќе падне на Пацификот.