КАКО ИЗГЛЕДА ЧИТАЊЕТО, НЕ ЧИСТЕЊЕТО, КАЈ ВАС ДОМА?

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Каква литература се чита кај вас дома???
Мислам на литература, најопшто земено,која ја читаат сите дома.
Книга ли е? Од кој жанр?
Штампа ли е? Од кој тип?

Или пак никој ништо не чита?

Понекогаш,кај нас дома,се тепаме кој прв да ја прочита книгата,која нели по обичај ја наоѓам јас.Па така,секогаш последна ја читам. Најчесто станува збор за белетристика и најпопуларните книги во последно време.
Но, знаеме ние и за весникот да се испотепаме,па го делиме на парчиња,па кому крстозбор,кому колумна,кому што ќе остане.:)
Фала Богу,стручната литература ми е секогаш на раат.Тука мајка ми врши краток увид,а татко ми бара сериозно прераскажување на стручна материја.:):):)

Градинарството е на татко ми, кулинарството е на мајка ми, за вестот не правам муабет,па си купувам дневник,магазините не ги делиме,па тука конечно сум јас прва на ред.

Како изгледа читањето,не чистењето, кај вас?
 
стручна литература строго.
досеа, литература вака општа, сум читал само у школо (ме тераа професорите)
а за магизини и ред вакви мали ствари, се мават ко алва.

удара на речник, али ме мрзи.
 
Најчесто со мајка ми се тепавме која прва да прочита некоја популарна книга. Јас во последно време читам по програма, па немам време за нив и и` остануваат нејзе.

Брат ми чита лектири, а со него заедно и јас ги читам за да му помогнам околу обработката, му помагам да ја сфати подобро книгата.

Очувот чита историски, религиозни, книги за билки и растенија и дневни весници.
 
Татко ми чита книги со настани од двете Светски војни. Мајка ми чита „лесни” книги, онака релаксирачки. Јас ги читам книгите и делата за трета година, а брат ми ништо не чита.
 
Кај мене у фамилија има газда на елитна книжарница. Да не мавам сеа реклами :) па книги имам и за преку зима. Обично ги читам сите нивни изданија и таман ми е. Брзината на читање моја очигледно се поклопува со издавањето на нивните книги. Инаку Татко ми сака воена литература ама чита што му падне при рука. Алал да му е, чита со брзината на светлината никако да го стигнам. Мајка ми е повеќе по популарните книги а највеќе сака психологии и сра*а. Мене не ми се допаѓаат затоа викам така не дека се. Јас сакам опуштено и комедии. Ама ко за инат све ми преведуваат некои обратни. Баба ми е посебен случај. Нема за неа тешка книга лесна книга, голема мала... Чита од Агата Кристи до Психологија и Алхемија. Луда е :lud: :pos2:
 
моите само весници, јас покрај весници читам и блогови, википедиа... киги никакако, кога читам, читам само од интернет.
 
Се чита претежно стручна литература, јас по правото и автомобилите, а понекогаш сакам и некоја добра книга да прочитам, некој понов бестселер, дневни весници на интернет, а белетристиката е повеке четиво на сопругата, која ако чита, знае да одбере некој добар роман.
 
Ух... јас сум горд сопственик на една огромна библиотека која редовно си ја надополнувам, ама толку е „чешит”, а и јас сум малку чувствителен кога е таа во прашање, па ретко кој има пристап до неа, односно до нив, до книгите.
На пример, освен мене, нема друга „будала” која ги чита книгите поезија кои ги имам (а, имам значајни и многубројни примероци). Потоа, нема некој ги чита стручните книги од областа на лингвистиката, граматиката, јазикот и теоријата на книжевноста. Ќе се најде некој кому му требаат книги од областа на новнарството (отац има некои енциклопедии), па тие им ги давам на ограничена употреба. Класиците немам место да ги чувам, па ги чувам кај баба ми.
Мајка ми знае да читне некој бестселер... Татко ми нема време ни за весник, сиромашкиот. :(
ГИ имам скоро сите книги од Агата Кристи и секогаш си ја читкам. Религиозни книги, теории на заговор, енциклопедии, антологии, речници... Има кандидатка да ми ги брише од прашина? :)

По фиоки и подруми завршија сите збирки задачи по математика и физика, кои едно време ги купував, решавав и чував.

Едно процедурално прашање: не е темава за литература, култура, јазик...? ;)
 
Одговор на процедурално: Не е! Причекај,па ќе видиш.:)
 
Бибика опет? А што се деси со боенката???
 
viktorgg напиша:
Бибика опет? А што се деси со боенката???

Тестови на психологија,муабет-овде!

Со БОЕНКАта не се десило ништо,давам време да се изјаснат луѓето и после ставам клуч и објавувам резултати на психологија.:vozbud:

Море Виктор,а да одговореше на темава,а?ааа??Читате ли по дома,додека беше дома де? И што читавте најчесто,а исто???
 
Pa sto znam,tatko mi obicno klasici,neso psihologija,knigi za bilki ili medicina nesto.Majka mi beletristika nesto lesno,ama znae da zabega nesto kao skot pek i slicno,jas osven za u skolo isto sobiram od majka mi toa beletristikata i od tatko mi toa psiho knigite,sea posledno so drpnav e od kaj majka mi Pijanistka so faka prasina podolgo vreme:)
 
bibika напиша:
Тестови на психологија,муабет-овде!

Со БОЕНКАта не се десило ништо,давам време да се изјаснат луѓето и после ставам клуч и објавувам резултати на психологија.:vozbud:

Море Виктор,а да одговореше на темава,а?ааа??Читате ли по дома,додека беше дома де? И што читавте најчесто,а исто???

Па напишав бејби Бибика :) Малку погоре... ме има сепак.:)
 
viktorgg напиша:
Па напишав бејби Бибика :) Малку погоре... ме има сепак.:)

Оф топик:

Ќути,не збори гласно.:) Ако чуе Тифф,готово!!! Не му давај име ни на ПП,ќе си имаш мака,хахахахаааа...мала шала,со многу вистина.

Назад на темата.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom