Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
Баш со овој наслов е еден фељтон во весникот „Нова Македонија“од почетокот на 1978 год,
и има стотина продолженија.Сега селеејќи се во еден пакет во подрум ги најдов сите,кој тогаш во тоа време сум ги исекол и оставил за читање.Во тие помлади години сум немал време изгледа за читање,а и мојата професија занат-работник ми давала други задолженија,но тоа што сум ги зачувал кажува дека сум ја сакал Македонија и нејзината историја.
автор на тој фељтон бил Верољуб Андоновски.
Не сум ги сите страни прочитал,само ги пролистав но тука најдов податоци за сите политички убиства од времето на Илинденското востание и по него.
Незнам дали има тема отворено за овие случувања и со овој наслов.
Еве дел од еден текст за предавството и убиството на војводата Александро Турунџиев.
Турунџиев е редок или единствен случај каде по предавството е фатен жив, осуден и обесен.
Турската власт го осудува на смрт главно заради неговата храброст и предизвикувачко држење на судот.Ќе пренесеме дел од овие мошне интересни реплики од судската сала.
-Кажи Алексо- праша претседателот на судот, зошто не се предаде во времето кога султанот даде амнестија.
-Зошто сакам да го убијам Султанот и да ги заменам фесовите на Турците со шапки-одговори Алексо
-Ами само тоа ли ти е желбата? Праша повторно претседателот.
-Да само тоа - одговори Алексо
-Сериозно ли зборувате,и ги подржувате тие свои желби,Алексо - праша уште еднаш претседателот на судот.
- Да ги подржувам и ќе ја исполнам мојата желба,само ако имам можност да излезам на слобода и ако ми се укаже случај да се доближам до Султанот - одговори повторно Алексо.
Потоа патот е кон бесилката.Историската фотографија од оваа морбидна и трагична сцена најубаво говори за беспримерната храброст,а бројните сведоштва,за држењето и однесувањето на овој истакнат борец.
(друг пат ќе го препишам и предавството и фаќањето на овој наш славен војвода)
извор-„ Нова Македонија„-четврток 9 март 1978 год. стр.12