Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.265
- Поени од реакции
- 1.340
Си гласав за "провинција", нормално секој би сакал да живее во својот роден град. Но читајќи ги коментарите на темава има некои работи кои стварно ме загрижуваат. Едноставно на нас Македонците, во крвта да ни е да 'рчкаме меѓу себе. Провинцијалците биле вакви, провинцијалците биле такви... Еве веќе 2 месеца живеам во Скопје, прва година сум на факултет. Да се запишав на факултет во Скопје не затоа што факултетот е во Скопје ТУКУ затоа што сметам дека тој е најдобриот факултет во Македонија. Не отидов таму заради Скопјани или за да се правам скопјанец туку за да учам. И не, не се сите провинцијалци курвчиња и сиромашни кои сакаат да останат во Скопје. Мене Скопје лично со ништо не ме привлекува, туку сум затоа што морам. За жал тажно е тоа што најверојатно ќе морам и да останам тука, затоа што работа според мојата струка во мојот град нема. Е сега неможам да ги разберам овие луѓе кои сметаат дека ако се родени во Скопје претставуваат нешто повеќе од мене. Дека јас ако сум од внатрешноста на Македонија според некои стандарди "имам помала вредност"? Неможам да ги разберам оние луѓе кои велат дека провинцијалците им го уништуваат животот... Ви ги земале работните места... Па сте се запрашале дека тоа е можеби затоа што тие се поквалитетни од вас, затоа што вложиле повеќе труд? Провинцијалците немале култура и ви го прљале градот и ги расипувале лифтовите?
Сакаш да кажеш дека благодарение на неколку луѓе даваш заклучок за илјадници?
Дека сите Скопјани се едуцирани и културни?
Едноставно од вакви коментари ми се гади, но во секој град има вакви луѓе кои сакаат да ги омаложуваат дојденците... Погоре прочитав еден коментар во кој пишуваше дека членот ги прошетал сите градови освен оние на белоглавите.... Сакаш да кажеш дека градовите како Гостивар и Тетово не се наши македонски градови и дека ние македонците што живееме тука сме "шиптаризирани"?
Јас имам другари и од Скопје и од Гостивар и од села. Со сите се однесувам исто, затоа што луѓето ги ценам според нивниот карактер и нивното однесување а не според потеклото....