Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
Одамна сакам да почнам да пишувам за ова скопско маало,некогаш и мое маало од детството,
тие пишувања ќе ги поделам во повеќе раскази-сеќавања:
-Еврејското маало-местоположба
-Вечниот добар стар Камен мост
-Црквата Св. Димитрија
-Тврдината Кале
-Реката
-Главната улица и дуќаните
-Театарот
-Куќите,чешмите и заедничките дворови
-Паркчето пред ЦК
-Крајот на Еврејското маало 1969 г.
----------------------Еврејското маало местоположба
Кога ќе одите од десната страна на градот и поминувате по Камениот мост кон левата страна,поточно кон чаршијата не може да не го забележите Еврејското маало,а тоа нема да ве остави рамнодушен и најчесто ќе скршнете по малото мовче-скали кон него од левата страна на мостот,кој пат води право кон театараот.Ако пак продолжите право по мостот на крајот сте веќе на главната улица,која на почетокот е и плоштад кој некогаш го знаевме како „Плоштад на загинатите од фашизмот“,некогаш можеби плоштад Ибни Пајко а наскоро можеби и со друго име.Понатаму по главната улица од левата страна е црквата Св. Димитрија,а тука десно се двои крак - пат за чаршијата покрај Даут Пашиниот амам.Повеќе за оваа улица која не постои сега во расказот за неа.А тоа друг пат.Еврејското маало го зазема просторот лево од оваа улица,на јужната страна до самото корито на реката од Камениот мост па кон запад се до Калето,местото кое го нарекувавме „дизел“ или почеток на старото скопско сајмиште.На севернеата страна по цела должина маалото е до под тврдината Кале. На источната страна преку главната улица ова маало граничи со прочуеното Пајко маало.И самиот влез на чаршијата е дел од Еврејско маало.
---------------------Паркчето пред ЦК
Зошто баш почнувам со раскажувања за Еврејското маало од приказната за Паркчето пред ЦК.
Потик овој расказ да го вметнам во темава ми даде еден ист таков сличен од Данило Коцевски.
Со големо задоволство ги читам неговите раскази за старо Скопје,а неодамна и купив една негова книга “Го сакам Скопје“. Се пронајдов себе си од детството во многу негови раскази,го пронајдов и градот кој повеќе го нема.Му благодарам многу за тоа и голема почит и потик нека пишува уште.
Еве што точно навел Г-дин Данило Коцевски во приказната за „ скопските мали паркчиња“
„Нивото на овие паркчиња,обично беше спуштено ПОД НИВОТО на околните тротоари,а тоа ги изделуваше и им даваше посебна привлечност....
...На ист таков принцип беше организиран и уреден и сегашниот парк „ Жена борец“,како и
Паркчето пред бившото ЦК.“
-----------------------
Паркчето пред ЦК.
ЦК - беше една голема зграда за тоа време и се одвојуваше од околината,сместена веднаш под Калето,на главната улица од левата страна кога одите кон Топаана (касарните и центр.затвор)
Под оваа зграда се наоѓаше ова наведено паркче.Нешто уште поконкретно.За влез во Еврејско маало од главната улица,која тогаш со име „МаршалТито“ скршнуваа две улици,една веднаш до Камениот мост кон театарот(и сега е на иста положба) и една над црквата,покрај дуќаните која навлегуваше во центарот на маалото.Сега улицата не постои,освен нејзиниот почеток а и неколку дуќани. Над оваа улица почнуваше ова паркче ИЗДИГНАТО НАД НИВОТО НА УЛИЦАТА два метри.Сето тоа заради да се постигне хоронзотала на паркчето во одност на местоположбата и околината.Ова паркче пред ЦК граничеше на источната страна со тротоарот на главната улица,
која пак со угорнина се протегаше угоре кон Калето покрај зградата на ЦК.На северната страна беше распослано до улицата „Дрењак“,а која беше само влез до гаражите на ЦК.Значи од ќошот карши црквата имаше потпорен ѕид од два метри,во цела должина од јужната страна а кон север таа висина се намалуваше до „нулта“,до пред ЦК. На западната страна беше Еврејското маало.
Ова паркче пред Цк имаше квадратен облик,во средината мал круг со цвеќиња од кој почнуваа повеќе песокливи патчиња со повеќе клупи.Не се сеќавам да имаше големи стари дрва,како што имало во другите паркови,поточно и немаше.Во ова паркче пред ЦК можеше да се влезе од две страни,од главната улица и од западната страна т.с. од кај маалото.И самата зграда на ЦК беше во еден вид парк,тревник пред неа а на север под Калето со повеќе убави борови и елки.
Во тоа време пред и по земјотресот беше ова место многу „живо“,а со тоа и ова паркче пред ЦК.
Тука беше главниот влез во чаршијата која тогаш беше „наша“ и имаше скопска душа.Тука водеше главната улица од Железничката станица па се до касарните.А да касарните на скопското Кале на кој добро се сеќавам и на многуте војници.Баш тие војници беа и чести посетители на ова паркче пред ЦК,да одморат малку со својте роднини кој им дошле на посета.Ова паркче беше и мој двор,бидеиќи тука речиси во него го поминав детството.Имаше некој грмушки со бели топчиња па ние деца (маалски копиљи) правевме чатали и со тие топчиња ги мававме маалските девојчиња.Ама и ова колку да се знае,правевме и мали чатали со жила од ластик од „јојо“ и муниција од тенки бакарни жички,завиткани како потковица.И приквечер а некогаш и дење,сокриени на ивица од ова паркче пред ЦК што гледа кон чаршијата ги гаѓавме нозете на жените.Која како ќе помине ќе се зачеша како комарец да ја каснало а тек после ќе примети дека хулахопките и се скинати.Во ова паркче почесто би рекол и секојдневни имаше и по некоја сама жена - „ лесна жена“,Такво ли беше местото,дали поради војската или близина на автобуската станица и чаршијата.На една и се сеќавам и ќе ја опишам во скопските легенди - легенда беше.
После земјотресот како и во сите останати скопски паркови и паркчиња,и овде беа поставени неколку приколки,но шатори и поголема населба немаше.
За ова паркче пред ЦК уште и ова.Некаде по земјотресот,кога зградата на ЦК се уште не беше срушена добив и имав една „тешка“ задача. Добив од тамошните од таа зграда неколку платнени вреќи со наредба тоа што е внатре да го запалам.Јас полн со радост го сторив тоа.Вреќите ги однесов на ивица од паркчето на западната страна и ги истресов и запалив.Во две три вреќи беа некој си книжуриња,како мали минијатурни тевтерчиња,беа со црвени корици и петокрака на нив а внатре на првата страна и мала слика како од лична карта.(тоа да ти биле комунистички книшки)
А во некој вреќи беа квадратни перничиња-меки полни со памук и тие да ти беа црвени,од убав штов а внатре на убаво парче шпер плоча.Сите ги испокинав,а со собраниот памук мајка ми си наполни голема перница.( тоа да ти било перничиња за медаљи)
Колку што се сеќавам имаше и црево со вода во ова паркче пред ЦК,за чешма не сум сигурен,но понекогаш од ова црево кога ги немаше надлежните знаевме да ги переме домашните алишта и черги,а навечер ќе поврзевме повеќе црева па стигаа и до дворовите и бавчите.