Цени за рекламирање

  • Креатор на темата Креатор на темата Јефто
  • Време на започнување Време на започнување

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Возраст
29
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.twitter.com
Вака, сакам наскоро (некаде од 1 Декември) да наплатувам за рекламните банери на мојот сајт. Цените кои јас ги нудам се следните: 900 ден. за првиот, 850 ден. за вториот, и 750 ден. за третиот банер. Дали цените се премногу ефтини, или пак премногу скапи ? По колку се нуди рекламен простор по други сајтови ?

И најважното прашање поврзано со ова, дали ќе треба и колку % кон УЈП да се плаќа, и претпоставувам ако се плаќа данок ќе биде на годишно ниво ?
 
Тоа дали е многу или малку зависи од бројот на посети што имаш дневно/неделно/месечно итн
 
Цената се става според посетителите, неможеш на некој 900 денари месечно да му земеш ако живо пиле нема на страницата....
 
Имаш за 14 дена премиум оглас по цена од 90 денари.
Ем се рекалмираш ем продаваш.
За нова фирма рекламирањето ти е скапо
 
Најпрво благодарам на одговорите.
За среќа имам многу живи души што ми го посетуваат. Линк за статистика можете да видите овде

А дали доколку некој одлучи да се рекламира кај мене, и ми уплати на сметка пари, дали е потребно тие пари да ги пријавам како данок во УЈП ? Колку проценти би ми задржале од УЈП ?
 
Зависи како би ти ги уплатил и кава сметка имаш, претпоставувам најобична транскациска а не на фирма.
Ако ги уплати како физичко лице до сума под 10000 денари не треба данок. Ако е над таа сума се плаќа персонален данок на приход од 10%.
Ако ти уплатиле како фирма тогаш сигурно се плаќа данок само искрено незнам колку е тоа.
Се надевам помогнав, за подетално некој сметководител ке си прашаш од прва рака ке ти кажи.
 
Е тука малку ми треба под помош.
Јас сум малолетно лице, и немам никаква сметка. Дали можам да си отворам транскациска ? Доколку неможам планирам на мои роднини да се послужам сметката.
ps. немам фирма, кога го регистрирав сајтот, не ми беше потребно да имам фирма
 
Најпрво благодарам на одговорите.
За среќа имам многу живи души што ми го посетуваат. Линк за статистика можете да видите овде

А дали доколку некој одлучи да се рекламира кај мене, и ми уплати на сметка пари, дали е потребно тие пари да ги пријавам како данок во УЈП ? Колку проценти би ми задржале од УЈП ?

Кога би ги ставил тие цени за рекламирање повеќе би се грижел за процентот колку муштерии ќе останат или колку ќе дојдат.
1.Ако имаш фирма данок на добивка не плаќаш до 3 милиони денари годишна реализација
2.Ако услугата ја наплаќаш како физичко лице на трансакциска сметка тогаш имаш 10% персонален данок на годишните приходи.
3.Ако услугата ја наплаќаш во готово не си обврзан да ги пријавиш вкупните приходи,туку по желба.

ДДВ то колку е за услужна дејност ќе си прашаш во Управа за Јавна Пљачка
--- надополнето: 16 септември 2012 во 23:01 ---
Е тука малку ми треба под помош.
Јас сум малолетно лице, и немам никаква сметка. Дали можам да си отворам транскациска ? Доколку неможам планирам на мои роднини да се послужам сметката.
ps. немам фирма, кога го регистрирав сајтот, не ми беше потребно да имам фирма
Малолетно лице пред наполнети 18 години не може да има лична трансакциска сметка,освен да биде застапувано од полнномошник
 
Кога би ги ставил тие цени за рекламирање повеќе би се грижел за процентот колку муштерии ќе останат или колку ќе дојдат.
1.Ако имаш фирма данок на добивка не плаќаш до 3 милиони денари годишна реализација
2.Ако услугата ја наплаќаш како физичко лице на трансакциска сметка тогаш имаш 10% персонален данок на годишните приходи.
3.Ако услугата ја наплаќаш во готово не си обврзан да ги пријавиш вкупните приходи,туку по желба.

ДДВ то колку е за услужна дејност ќе си прашаш во Управа за Јавна Пљачка
--- надополнето: 16 септември 2012 во 23:01 ---

Малолетно лице пред наполнети 18 години не може да има лична трансакциска сметка,освен да биде застапувано од полнномошник
Да ама ако прима пари на трансакциска како физичко лице од физичко лице до 10000 денари нема данок на добивка , барем јас така знам. А ако прими од правно лице тогаш на било која сума има данок. Можеби грешам ама така знам, па ако не е така поправиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom