Игор Џамбазов со ново шоу „ЏИШ“

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување
Не е тоа шо беше, aма слаби сме на него...Има многу истрошени кредити, ама секако дека ќе му дадам шанса... Па пораснавме со човеков, не е шала... Ме тепа некоја носталгија ко ќе се спомене неговото име, сакам да го видам како успева, да се воздигне, пак да го попуштам волумето ко ќе се појави на телевизија - абе криво ми е и сакам да растури.

Цитатов:

" Eднаш се живее, ама двапати се умира. Прв пат умираш кога ќе си заминеш физички од овој свет, а вториот пат, тогаш кога ќе умреш и во приказните на луѓето. Тогаш умираш засекогаш. Затоа дечки, направете нешто по што ќе ве паметат. И ќе ве зборат. Макар и за добро. "

Иги брат, зарем тебе ќе те заборавиме бе? Не те замислував баш дека цел живот ќе урлаш по глупи квизови, ама ти најдобро знаеш што значи иронијата на животот.

Развали!
 
Кои серии ги синхронизирал жити се?
Игор Џамбазов-Али Риза, Тони Михајловски -синот на Али Риза Кога лисјата ќе паднат А1 Телевизија пред самиото затварање на истата телевизија
 
Искрено Џамбазов и не ми е некој идол, но мислам дека ќе му прогледам низ прсти и ќе очекувам нешто подобро од него. Има одличен концепт и секако „муши“ со тоа шо терминот го „усогласил“ со турско-индискиве серии. Плус тоа ми се свиѓа шо ќе оди во етер на мтв, телевизија шо почна да ме изненадува и тоа позитивно
 
20120914-igor-dzambazov1.jpg

Игор Џамбазов со свое шоу на Македонската радио телевизија. Шоуто ќе се вика ЏИШ (Џамбазов Игор шоу), а актерот и водител на шала вели дека тоа значи дека „Леси се враќа дома“.
Во интервју за минатонеделниот број на Република, Џамбазов ги открива деталите за шоуто.

- ЏИШ не е класично шоу со гости. ЏИШ всушност, не е ни шоу со гости. ЏИШ е телевизиско шоу слично на „Седуммина млади“, најгледаното ТВ шоу. Има малку од „Седуммина млади“, малку од „Бени Хил“, малку од „Мистер Бин“...Однапред смислени точки кои се монтираат со метрика, динамика, не траат многу, не го заморуваат гледачот и ќе бидат духовити. Ќе има музички точки, скечови, римејк на познати филмски сцени. Познати личности од Македонија ќе глумат со мене. Најважниот, односно најсериозниот дел од ЏИШ е антологијата на македонската поезија, вели Џамбазов.

За Република тој открива дека во шоуто ќе се појавуваат ликовите Александар Антички, Кирил Македонски и Дејан Европски.

ЏИШ ќе се спротивстави на турските серии. Иако го советувале неговото шоу да не се емитува во терминот со турски и индиски серии, Џамбазов одлучил да го направи токму тоа.
Извор: Курир

Посебно последниот дел многу ми се допаѓа/. Иначе на која ТВ ќе иде шоуто се знае?
 
Посебно последниот дел многу ми се допаѓа/. Иначе на која ТВ ќе иде шоуто се знае?
Тебе посебно ти се допаѓа последниот дел,ама изгледа само тој си го прочитал,а првата реченица си ја скокнал.:confused:


"Игор Џамбазов со свое шоу на Македонската радио телевизија."


Sent from my HTC Hero using Tapatalk 2
 
Браво за Игор, секоја чест!!! Мислам дека ќе биде гледано ова шоу бидејќи нема кој некој кој не го сака Игор.. од најмало до најстаро.. сите го сакаат.
Искрено се надевам дека ќе биде гледано не само шоуто туку и МТВ воошто.
Ако не биде така(извинете на изразот :icon_lol:) да му се :гомце: на народот
 
Супер, ма какви клети турци бе и онака ги гледам кога морам ради мајка ми, јас ке си гледам ЏИШ на МТВ1 (пензионерската телевизија), па ако треба и со папучи ке се гаѓаме по дома.
 
Се надевам, дека после ова шоу нема да се пропие/прокоцка пак....и пак да извади нова книга.
 
Мислам дека нема да успее во намерата да ги пренасочи луѓето од турските серии. Имам примери дома кои ме прават песимист по ова прашање. Сепак, нека му е со среќа и нека не ја зезнува работата за коцка!
 
Топ, нешто асално да има на ТВ во општество како од турска серија (y)
 
Ајдееее,на шоуменот му притребале пари па сега ќе се мота по телевизиите.Ќе ни закачи две три стари фори,кој ги видел ќе се сети,а другите ќе се крстат во генијалноста на Игорче.
Испукан куршум.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom