Игор Џамбазов со ново шоу „ЏИШ“

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување
ПА то легендо наша и ова е за почитување и ти давам рака царе (y)

ЏИШ ќе се спротивстави на турските серии. Иако го советувале неговото шоу да не се емитува во терминот со турски и индиски серии, Џамбазов одлучил да го направи токму тоа.
Извор: Курир
 
Нема Игор сихронизирано турски серии.

Како бе нема па тој беше Али Риза во времето на А1...
Инаку за пофалба... Навистина недостига нешто Асално на тој телевизорот. Освен Турски и Индиски серии, на овие нашиве нема ништо. Недостига едно такво Шоу во стилот на Слави...
 
Па мислам таа креативност мора некаде да излезе :)
Едвај чекам да гледам :)
 
Да се врати и Тркало на среќата тоа беше одлично шоу со Игор , секој ден го гледав :)
 
Заклучок, се што не е серија од турско, индиско, бугарско, шпанско, латинско(и останато срање), е добредојдено.
 
Oва е стара замисла и желба на Игор, уште пред десеттина години имаше интервју со него и кажа баш за ЏИШ (Џамбазов Игор Шоу) само тогаш немаше финансии и студио за него, еве конечно нека покаже што умее.
 
Чим е негова организација очекувам да биде гледано популарно и да биди добро шоу. Веќе преку глава од дебилните емисии, рано ден, ток шоу, и останати каде само се носи некој гостин, 50 досадни прашања...
Едно време се појави и “опуштено“ со Тони михајловски во поинаков концепт на шоу, само изгледа од немање доволна смисла за хумор на поголем дел не им се допаѓаше шоуто па и прекина да се емитува после некое време.Игор е еден од вредните на македонската сцена, секој има падови и успеси, али заклучокот е дека типот стварно вреди.

Убаво, му посакувам успех, ама мислам дека ќе доживее неуспех како за „римејкот“ на бингото... :unsure:

Бингото не беше негова реализација, само го водеше.Почна прво со сашко коцев, па не идеше, па после го ставија игор али со туѓо сценарио. Кога беше старото СУПЕР БИНГО му беше понудено на Игор да направи ШОУ во кое покрај тоа ќе има и бинго. Затоа и беше успешно, сите со ливчињата седеа пред тв, и без прекин гледаа саат и пол на телевизорот.
 
Не, се што е Македонско е добредојдено :D
боки 13, вучич, жаре сељак, александар блажевски, лила.
Дотичнава екипа не е дефинитивно добредојдена :)
 
Добра идеја..Ќе видиме шо ќе искочи..Ама не галамете многу,за после ако не чини да не галамите уште појше..
 
боки 13, вучич, жаре сељак, александар блажевски, лила.
Дотичнава екипа не е дефинитивно добредојдена :)
ме сече ти сеа :D
од шо изненеадува мтв ги заборајв тие срања :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom